Костдиновска-Стојчевска во Брисел: Младите во фокусот на ширење на културата преку ЕУ проекти - Канал 5

Костдиновска-Стојчевска во Брисел: Младите во фокусот на ширење на културата преку ЕУ проекти

„Задоволни сме од резултатите постигнати со спроведувањето на претходниот циклус на Програмата „Креативна Европа"“.

Костдиновска-Стојчевска во Брисел: Младите во фокусот на ширење на културата преку ЕУ проекти

Младите таленти ќе ја промовираат културата и ќе го негуваат културното наследство преку добрата практика на транснационалната културна соработка меѓу Република Македонија и Европската комисија, се согласија министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска и генералната директорка за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, Темис Кристофиду, кои се сретнаа во Брисел, Белгија.

Соработката ќе продолжи и во рамките на Програмата „Креативна Европа", активностите во Агендата за Западен Балкан и Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија каде што Република Македонија има голем број искуства на квалитетни проекти, особено во програмите за прекугранична соработка.

- Задоволни сме од резултатите постигнати со спроведувањето на претходниот циклус на Програмата „Креативна Европа" преку што Министерството за култура дава поддршка на современите предизвици со кои се соочуваат културните и креативните сектори. Имаме реализирано национално учество за последните две години од страна на Министерството за култура и Агенцијата за филм за потпрограмите Култура и МЕДИА во износ од 313.000 евра, а ко-финансирани од наша страна како министерство за 2021 и 2022 година се 20 проекти во висина од 166.683 евра. Оваа година ќе се отворат и две нови програми од страна на ЕУ, за кои како земја може да аплицираме, едната програма е за индивидуалци или група на млади таленти во културата и другата програма е наменета за граѓанските организации кои се активни и сакаат да дадат придонес во културата, истакна министерката.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека нашата држава активно учествува во новата програма 2021 – 2027 и изрази уверување дека Македонија останува партнер на Европската комисија не само во посветеноста за техничка помош кон олеснување на пристапот кон програмата, туку и со значителна финансиска поддршка на македонските корисници преку механизмот за кофинансирање на Министерството за култура и Агенцијата за филм.

На средбата беа разгледани и резултатите од иницијативите и активностите во рамките на остварувањето на Агендата за Западен Балкан на ЕУ – Култура.

- Oсобено радува фактот што на претстојниот министерски состанок во Тирана, закажан за 27 и 28 јуни, за прв пат ќе се воспостави платформата за култура во рамките на оваа агенда. Токму преку оваа платформа која е со цел обединети во различноста ќе произлезат конкретни регионални проекти кои ќе придонесат кон подобрување на социо-економскиот и културниот развој и препознатливост на самиот регион во рамките на европското семејство, рече министерката за култура.

Тие исто така разговараа и за Инструментот за претпристапна помош на ЕУ, каде што има одличен интензитет на зближување на професионалците, културните работници и општините, благодарение на нивното заедничко дејствување под покровителство на Европската Унија.

Министерство за култура

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

[🏁] Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

По најавата за вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, продолжуваме со реализација на Картинг центарот, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. Центарот ќе се простира на 2.700 м², со современа картинг патека и придружни објекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари.

Нова содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и дополнување на туристичката понуда на Кавадарци, стои во објавата на Фејсбук на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании.

Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра.

Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Светската ѕвезда, актерката и пејачка Џенифер Лопез немаше проблем и на 57 годишна возраст да се соблече во секси ретро бикини.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Погледнете го изгледот на Џеј Ло што го освои интернетот.

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание кај своите следбеници, овојпат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и ја покажа својата завидна фигура.

Латино дивата, која во јули го прослави својот 57-ти роденден, на фотографиите блесна во стилот на стариот Холивуд. Таа позираше во бикини во нијанса на скршено бело, кое го искомбинира со чевли со украсни детали и чипкаста марама на главата.

Посебен акцент стави на својот затегнат стомак, а целиот изглед го заокружи со тркалезни очила за сонце и елегантна бела чанта со четвртаст облик.

Лопез објави и полароид-фотографија на која позира во бел фустан со длабоко деколте и заводливи шлицови, што дополнително ја истакна нејзината фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер