ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
Бесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
2Бесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
1Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
КошаркаКостас Адетокумбо е нов кошаркар на ПанатинаикосНајмладиот од браќата Адетокумбо, Костас е нов кошаркар на Панатинаикос, објави клубот на својот Твитер профил.Младиот кошаркар не беше долго без клуб бидејќи неодамна го раскина договорот со Фенербахче. Грчкиот великан Панатинаикос оваа сезона има план да изгради многу посилен тим од минатата сезона. Поранешниот европски шампион веќе направи промена на тренерската позиција. Но предводник на зелените од Атина е турскиот тренер Ергин Атаман, а сега пристигна и најмладиот од браќата Адетокумбо. Панатинаикос имаше многу лоша сезона. Евролигата ја завршија на дното на табелата, додека во финалето на грчката лига беа поразени од Олимпијакос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиВидео: Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди - но, рекордот не важиМарсел Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди-Погледнете ја неверојатната трка – еве зошто рекордот не важи.Марсел Џејкобс ја истрча трката на својот живот и го постигна најдоброто време во кариерата, но потоа му соопштија дека неговиот рекорд нема да биде валиден. Италијанскиот атлетичар Марсел Џејкобс триумфираше во трката на 100 метри, одржана во средата во рамките на турнирот „Austrian Open“ во Ајзенштат, со неверојатно време – 9,67 секунди! Тоа е третото најдобро време во историјата и само Јусеин Болт трчал побрзо од Италијанецот, но рекордот на Џејкобс нема да биде официјално признаен. Причината е силниот ветер во грб (+4,1 м/с), кој значително ја надминува дозволената граница, поради што резултатот на Џејкобс нема да се смета за официјален рекорд. Слична беше ситуацијата и со резултатот на Болт од 9,63 секунди, иако знаеме дека тој и без помош на ветерот истрчал 9,58 секунди, што и понатаму важи како рекорд. Марсел Џејкобс, олимпискиот шампион од Токио, немаше најчист старт и накратко се најде зад Британецот Ромел Глејв и светскиот рекордер на 400 метри, Вејд ван Никерк. Но, штом фати полн чекор, Италијанецот силно забрза, се издвои од конкуренцијата и на крајот победи со предност од околу еден метар. Патем, тие постигнаа и одлични времиња. 9.67 FOR 100 METERS‼️ 2020 Olympic champion Lamont Marcell Jacobs 🇮🇹 FLEW to a 9.67s (+4.1 m/s wind) for 100 meters the Raiffeisen Austrian Open. 🌬️ That’s No. 2 all-time under all conditions. pic.twitter.com/xAEWytC3Q5 — CITIUS MAG (@CitiusMag) July 1, 2026 Ромел Глејв ги истрча 100-те метри за 9,76 секунди, а Вејд ван Никерк за 9,83.Тагови: атлетика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Шоу бизЅвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест. Ѕвездата на филмот „Смртоносно оружје“, Дени Гловер (79), му откри на Лестер Холт дека пред неколку години му била дијагностицирана оваа прогресивна невродегенеративна болест. Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју за емисијата „TODAY“ откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест. Гловер, и неговото семејство разговараа со поранешниот водител на „NBC Nightly News“, Лестер Холт, во интервју кое се емитуваше на 1 јули. Тие дадоа увид во тоа како изгледа животот на четирикратниот добитник на наградата „Еми“ денес и зошто решил јавно да ја сподели својата дијагноза токму сега. „Сигурен сум дека работите ќе се променат како што напредува болеста“, рече Гловер. Сепак, со силна поддршка од семејството, тој чувствува дека има сила да се соочи со ова неизлечиво мозочно нарушување. „Апсолутно“, рече тој. „Тие ме поддржуваат“. Гловер е еден од повеќе од 7 милиони Американци постари од 65 години кои живеат со Алцхајмерова болест – прогресивна и смртоносна невродегенеративна болест што им ги одзема спомените на луѓето. Според Здружението за Алцхајмерова болест, кај Афроамериканците постои двојно поголема веројатност да развијат Алцхајмерова болест или некоја друга форма на деменција во споредба со белците, пишува „TODAY“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Вергара со „жежок“ дрес на Колумбија Една од најплатените телевизиска актерки, холивудската ѕвезда Софија Вергара (53) повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми.Една од најплатените телевизиска актерки, холивудската ѕвезда Софија Вергара (53) повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми, откако на социјалните мрежи даде силна поддршка за својата родна Колумбија за време на Светското првенство. Атрактивната актерка е позната како голем навивач на „Лос Кафетерос“ и како таква не ги пропушта настапите на националниот тим на својата земја на Светското првенство. Пред еден од натпреварите на Колумбија на Мундијалот, Вергара упати порака за поддршка до колумбиските фудбалери преку социјалните мрежи, објавувајќи на Инстаграм фотографија во карактеристичниот жолт дрес на својата репрезентација со пораката: „Колку е возбудливо ова!!!! Подготвена за вечерва!!!!“Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54