Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
1Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
МакедонијаКостадиновски за Канал 5: Индициите укажуваат дека Самоил е киднапиран, а не исчезнатПопладнево емотивно сведоштво за Канал 5 од семејството на исчезнатиот Костадиновски, по кого се трага 10 дена.Сања Трајковска Ставров е во населба Лисиче. Што велат од семејството на Костадиновски, што се крие зад неговото исчезнување? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија нападна товарен брод во Црното Море, загинаа десет члена на екипажот Најмалку десет члена на екипажот загинаа, осум беа спасени, а по петмина сè уште се трага откако руските сили денеска погодија меѓународен товарен брод во Црното Море во близина на украинското пристаниште Одеса.Бродот што пловел под знамето на Гвинеја-Бисао го напушти пристаништето натоварен со пченка и превезувал 17 морнари од Индија и Сирија и еден украински државјанин, изјави украинскиот премиер Сергеј Коретски. Москва сè уште не го коментирала нападот. „Бродот е цивилен, екипажот е меѓународен“ Русија ги засили нападите врз главните украински пристаништа на југот од земјата во последните недели, преку кои се извезува голем дел од житото и друг важен товар на земјата. „Ова е цивилен брод, меѓународен екипаж и рута важна за глобалната безбедност на храната. Путин повторно избра цел“, напиша украинскиот вршител на должноста министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалната мрежа X. While the world is still responding to Russia's brutal overnight attack on Kyiv, Moscow continues its campaign of terror throughout the day. Russia has now struck a civilian vessel navigating Ukraine's maritime corridor. The crew included citizens of Syria and India. A Ukrainian… pic.twitter.com/pbzuRtI2yI — Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 19, 2026 Еден ден претходно, едно лице беше убиено во руски напад врз пристанишната инфраструктура во Одеса, погодувајќи брод што пловел под знамето на Антигва и Барбуда. Во петокот, три лица беа убиени во руски напади врз Одеса и Николаев.Тагови: брод Црното Море Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема резултати за водата во Гостивар- Клековски нема дозвола од Обвинителството, од таму молк 13:29Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
МакедонијаУапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници Повеќе медиуми јавуваат дека полицијата денеска ја уапсила директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар.Според информациите, заедно со директорката уапсени се и две лица, нејзини соработници во „Комуналец“. Претходно, директорката беше суспендирана од страна на градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани. Инаку, Асани, откако избувна епидемијата, тврдеше дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негираше информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот. Асани велеше дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“ и според неа причина за заболувањата на над 1.200 граѓани била храната што ја јаделе или високите температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноОва не е Меланија- се шири неверојатна теорија по финалето на СПФиналето на Светското првенство, кое заврши без голови во регуларното време, го привлече вниманието на дел од публиката поради настаните надвор од теренот.Многу гледачи ја забележаа Меланија Трамп, а некои корисници на социјалните мрежи забележаа нешто необично, што ги разгоре старите теории на заговор. Првата дама го следеше натпреварот во кој Шпанија ја победи Аргентина со 1:0 и ја освои титулата. Победничкиот гол беше постигнат во продолжението, а претседателот Доналд Трамп излезе на теренот за да ги додели медалите, поздравен со исвиркувања од трибините. Меланија не му се придружи на церемонијата, но камерите ја фатија неколку пати во приватната ложа. Нејзините големи очила за сонце го привлекоа вниманието на многумина. „Тоа е лажна Меланија“ Иако постои едноставно објаснување за очилата, како светлото сонце на стадионот во Њујорк, корисниците на X Network понудија различни толкувања. „Тие очила... ова може да биде двојничката на Меланија“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Тоа е лажна Меланија, има огромни очила“. Се појавија повеќе коментари со прашања како: „Дали некој е сигурен дека не е лажна Меланија зад тие 3Д очила?“ Некои се фокусираа на модата и прашаа од каде првата дама го добила тој додаток. И покрај сè, постојат бројни фотографии од финалето каде што Меланија Трамп не носи очила. Враќањето на старата теорија на заговор Ова не е прв пат да се појават вакви шпекулации. Станува збор за стара теорија на заговор позната како „двојна теорија“, која датира од почетокот на првиот мандат на Трамп. Според таа теорија, двојникот би ги извршувал должностите на прва дама наместо Меланија. Теоријата доби на интензитет во 2017 година, кога Меланија и Доналд Трамп посетија центар за обука на Тајната служба во Мериленд. Потоа Трамп даде необична изјава за новинарите: „Мојата сопруга Меланија, која е токму тука“. Некои во тоа време тврдеа дека претседателот се обидувал да ги убеди медиумите дека неговата сопруга е навистина со него. Меланија тогаш носеше и очила за сонце, што дополнително ја поттикна теоријата. Подоцна ги извади, исто како на финалето на Светското првенство, па беше јасно дека станува збор за 56-годишната прва дама. Слични приказни се појавија повеќе пати секогаш кога носеше очила, но тие никогаш не беа докажани.Тагови: Меланија Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема резултати за водата во Гостивар- Клековски нема дозвола од Обвинителството, од таму молк 13:29Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53