Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
2Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
МакедонијаКостадиновски: Вистинска независност на Уставниот суд бара уставен законУставниот суд, во соработка со Делегацијата на Европската Унија преку проектот ИПА 3 и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше тркалезна маса на тема „Идентификација на клучните елементи за Нацрт-закон за Уставниот суд“. Целта на настанот беше да се иницира подлабока стручна расправа за потребата од нов закон со кој ќе се уреди статусот, надлежностите и изборот на уставните судии, како и да се зајакне самостојноста и независноста на Судот. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски ја истакна неопходноста од донесување уставен закон или закон со 2/3 мнозинство, по примерот на хрватскиот модел, како гаранција за транспарентност и доверба во институцијата. Тој нагласи дека вистинската независност не доаѓа само преку норми, туку и преку уставната култура. -Јас на оваа тема јавно се имам изјаснето, и мојот став е јасен- да, потребен е закон за Уставниот суд, но не било каков. Само со уставна интервенција и донесување 2/3 закон или уставен закон по примерот на хрватскиот модел може вистински да се обезбеди неговата независност и самостојност. Таквиот закон ќе овозможи транспарентност во работата на Судот, граѓаните ќе знаат кои се нивните уставни судии и како одлучуваат, а довербата во институцијата ќе се зајакне. Во тој контекст, ја истакнав потребата од поширока и посеопфатна дебата за исклучително значајните прашања поврзани со уредувањето на работата, статусот и изборот на судиите. Вистинската гаранција за независен Уставен суд, сепак, не лежи само во пишаните норми, туку во уставната и правната култура на едно општество, истакна Костадиновски. Своите експертски мислења ги споделија и судиите Осман Кадриу, Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои се заложија за уставни измени, воведување на уставна тужба, нови надлежности и прецизирање на критериумот „истакнат правник“. Судијата Кадриу се осврна на потребата од уставни измени и пошироко законско уредување на прашањата што се однесуваат на Уставниот суд. Тој посочи дека постојниот уставен текст е ограничен и недоволно прецизен за опфатеноста на материјата со која Судот се занимава. -Има две посериозни правни празнини кога зборуваме за уредување на легислативата за Уставниот суд. Прво, самиот Устав определува дека постапките ќе бидат разработени во Актот. Но прашањето е, дали Уставот треба да се отвори и пошироко, бидејќи тој содржи површни и недоречени одредби за Судот. Невозможно е во шест члена да биде опфатена целата проблематика на Уставниот суд. Мора да се прецизира делот со оценувањето на уставноста, да се утврди што значи „истакнат правник“, и да се разгледа воведување на уставна тужба со проширување на заштитата на човековите права, нагласи Кадриу. Според судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева Уставниот суд мора да има цврста уставна основа. Таа го посочи примерот на Германија како инспиративен модел: во декември 2024 година, германскиот Бундестаг усвои историски уставни измени кои значително ја зајакнаа независноста на Федералниот уставен суд (Bundesverfassungsgericht), кој постои повеќе од 70 години, се смета за најмоќен уставен суд во Европа и ужива висок углед како автономен и непристрасен орган. Реформата доби широка политичка поддршка — од владејачките партии SPD, Зелените и FDP, како и од опозицијата CDU/CSU — демонстрирајќи консензус, демократска зрелост и посветеност кон заштита на независноста на судството. -Oвој пример јасно покажува дека заштитата на независноста и стабилноста на уставниот суд е натпартиско прашање од суштинско значење за владеењето на правото. Уставните судови мора да останат автономни и отпорни на дневнополитички влијанија, како столб на владеењето на правото — поука која е значајна и за јакнење на Уставниот суд во Република Македонија. Потребни се реформи, особено да се постави цврст основ во Уставот, по што да се разработат клучни прашања во Закон. Можеби треба да се размисли за воведување на нови надлежности, како превентивна контрола на уставноста (ex ante), која му овозможува на судот да интервенира пред донесување на закон, со што Собранието би го консултирало Судот пред донесување на закони. Судијката потсети и на предлозите од првата тркалезна маса за проширување на надлежностите на Уставниот суд на РМ, вклучувајќи надзор врз меѓународните договори пред нивната ратификација и финален збор во врска со референдумите и изборите, кажа Бозаџиева. Судијата Фатмир Скендер се задржа на прашањата поврзани со надлежностите и меѓусебниот однос на актите на Судот со другите закони. Тој потенцира дека е важно да се воспостави јасна правна хиерархија и да се избегнат ситуации на преклопување или контрадикторност во законската регулатива. -По мое мислење потребно е да се направи јасна дистинкција во одредбите на Уставот кои се однесуваат на надлежностите и функционирањето на Уставниот суд. Точно треба да се знае што треба да содржи Уставот односно кои прашања ќе бидат регулирани со одредбите на Уставот, а кои со уставниот закон и Aктот на судот. Во Уставот треба да се предвиди и надлежност на Уставниот суд да може да решава судир на закони и подзаконски прописи по хоризонтала. Ова од причина што во правниот промет има два, а можеби и повеќе прописи кои на различен начин го уредуваат едно исто прашање. Со тоа се повредува начелото на правна сигурност на граѓаните кое е непосредно поврзано со уставното начело за владеењето на правото содржано во член 8 алинеа 3 од Уставот на РМ. На овој начин ќе се воспостави хиерархиска и вертикална подреденост помеѓу Уставот, Уставниот закон и Актот на судот, истакна Скендер. На тркалезната маса свои мислења изнесоа и претставници од академската заедница и експерти ангажирани преку проектот ИПА 3. Проф. д-р Јетон Шасивари, од Универзитетот на Југоисточна Европа, нагласи дека квалитетната нормативна рамка е неопходна, но сама по себе не е доволна доколку не се спроведува во пракса од страна на институциите. -И најквалитетната нормативна рамка за Уставниот суд сама по себе не е одлучувачки фактор бидејќи во секој случај главната задача во остварувањето на уставната контрола е сепак во рацете на Уставниот суд а не на законодавецот. Што се однесува до уставниот стандард: истакнат правник, политичкото толкување на овој израз значи политичка квалификација која лесно може да се трансформира во реалноста во политички подобен правник и е ирелевантно за правното толкување. Во уставно-правната теорија, правното толкување нема изградено единствен став за совршениот модел на истакнат правник бидејќи се работи за неодреден поим кој и не може да се дефинира со одредба туку може само да се објективизира со одредени фактички услови, рече Шасивари. На настанот беше презентирана Анализа на потребата од донесување Закон за Уставниот суд, подготвена од сениор експертот ангажиран преку проектот на ЕУ, Мартин Сопронов. Според наодите во Анализата, посебен Закон за Уставниот суд ќе ја засили јасноста, кохерентноста, легитимитетот и отчетноста на Судот. Дополнително донесувањето на Закон за Уставниот суд оди во линија на усогласување со европските практики и примери и имплементирање на препораките на Венецијанската комисија, без да се наруши автономијата на Судот во делот на автономното регулирање на постапките и начинот на работа. При евентуално донесување на посебен закон за Уставниот суд треба да бидат земени предвид: институционалниот статус и гаранциите, изборот и независноста на судиите, како и нивните примања, основните услови за поведување постапки, правните дејства на одлуките, финансиска и административна независност како еден вид на гаранции против политичките влијанија, се наведува во Анализата за идентификација на клучните елементи на Закон за Уставен суд. Тагови: Костадиновски Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook