Костадиновски: Уставниот суд е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите - Канал 5

Костадиновски: Уставниот суд е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите

Уставниот суд, согласно со Уставот и Актот на Судот, е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите.

Костадиновски: Уставниот суд е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите

Следствено на ова, Уставниот суд, од аспект на апстрактната контрола, е надлежен да ја цени уставноста и законитоста на позитивното право односно на општите прописи и општите акти што се дел од правниот поредок и нивната уставност и законитост во време на нивното важење, се вели во писмен допис на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, испратен како одговор на барањeто на независни кандидати од десет општини Судот да реагира на новиот Предлог-закон за измени на Изборниот законик.

-Неспорно е дека согласно со член 13 и 91 од Актот на Судот, Уставниот суд го следи остварувањето на уставноста, законитоста и слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот и по свое наоѓање, може да усвои посебен извештај во кој ќе укаже на потребата за преземање мерки за нивно остварување и заштита и ќе го достави до надлежниот орган односно врз основа нa претходно добиени податоци и известувања, Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот. Но, во однос на Вашето барање за усвојување на посебен извештај за Предлог за закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, Ве известувам дека Уставниот суд, извештај од аспект на член 13 од Актот на Судот, може да усвои исклучиво за закон кој е дел од првниот поредок, се вели во писмениот допис на Костадинов, информираат од Уставен суд.

Дописот, како што информираат од Уставен, е испратен до Независни советници од Независни за Карпош- За заштита на Карпош во Општина Карпош; Независни советници од Зелен Хуман Град во Град Скопје; Независни советници од Шанса за Центар во Општина Центар; Независни советници од Поинаку во Општина Битола; Независни советници од Стига Е во Општина Струмица; Независни советници од Стига Е во Општина Босиловo; Независни советници од Стига Е во Општина Ново Село; Независен Градоначалник на Општина Кочани; Поранешни независни советници од Подобро за Тетово во Општина Тетово и Граѓанска иницијатива Зелените од Гази Баба.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Полски и сојузнички воени авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Тревога беше огласена откако Русија почна воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.

Поголемиот дел од западна Украина беше во воздушна готовност речиси три часа по предупредувањата од украинските воздухопловни сили за напад со руски ракети и беспилотни летала.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Врховниот суд на САД го отвори патот за администрацијата на Доналд Трамп да спроведе масовни отпуштања во федералната администрација и значително да ги намали бројните владини агенции.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Одлуката произлегува од указ на Трамп од февруари, со кој се наложува на федералните агенции да се подготват за кадровски кратења. Според плановите, се предвидуваат отпуштања во министерствата за земјоделство, трговија, здравство и човечки ресурси, финансии, за прашања на ветераните, како и во повеќе од десет други агенции.

Во кратка, непотпишана одлука, Судот оцени дека администрацијата на Трамп „веројатно ќе успее“ да докаже дека мерките се во рамките на неговите законски овластувања.

Одлуката претставува нова победа за пошироките напори на Трамп да ја зацврсти контролата врз извршната власт. Врховниот суд веќе донесе неколку одлуки во негова корист, меѓу кои и оние поврзани со строги имиграциски мерки.

Со оваа одлука се укинува претходната забрана на федералната судијка од Сан Франциско, Сузан Илстон, која во мај привремено го блокираше процесот на отпуштања, оценувајќи дека Трамп ги пречекорил овластувањата без консултации со Конгресот.

Абот: Во поплавите во Тексас загинаа 109 луѓе, а најмалку 161 се водат како исчезнати

Гувернерот на Тексас, Грег Абот изјави дека во поплавите што ја погодија американската сојузна држава загинаа 109 луѓе, а 161 се водат како исчезнати.

Абот: Во поплавите во Тексас загинаа 109 луѓе, а најмалку 161 се водат како исчезнати

Тој додаде дека продолжуваат спасувачките операции по исчезнатите лица, чиј број е многу поголем од првично објавените процени. Голем број туристи не се пријавени во хотели туку кампуваат на брегот на реката Гвадалупе, која се излеа на 4 јули.

Абот најави и дека претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија в петок ќе ја посетата поплавената област.

притисни ентер