Костадиновски: Со Упатството за радиодифузерите е пресликана одредбата од Изборниот законик - Канал 5

Костадиновски: Со Упатството за радиодифузерите е пресликана одредбата од Изборниот законик

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски по завршување на 21.седницa денеска одржа прес-конференција. 

Костадиновски: Со Упатството за радиодифузерите е пресликана одредбата од Изборниот законик

Koстадиновски ги образложи причините за неповедување на постапка во предметот У.бр.70/2025, по поднесена иницијатива од страна на политичката партија „Левица”.

Ја пренесуваме целосната изјава на претседателот Костадиновски:

Судот одлучи да не поведе постапка, едногласна беше одлуката. Три околности беа релевантни за Уставниот суд да ја донесе оваа одлука. Подносителот на иницијативата на 29 септември 2025 година го оспори Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година. Околност што ја ценеше Судот, беше тајмингот за одлучувањето по овој предмет и трета околност беше уставно-судската практика.

Во поглед на Упатството, тоа во хиерархијата на правните прописи е подзаконски акт. Подзаконските акти се потчинети на повисоките акти, односно на законските одредби. Ова Упатство не е ништо друго освен пресликување на законската одредба. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги(АВМУ) доколку постапела како што предлага подносителот на иницијативата, односно минутажата да биде распределена на трите пратенички групи од власта и трите што се во опозиција, во тој случај Агенцијата би си ги пречекорила своите законски овластувања. АВМУ била должна да го донесе ова Упатство, тоа е втемелено на закон и во суштина само ја операционализира законската одредба од членот 75-ѓ од Изборниот законик. Тоа значи дека нема никаков проблем со законитоста ова Упатство. Уставноста на ова Упатство е сосема друго прашање и тука се земаат предвид другите две околности. Првото е уставно-судската пракса. Овој суд во 2022 година, постапувајќи по иницијатива ја има ценето уставноста на членот 75-ѓ и одлучил да не поведе постапка. Сега повторно истиот подносител на иницијативата, кој е одличен правник но некогаш за жал го злоупотребува доброто познавање на правото за политички цели, повторно го оспорува членот 75-ѓ. Јас сум еден од судиите кои не мислел така како мнозинството во 2022 година и за тоа имам издвоено мислење и не можам да прејудицирам каква ќе биде одлуката на Судот кога ќе постапува по втората иницијатива за оценка на членот 75-ѓ од Изборниот законик, а секако би бил среќен доколку моето издвоено мислење стане мнозинско мислење. Третата околност е што одлуката за Упатството кое беше оспорено ја носиме на два дена пред изборниот молк и Судот ги зема сите можни последици од одлучувањето. За волја на вистината, подносителот на иницијативата како добар познавач на правото имал четири години можност да иницира законодавна акција, тој е и пратеник, да предложи измени и дополнувања на ИЗ, да предложи како ќе се надополнува минутажата одредена со законот.

Сакам еден апел да упатам преку вас медиумите, бидејќи станува збор за подносител на иницијатива, пратеник, професор, сметам дека треба да покаже малку поголема и политичка и правна и академска култура. Тој често користи несоодветен и некоректен речник, квалификувајќи ги постапките на Уставниот суд. Некогаш кога е задоволен од одлуките е во ред, некогаш не е во ред, меѓутоа кога станува збор за професор, претеник треба да покаже едно повисоко ниво на една правна, политичка па и академска култура.

Она што можам да кажам е моето лично мислење, а тоа е дека изборното решение е проблематично и за тоа имам напишано издвоено мислење на околу 15- тина страници, тоа е и веќе објавено во Службен весник, и тоа не само во делот кои се критериумите за распределба туку и самата суштина, дали постои легитимна цел со буџетски пари да се финансира политичка кампања? Но тоа се прашања на кои во наредниот период Судот ќе мора повторно да се произнесе.

Што значи критериумот „резултат од претходните избори”? Што значи во период од 4 години може да се појават нови политички субјекти и некои да згаснат, а плурализмот налага фер и еднакви услови за сите. Со спортски термин да кажам, некои политички партии ја почнуваат утакмицата со 3-0 предност, а некои политички субјекти кои се создале во меѓувреме и уживаат поддршка кај граѓаните можеби не добиваат ништо. Тоа е едната страна и лично мое мислење како судија, мој личен став и така ве замолувам да пренесете. Јас мислам дека со народни пари премногу се плаќаат политичарите, им се плаќа политичката кампања со буџетски пари, со Законот за финансирање на политички партии откако ќе завршат изборите по број на освоени гласови повторно со буџетски пари се плаќа, тие што се власт, тие што се опозиција земаат плати трипати со буџетски пари и откако ќе заврши мандатот некои функционери имаат право на апанажа, тоа се четири пати. Јас од тој аспект како судија го имам проблематизирано прашањето дали постои легитимна цел, дали е оправдано, дали е нужно? , се наведеува во соопштението од Уставниопт суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

По прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело.

Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Најдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“.

41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија.

Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at.

Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон.

Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market).

Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана.

Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери.

Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“.

Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“.

За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци.

Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа.

За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Ново значително намалување на цените на горивата.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари...

Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар.

Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер