Костадиновски: „Безбеден град“ ни покажа дека нашиот менталитет може бргу да се приспособува на правила - Канал 5

Костадиновски: „Безбеден град“ ни покажа дека нашиот менталитет може бргу да се приспособува на правила

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите денеска информира дека за системот „Безбеден град“ формирани се четири предмети. 

Костадиновски: „Безбеден град“ ни покажа дека нашиот менталитет може бргу да се приспособува на правила

Нагласи дека овој проект покажал дека нашиот менталитет може многу бргу да се менува, односно да се приспособува на правила.

- Четири предмети се формирани. Точно е дека ќе се постапува бидејќи е новина во нашата држава. Бргу ќе се постапува по овие предмети. Не можам предвреме да давам своја анализа. Веќе еднаш го имам кажано мојот личен став. Дали овој проект има легитимна цел? Да. Дали општествено е оправдан? Да. Дали мерките што ги предвидува се пропорционални на целта што сака да се постигне? Мојот став е - да. Дури и го искористив како пример на прашање од ваш колега на една меѓународна конференција зашто сум толку упорен во развивањето на уставната култура и дали сум оптимист. Да, оптимист сум. Токму овој проект „Безбеден град“ на сите нас ни покажа дека нашиот менталитет може многу бргу да се смени, односно да се приспособува. А на што се приспособува? На правила. Не сме безнадежен случај. Не сме. Во нашата држава има вистинска и реална подготвеност од сите актери за почитување на владеењето на правото. Да, имаме добра перспектива и добра иднина. И оптимист сум - рече Костадиновски.

Во врска со предлогот за професорот Гоце Наумовски да биде нов уставен судија, а кој бил советник на премиерот, Костадиновски потенцира дека и тој бил советник на тројца претседатели.

- Во уставното судство има неколку типа на судии, кои имаа поинаков пристап во толкувањето на самиот Устав, оние што ги викаме рестриктивисти, кои директно се држат до словото на текстот на Уставот, текстуалисти - механички го толкуваат Уставот, но има и судии што го толкуваат во неговата најширока можна смисла и јас сум дел од тие судии. Кога доаѓаат луѓе од Академијата, како што е Факултетот, тоа за мене е добра вест за уставното судство. Во однос на тоа што бил советник на премиерот, јас бев советник на тројца македонски претседатели. Извршувањето на должноста е дел од карактерот и кредибилитетот на човекот. Дали бил советник на премиер или јас на тројца претседатели, нема никакво значење. Нашата работа се цени токму во ова сала. Јас повеќепати имам кажано и сите мои шест досегашни книги се посветени на лојалноста кон Уставот. Лојален сум му на Уставот и никому друг. И тоа го очекувам и од новиот колега доколку биде избран, и од другиот што треба да биде, и од досегашните судии - рече тој.

За предлогот на ДУИ да има Бадентер и во Уставниот суд, Костадиновски истакна дека Бадентеровиот принцип е многу значаен принцип, но за политички органи, какво што е Собранието, каде што се носат, изменуваат и дополнуваат законите.

- Јас веќе го имам кажано мојот став за оваа прашање. Бадентеровиот принцип е многу значаен принцип, но за политички органи, какви што е Собранието, каде што се носат законите, кадешто се изменуваат и дополнуваат законите. Уставниот суд не е политички орган. Доколку се примени Бадентер во Уставниот суд, тоа ќе значи дека не правни, туку друг тип на расудувања ќе одлучуваат за уставноста и законитоста и за слободите и правата на човекот и граѓаните. Такво нешто нема никаде во светот. И затоа бев малку поостар во смисла дека ако такво нешто се случи, подобро е оваа институција да стави клуч и нема потреба од нејзиното постоење ако нешто такво се предвиди тука. Значи, законите и нивната примена значат гаранции за слободите и правата на секој граѓанин, како и на немнозинските заедници. Тоа е смислата на Бадентеровиот принцип. Ако мене ме прашувате лично, јас сметам дека Бадентеровиот принцип нема место ниту во Судскиот совет затоа што други критериуми се. Кога имате Бадентеров принцип, нема правни аргументи. Друг тип на аргументи ќе пресудуваат за одлуките - истакна тој.

За Законот за употребата на јазиците, Костадиновски рече „уште е во сила заклучокот дека треба да има подготвителна седница за овој закон“.

- Очекувам многу бргу да се комплетира Уставниот суд и веднаш на првиот работен состанок ќе се отвори прашањето природно. Ние имаме заклучок дека подготвителна седница треба да се одржи. Тој не е сменет. И никој од судиите не побарал да се смени. Кај нас одлука носат пет гласа. Можеби некој судија ќе рече дека нема потреба за подготвителна, па тој предлог ќе оди на гласање. Сега во моментот сè уште е во сила заклучокот дека треба да се одржи подготвителна седница и треба да се одржи, ако јас се прашувам, бидејќи беше мој предлог. Зашто е добро? За таа подготвителна веќе имаме донесено став, ќе се снима во живо, секој граѓанин ќе може на својот телефон да види за што ние расправаме во суштина - рече претседателот на Уставниот суд.

Костадиновски нагласи дека на секое негово појавување апелира граѓаните да не наседнуваат на политички манипулации.

- Многу ми е битно граѓаните да слушнат за што всушност ние зборуваме, дека нашите одлуки не се страшила. Дали се случи нешто страшно со балансерот со нашата одлука? Сега ќе има законско решение. Пред тоа беше уредено со подзаконско решение. Уставна материја операционализирана со подзаконски решенија. Не постои такво нешто. Уставните определби се операционализираат со законски решенија, а законските со подзаконски. Верувам дека тој закон ќе биде подобар. Штом го поминал и филтерот на Венециската комисија, барем според јавно достапните информации. Треба да престанеме да глумиме владеење на правото и да глумиме правна држава. Или сме правна држава, или владее правото, или за 10 години ќе се чудиме повторно како се најдовме во ваква состојба - рече тој.

Во однос на барањето на албански студенти правосудниот испит да го полагаат на албански јазик, Костадиновски нагласи дека не сака да прејудицира нешто и ќе се воздржи од коментар на оваа тема кога има предмет за Законот за употреба на јазиците.

Според Костадиновски, линеарното зголемување на пензиите, начелото на јавност во судството, Законот за потрошувачите, нерезидентните, глобалниот данок... се дел од предметите што се од повисок општествен интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер