Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
КултураКостадиновска-Стојчевска за Скопје-европска престолнина на културатаИмаме потенцијал кој, убедена сум, нема да ја пропушти шансата да се покаже во своето најдобро издание.Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир, денеска на сцената „Школка“, во Градскиот парк на прес-конференција ги објаснија сите натамошни случувања и процедури поврзани со „Скопје – Европска престолнина на културата во 2028 година“. Костадиновска-Стојчевска истакна дека „Скопје – Европска престолнина на културата во 2028 година“ - звучи прекрасно, звучи надежно, но тоа обврзува и на многу, многу работа. „Оваа титула, која на нашиот главен град му ја доделија експертите од Европската комисија, не е награда. Таа е шанса, таа е можност и, како министерка за култура, убедена сум дека ќе дадеме сè од себе во 2028-ма да бидеме горди на Скопје и Скопје на нас. На оваа титула гледам и како предизвик да се обединиме во идејата и да им овозможиме на Скопје и на неговите жители, но и на сите македонски граѓани, да се чувствуваат европски“, рече Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција во Градскиот парк. Таа потсети дека, препознавајќи ја вредноста, но и тежината на титулата „Европска престолнина на културата“, Владата, преку Министерството за култура, се обврза на безрезервна поддршка, и финансиска и кадровска и инфраструктурна, во служба на „Скопје 2028“. Како што нагласи Костадиновска-Стојчевска, ова е проект во којшто ќе се вложува со години, а тоа беше многу важен аспект за Скопје да ја добие титулата „Европска престолнина на културата“. „Придобивките се огромни, можностите се неисцрпни. Ги повикувам на креативна мобилизација сите културни работници и уметници, независната културна сцена, младите автори, иновативните луѓе, креативните индустрии, невладиниот сектор, туристичките работници, занаетчиите, бизнис-заедницата, медиумите... Имаме потенцијал кој, убедена сум, нема да ја пропушти шансата да се покаже во своето најдобро издание. Ова треба да е наша заедничка инвестиција во една незаборавна година, година во која Скопје ќе биде достојна и впечатлива европска престолнина на културата“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска. Нагласувајќи дека изборот на Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“ е огромен успех за македонската култура и тест за нашиот однос кон неа, министерката за култура истакна дека европските експерти ја уважија нашата посветеност и подготвеност да одговориме на предизвиците кои со себе ги носи 2028-ма и како што рече, тоа мора и да го оправдаме. −„Во 2028 година Скопје нема да биде крстопат туку точка на средба на културите кои своето богатство, уникатност и различност ќе ги стават во функција на утврдување и засилување на европското чувство кај сите. Затоа треба да имаме на ум дека „Европска престолнина на културата“ е, пред сè, идеја, а потоа титула. Суштината на таа идеја сме ја разбрале ако и културата ја разбираме како „мотор“ на нашиот севкупен развој. „Горивото“ е во знаењето, во креативноста и во иновативноста −истакна Костадиновска-Стојчевска и додаде дека нè чека обемна работа во која мора да го вложиме сиот креативен и организациски потенцијал, а европските експерти будно ќе го следат секој наш чекор. Претходно, во рамки на настанот, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска присуствуваше и на работилницата за македонско народно творештво на Детскиот културен центар - „Карпош“ . На денешната прослава на тутулата „Скопје-евеопска престолнина на културата“ и на прес-конференцијата, која беше во организација на Градот Скопје, беше подготвена и забавна програма, музички настапи, интерактивни активности и гастрономски уживања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиенаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен. - До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија Расте бројот на заболени од канцер во Македонија. На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти. Од 200 до 300 нови пациенти има годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикиниСрпската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста. Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура. Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59