Костадиновска-Стојчевска во Рим на концерт на тенорот Благој Нацоски - Канал 5

Костадиновска-Стојчевска во Рим на концерт на тенорот Благој Нацоски

Костадиновска-Стојчевска во Рим на концерт на тенорот Благој Нацоски во чест на светите браќа Кирил и Методиј

Костадиновска-Стојчевска во Рим на концерт на тенорот Благој Нацоски

„За Кирил и Методиј е запишано дека биле векови пред своето време. Затоа и чествувањето на нивната мисија треба да биде достојно, достоинствено и далекугледо. Тие не создадоа писмо, азбука, збор за поделби. Тие се дадоа себе за да создадат универзално добро. Не случајно Ватикан ги прогласи за Патрони, Заштитници на Европа, а нивните дела за цивилизациска вредност“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на чествувањето на манифестацијата „Денот на свети Кирил“ во Рим, Италија, во чии рамки концерт одржа реномираниот тенор Благој Нацоски.

Пред концертот, кој се одржа во салата „Балдини“ во Рим, во своето кусо поздравно обраќање министерката за култура потенцираше дека е голема пораката на мудрите сесловенски просветители Кирил и Методиј во битката дека секој народ има право да пишува, да зборува и да му се моли на Бога на својот јазик.

„И денеска, кога и јас пред вас говорам на македонски, еден од јазиците кој ѝ припаѓа на словенската група јазици, има ли поголем повод и подобар миг да ги слушнеме зборовите на Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов... отпеани од нашиот најпознат тенор во светот, од нашиот амбасадор на културата во оваа прекрасна земја, нашиот Благој Нацоски“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Маестро Благој Нацоски настапи во пијано-придружба на Алесандро Д‘Агостини, а на програмата беа дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев... Беа изведени стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов.

Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија АЦДМАЕ.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска е член на државно-црковната делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, која денеска и утре престојува во Италијанската Република и во Ватикан по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј. Костадиновска-Стојчевска денеска беше и на аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост папата Франциск, а делегацијата положи и венец на спомен-плочата на македонски јазик. За утрешниот ден е предвидена посета на базиликата „Сан Клементе“, каде што ќе се одржи молебен во чест на св. Кирил, на кој ќе началствуваат митрополитите г. Пимен и г. Јосиф.

Со почит,

Министерство за култура

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Турски борбен авион Ф-16 денес се урна за време на тренинг-лет во северозападната турска провинција Јалова поради технички дефект.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Видео снимки покажуваат експлозија и црн чад како се издигнуваат од полето каде што падна авионот. пилотот се катапултираше и ја преживеа несреќата“, соопшти турското министерство за одбрана.

YouTube video

Оттаму додаваат дека причината за несреќата ќе биде утврдена по детална истрага.

Според првичните информации, пилотот се спасил со катапултирање со падобран, по што на местото биле испратени медицински и противпожарни екипи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка.

Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот.

Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители.

Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

По Охрид и Битола, караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, денеска пристигнува во Велес.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

Таму е Сања Трајковска Ставров.

Што се граѓаните ќе имаат можност да видат вечерва?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер