Костадиновска-Стојчевска во Ријад се сретна со Берта де Санкристобал од УНЕСКО - Канал 5

Костадиновска-Стојчевска во Ријад се сретна со Берта де Санкристобал од УНЕСКО

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на нејзината посета во Ријад, вчера оствари средба со шефот на Одделот за Европа и Северна Америка во Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Берта де Санкристобал.

Костадиновска-Стојчевска во Ријад се сретна со Берта де Санкристобал од УНЕСКО

Костадиновска-Стојчевска, како што информираат од Министерството за култура, истакна дека на средбата се дискутираше за понатамошните чекори кои ќе следат во однос на обврските кои ги имаат Република Македонија и Република Албанија, по уважување на позитивната одлука на Комитетот за Светско наследство, на 45-тата сесија во Ријад, дека Охридскиот регион останува на Листата на Светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност.

Таа додаде дека на средбата беше констатирано дека, за да се зачува престижниот статус, двете пријателски земји треба заеднички да се фокусираат во реализирање на препораките и обврските, бидејќи подеднакво ја споделуваат и одговорноста за Охридското Езеро. А воедно, споделувајќи ги и природните убавини на овој исклучително уникатен регион со богато културно и археолошко наследство.

Шефот на Одделот за Европа и Северна Америка во Центарот за Светско наследство на УНЕСКО, Берта де Санкристобал ја потенцираше како особено значајна претстојната Реактивна мониторинг мисија на Центарот за Светско наследство на УНЕСКО и на советодавните тела, која што треба да се случи на почетокот на наредната година. Мисијата ќе биде во однос на имплементирање на посочените препораки и мерки за рехабилитација на Регионот.

Присутните соговорници на работната средба взаемно се согласија дека, после доставувањето на заедничкиот извештај на почетокот на годинава, експертските тимови и понатаму ќе продолжат интензивно и координирано да работат и да делуваат во насока на детектирање и справување со факторите кои имаат негативно влијание врз природните особености и вредности кои го красат Регионот.

Од македонската делегација на работниот состанок учествуваа и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и директорот на Управата за заштита и културно наследство, Зоран Павлов, а меѓу присутните беа и Бесиана Кадаре, амбасадор, постојан делегат на Република Албанија во УНЕСКО и претставници од советодавните тела на УНЕСКО ИКОМОС и ИУЦН.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ!

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата.

Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри.

Засега нема информации за можни жртви или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер