КултураКостадиновска-Стојчевска во посета на Стоби: Археолозите откриваат нов мозаик Археолозите откриваат нов мозаик во најрепрезентативниот објект, Теодосијанската палата.Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше во посета на археолошкиот локалитет „Стоби“ каде што се запозна со најновите археолошки истражувања на Теодосијанската палата, која е една од најголемите и најлуксузно декорирани градби што се откриени во овој антички град. Од Националната установа Стоби ја информираа министерката за најновото археолошко откритие – нов мозаик – а, како што најавија археолозите, деталите за мозаикот, кој се наѕира во една од просториите и е поставен како централно правоаголно поле, ќе ги откријат деновиве. Археолозите информираат дека со сигурност се знае дека имаме ново откритие во репрезентативниот објект, кое, според првичните наоди, претставува нов, неоткриен бисер на античкиот град кој е културно наследство и локалитет од особено национално значење. – Ова откритие е резултат на заштитно-археолошките истражувања кои се во функција на конзервација на Теодосијанската палата, за чија конзервација Стоби, во соработка со Фондацијата „Балканско наследство“ од Бугарија, доби грант од прочуената амириканска филантропска организација „Каплан фонд“. Ова се резултати на еднодецениска соработка на Стоби со овие фондации – истакна Костадиновска-Стојчевска. Од НУ Стоби информираа дека во рамките на грантот од „Каплан фонд“ во вредност од 300 000 долари за конзервација на Теодосијанската палата во Стоби, годинава се изработуваше основен конзерваторски проект за архитектурата, како и основен конзерваторски проект за мозаичните подови на овој луксузно декориран резиденцијален објект. – Проектот претставува еден од првите чекори на имплементација на Мастер-планот за конзервација на Стоби, изработен во периодот меѓу 2019 и 2021, исто така, во соработка со „Балканско наследство“, поддржан од „Ј. М. Каплан фонд“ од САД. Проектот за Теодосијанската палата ќе ги следи насоките од Мастер-планот за конзервација на Стоби. Во него ќе бидат вклучени конзервација и реконзервација на архитектонските остатоци, во соработка со меѓународен тим од експерти предводени од Џон Стјуарт и Греам Абри од Велика Британија“ – рече Спасе Перовски, директор на НУ Стоби. Тој додаде дека меѓународните експерти, исто така, ќе бидат задолжени за едукација на експерти (конзерватори, археолози и менаџери на културно наследство) од Македонија и од регионот, а ќе биде издаден и прирачник којшто ќе вклучува препораки и насоки за понатамошно одржување на археолошкиот локалитет „Стоби“. Министерката за култура, заедно со директорот Перовски, на археолошкиот локалитет „Стоби“ се сретна и со студентите археолози, учесници на Меѓународната школа за археологија, кои годинава ни доаѓаат од Америка, Канада и од НР Кина. − Драгоцено е искуството што го развива Стоби во својата едукативна и теоретска меѓународна соработка преку оваа Школа, преку соработката со Фондацијата „Балканско наследство“. Стоби ја продолжува својата успешна приказна за пример кон современо менаџирање и управување со културното наследство, давајќи му живот на древниот град и во времето во кое живееме − рече Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека на овој начин се заштитува богатото универзално културно наследство, се афирмираат историјата и културата на нашата земја, се продолжуваат приказните од римскиот и од доцноантичкиот период, но се започнуваат и нови приказни, кои зборуваат за нас, сега и овде. – Преку овие пријателски фондации, експерти со светско реноме се вклучени во проучувањето и во натамошниот развој и афирмација на „Стоби“, а тоа го става овој локалитет на врвот на светски познатите археолошки мапи. Во „Стоби“ е живо и возбудливо како што е во лето на сите локалитети. Им честитам на нашите археолози за новото открие и им пожелувам успешна работа, размена на искуства и трајни пријателства на младите археолози кои ни доаѓаат од светот – рече Костадиновска-Стојчевска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаПациенти од онкологија ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапијаПациенти од Клиниката за онкологија и радиотерапија денеска ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија. Од Клиниката велат дека станува збор за краткотрајно доцнење и дека најголем дел од лековите веќе се испорачани. Неколку пациентки денеска симболично ќе излезат пред Министерството за повторно да предупредат на честите прекини во снабдувањето со потребните лекови. Од клиниката, пак, соопштија дека кај мал дел од препаратите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување било евидентирано „краткотрајно доцнење во испораката“, кое го поврзуваат со повеќе фактори – зголемена потрошувачка, поголем број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки и делумен недостиг кај дистрибутерите.Најголемиот дел од потребните препарати веќе се обезбедени и доставени на клиниката, додека преостанатите количини се очекува да бидат достапни во текот на оваа недела“, соопштија од установата.Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина6 август еден од најстрашнитеденови во историјата, фрлена атомска бомба на ХирошимаАмериканските бомбардери со месеци ги напаѓаа јапонските градови, но ништо не можеше да се спореди со бомбата фрлена врз градот Хирошима на 6 август 1945 година. Утрото на 6 август 1945 година во Хирошима започнува ведро и топло. Луѓето одат на работа, учениците се собираат за своите дневни обврски, продавниците се отвораат, а трамваите се движат низ градот. Војната трае речиси шест години, но Хирошима дотогаш е поштедена од масовните воздушни напади што веќе уништиле многу други јапонски градови. Во 8 часот и 15 минути, над градот се појавува бела светлина посилна од сè што човечкото око дотогаш го видело. Американскиот бомбардер Б-29 „Енола Геј“ ја фрла ураниумската атомска бомба со кодно име „Little Boy“. Четириесет и три секунди подоцна таа експлодира на височина од околу 600 метри над центарот на Хирошима. Американските бомбардери со месеци ги напаѓаа јапонските градови, но ништо не можеше да се спореди со бомбата фрлена врз градот Хирошима на 6 август 1945 година. Тој ден, светот се запозна со нуклеарното војување. Наредбата беше издадена од американскиот претседател Хари С. Труман откако доби вест дека првата нуклеарна бомба е успешно тестирана на локацијата „Тринити“. Соединетите Држави развиваа нуклеарна технологија уште од 1942 година, а многумина во военото раководство сакаа да видат што може да постигне такво оружје. Бомбата првично беше наменета за Хитлерова Германија, но војната во Европа заврши пред таа да може да биде тестирана. Сега, остануваше само Јапонија. Јапонската војска водеше крвава битка за секој остров, секоја база и секој километар. Сепак, до летото 1945 година, беше јасно дека тие ќе загубат. Постапувајќи според наредбите на Труман, американскиот бомбардер Б-29 наречен „Енола Геј“ (Enola Gay) на 6 август фрли нуклеарна бомба што содржеше 60 килограми ураниум, од височина од 9.400 метри. Таа го носеше името „Мало момче“ (Little Boy). Во првичните секунди загинаа меѓу 70.000 и 80.000 луѓе, а во месеците што следеа, бројот на жртвите се искачи на 140.000 поради последиците од зрачењето. Преживеаните се преселија во областите околу градот. Бомбата беше фрлена како демонстрација на сила и предупредување до Советскиот Сојуз – со кој САД влегуваа во нов конфликт – додека како оправдување беше наведена битката за Окинава, во која животот го загубија повеќе од 100.000 јапонски војници, околу 150.000 цивили и 12.000 американски војници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски:Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 августАнализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август. Ова во емисијата вести плус на Канал 5 го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира. За регистрираните случаи со западнонилска треска годинава тој посочи дека најмногу се од скопскиот регион и од Велес, посочувајќи дека околу живеалиштата на заболените се спроведени вонредни прскања против комарци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook