По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
2По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
КултураКостадиновска-Стојчевска во Музејот на современата уметност на изложбата „Дефрагментација“ Делата на уметниците од Чешка, Полска, Унгарија и Словачка се знак за трајно пријателство на 60-годишнината од Скопскиот земјотресВо Музејот на современата уметност – Скопје синоќа, во присуство на бројни гости и почитувачи на уметноста, свечено беше отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Изложбата, како што информираат денеска од Министерството за култура, е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност - Скопје. Со изложбата се одбележува и 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во поздравното обраќање истакна дека оваа изложба е доказ за едно долготрајно пријателство помеѓу нашата земја, и земјите од Вишеградската група. -Изминативе години поминавме низ многу транзиции и реформи на нашите општества, но во тие трансформации, земјите од Вишеградската група се цврста поддршка во создавањето и на современ и проевропски Западен Балкан, рече Костадиновска-Стојчевска и додаде дека соработката во културата е можеби и првата што го движи моторот на евроинтеграциските процеси напред. Костадиновска-Стојчевска посочи дека блискоста и разбирањето што Македонија ја има со земјите од Вишеградската група, за нас се драгоцени придобивки во процесите кои ги развиваме во иницијативите на Отворен Балкан, и на Западен Балкан. - Нашата иднина е во овој модел на заедништво и меѓусебна поддршка, додаде таа. Оваа изложба, нагласи министерката за култура, е потврда дека вредностите за кои денес зборуваме, се всушност поставени многу одамна. -Подигнување на духот на една земја и на разрушениот град преку подарување на уметнички дела претставува висок чин на хуманост. Делата на уметниците од Чешка, Полска, Унгарија и Словачка се дел од меморијата на Скопје и на изградбата и развојот на овој Музеј, рече Костадиновска-Стојчевска, која ја нагласи улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ, а уметничките дела од овие земји се речиси 10 проценти од солидарната колекција на МСУ. Министерката за култура истакна дека оваа изложба е чин на благодарност, но таа е и потсетување за важноста на пријателството и заедништвото помеѓу народите, особено во годината кога одбележуваме 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. На изложбата присуствуваа и амбасадорите на Словачка, Полска, Чешка и Унгарија, со чија финансиска поддршка се реализира ова комплексно ликовно претставување. Во МСУ изложени се 96 дела од 86 уметници, односно претставен е избор од слики, скулптури и графики, кои се создавани во периодот од 1905 до 1989 година. Овие дела претставуваат репрезентативен преглед на достигнувањата во уметноста на повеќе генерации уметници од земјите од Централна Европа. Куратори на изложбата, која ќе биде достапна до 15 септември годинава, се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветНова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнатиНенадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово, предизвика големи штети во непалскиот округ Горка. Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации. Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче. Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи. Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во КумановоТемелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава. СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПолската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар. „Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка. Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP). Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook