Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
1Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
КултураКостадиновска Стојчевска: Вкупната буџетска ставка за фолклорната дејност изнесува 46.8 мил.ден Вкупната буџетска ставка за 2023 година за фолклорната дејност изнесува 46.8 милиони денари.Вкупната буџетска ставка за 2023 година за фолклорната дејност изнесува 46.8 милиони денари, од кои само за поддршка на програма и други корисници се издвоени над 41.5 милиони денари. Ова го истакна денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска ја посетија општината Ѓорче Петров. - Работната посета во општина Ѓорче Петров ја започнавме од Центарот за култура каде остваривме средба со претставниците од едукативно фолкорно здружение „Седум осмини“ и Културно уметничкото друштво „Глигор Прличев“, кои се вистински пример како се чуваат културните вредности, традиција и народните обичаи, со пренесување на своето знаење на најмладите генерации, информираше министерката. Таа нагласи дека Министерството за култура секоја година ја зголемува поддршката за проекти од областа на фолклорот, проекти кои се национален и државен интерес. Министерката додаде дека износот за финансирање и поддршка на фолклорот во континуитет продолжува да биде значаен дел од поддршката на културата во целост и прават напори за негово зголемување. Костадиновска Стојчевска рече дека одобрените средства за проекти на конкурс за општини и локални установи, здруженија, културно уметнички друштва, ансамбли и физички лица изнесуваат 24.2 милиони денари, средства чии корисници се и едукативно фолкорно здружение „Седум осмини“ и Културно уметничкото друштво „Глигор Прличев“. - Инвестираме во културата и се грижиме за традицијата. Вложуваме во едукативно информирање на младите поколенија од областа на фолклорот и запознавање со богатото народно творештво кое го носиме. Тоа е најдобриот начин да продолжат да ги чуваат македонската традиција, корените, јазикот, културата. Остануваме заедно преку поддршка на проекти да ги поттикнуваме најмладите да станат дел култутрно-уметнички друштва и ансамли и кои ќе продолжат да ја негуваат македонската традиција дома, но и да ја афирмираат надвор од државата преку игри, песни и носии, подвлече министерката. Таа истакна дека воспоставувањето на ваквата силна врска со сопствената традиција, создава здрава основа за зачувување на македонскиот идентитет. - Затоа Министерството за култура продолжува и во иднина да помага за зачувување на културата и традицијата и посветено да работи за младите, да продолжат да ја пренесуваат културната традиција на следните генерации и да ја зачуваме атрактивноста и интересот за фолклорот, додаде таа. Костадиновска-Стојчевска: Процесот на кој се заснова титулата Европска престолнина на културата не е поврзан со реконструкцијата на Универзална сала Процесот на кој се заснова титулата Европска престолнина на културата, не е поврзан со реконструкцијата на Универзална сала, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Како што изјави денеска Костадиновска-Стојчевска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Ѓорче Петров, откако Скопје ја доби титулата, на властите им било кажано дека за шест месеци ќе дојде првата контрола од Европска комисија за да види што е сработено. Од тоа, потоа, ќе зависи дали градот ќе ја оправда титулата или не. Според министерката, Универзална сала се уште е во надлежност на Град Скопје. Одлуката со која до завршување на реконструкцијата Универзална сала треба да се пренесе во надлежност на Министерството за култура, се уште не е формално потпишана од градоначалничката Данела Арсовска, иако се прават максимални напори за забрзување на постапката. -Европска престолнина на културата е титула која културната сцена и културните работници во Северна Македонија и тоа како ја заслужија. Точно е дека носител е Универзална сала како национална установа, но процесот на кој се заснова Европска престолнина на културата, односно целиот тој проект не е поврзан со реализацијата, односно реконструкцијата на Универзална сала. Напротив, тој е поврзан со тоа како ќе работи сега тоа административно тело кое треба да се формира, односно треба носителот на проектот што е определен од Град Скопје да ги почне административните доекипирања на креативниот тим што треба да ја спроведе оваа апликација до крај, изјави Костадиновска-Стојчевска. Во контекст на тоа, посочи Костадиновска-Стојчевска, потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Министерство за култура и Град Скопје каде што, како што појасни, Министерство за култура ги понудило сите ресурси односно просторни и финансиски, настрана од гаранцијата дадена како поддржувачи во Европска престолнина на култура за 2028 година. -Понудивме креативниот тим да работи во простор што ние ќе го обезбедиме во една наша национална установа, обезбедивме средства за да го помогнеме финансиски тимот, бидејќи сметам дека тука треба да седнат на маса сите заедно и тимот што беше заедно со мене и со градоначалничката во Брисел, тимот што помогна во 2018 година да се поднесе апликацијата, треба да има минимум два надворешни експерта кои треба да се изберат на јавен оглас. Сето тоа е главна задача на носителот на проектот, односно Град Скопје и градската администрација, објасни министерката. Одлуката, нагласи министерката, се уште не е формално потпишана од градоначалничката Арсовска, што значи дека Универзална сала е се уште во надлежност на Град Скопје, иако е изгласан во Советот на Град Скопје пред околу 2,5 месеци. -Токму затоа што веќе поминаа 2,5 месеца, ние интензивно, неколку пати, со ургенции се упатувавме до Советот на Град Скопје, до претседателот на Советот на Град Скопје и до градската администрација и до самата градоначалничка, да ја забрзаат целата постапка, бидејќи понатаму следат уште неколку чекори што треба да ги направиме за да може правото на реконструкција да биде пренесено на Министерството за култура. Тоа не е се уште направено и покрај тоа што пред две недели на техничко ниво се одржа состанок на претставници од Министерство за култура и од Град Скопје каде што беше понуден вид договор што не е соодветен со Одлуката што ја донесе Советот на Град Скопје. Затоа, ние повторно нивниот договор го корегиравме во насока на почитување на Одлуката што ја донесоа советниците за да може да се пренесе правото за реконструкција на Министерство за култура до завршување на таа реконструкција и потоа повторно да биде вратена на Град Скопје, но се уште немаме никаков одговор и покрај тоа што редовно целата документација беше испратена и до Град Скопје, и до советниците и до претседателот, рече Костадиновска-Стојчевска. Како што потенцира, Министерството редовно се обраќа до сите во Градот. -Ова е процес во кој мораме сите заедно да учествуваме. Универзалната сала и нејзиното нефункционирање навистина многу долго време се чувствува по националните установи и во развојот на културната сцена, напомена министерката. Вчера и премиерот Димитар Коваќевски рече дека Владата се обидува да ја направи Универзална сала, но засега нема слух од Градот Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС. „Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “. You’ll want to hear this. For the drivers, with an all-motor heart born from racing. Ford Mustang Cobra, a Legacy Reborn. The story continues in 2027. https://t.co/fogI982jfl — Ford Racing (@FordRacing) November 10, 2026 Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС. За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент. Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС. Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име. Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање. Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“. Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати. Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена. „Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин. Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија. „Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ. Либерално-демократска партијаТагови: Емил Кирјас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на МицкоскиЕден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари. Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги. И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа. Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна. Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ. Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки. Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда. Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ. За сè ова, одговорност ќе има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00