Костадиновска-Стојчевска: Три децении македонската култура е активен партнер на УНЕСКО - Канал 5

Костадиновска-Стојчевска: Три децении македонската култура е активен партнер на УНЕСКО

Од особено значење за соработката на Макeдонија со УНЕСКО е нашиот активен придонес во афирмацијата на политиките и процесите на Светската организација.

Костадиновска-Стојчевска: Три децении македонската култура е активен партнер на УНЕСКО

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска присуствува на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз, каде пред отворањето, заедно со премиерот Димитар Ковачевски беа пречекани од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.

На средбата, како што соопшти Министерството за култура, беше истакнато задоволството од досегашните резултати од интензивната соработка на Македонија со Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, во годината кога нашата земја ја одбележува 30-годишнината од членството во Организацијата.

Особен акцент, како што се наведува, беше ставен на континуираната и одлична соработка со Центарот за светско наследство и советодавните тела и нивната експертска помош во заштитата на природното и културното наследство на охридскиот регион.

– Од особено значење за соработката на Макeдонија со УНЕСКО е нашиот активен придонес во афирмацијата на политиките и процесите на Светската организација, како и конструктивната соработка со другите држави членки, посочи министерката Костадиновска- Стојчевска.

Пример за вклученост во иницијативите и активностите на Организацијата се и обновената Катедра за интеркултурни студии и истражување во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и новоформираната Катедра за писменоста за иднината и медиумска писменост во рамки на Институтот за комуникациски студии од Скопје, како дел од Мрежата на УНЕСКО на катедри (UNESCO/UNITWIN).

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска утре ќе има обраќање на 42. Генерална конференција на УНЕСКО, каде официјални обраќања ќе имаат и претставниците на државите членки, а се разгледуваат генералните политики на Организацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер