КултураКостадиновска-Стојчевска: Со изложбата во „Кунстхале“ сме дел од актуелниот уметнички миг„Со изложбата на МСУ во „Кунстхале“ сме дел од актуелниот уметнички миг во Европа“.Во срцето на уметничка Виена, во музејот „Кунстхале Виена“ (Kunsthalle Wien Museumsquartier), македонската современа уметност синоќа беше во фокусот со „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ – Скопје“ (No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection). Во следните девет месеци европската и светската јавност ќе имаат можност да го согледаат дијалогот што преку свој кураторски проект го создадоа уметничките тимови на Музејот на современата уметност од Скопје и на „Кунстхале Виена“. Проектот е инспириран од солидарната колекција на МСУ и е реализиран токму на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, и во тој контекст, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели: „Кураторите, преку даруваните дела од колекцијата и со новите од авторите што се вклучени во изложбата, поставуваат прашања што се актуелни и денес – можна ли е солидарноста воопшто, или солидарноста меѓу уметниците? Зборуваат за заедништво на спротивставени политички блокови преку уметност, како што се случило по земјотресот во Скопје“. Таа додава дека низ изложбата се актуализира и прашањето за архитектурата, за планирањето на градовите и за тоа како од проект за солидарно Скопје, стигнавме до „Скопје 2014“. „Оваа соработка ни покажува дека кај нас секогаш се создавала уметност која е атрактивна и ангажирана да одговори на највисоките светски стандарди и текови во современата уметност. Тоа го покажуваат авторите кои се застапени во делот на солидарната колеција, но и авторите кои денес со својата концептуална уметност се дел од европската сцена, а се вклучени во овој проект. Оваа изложба ни покажува дека сме дел од актуелниот уметнички миг во Европа, и нѐ охрабрува да се насочиме кон идни слични соработки кои секако ќе придонесат за поголема отвореност на светот кон македонското ново ликовно творештво“, вели Костадиновска-Стојчевска. Министерката за култура верува дека од оваа изложба излегуваме со нови трајни креативни пријателства со уметници од Мелбурн, Берлин, Истанбул и од Виена. „Веруваме дека пораките од изложбата ќе допрат широко во Европа и дека уметноста како средство за дијалог ќе се наметне во надминувањето на разликите со кои секојдневно се среќаваме“, заклучи Костадиновска-Стојчевска. Директорката на МСУ, Мира Гаќина, вели дека соработката со „Кунстхале Виена“ несомнено е еден од најкомплексните проекти досега и настан од национален интерес за нашата земја. Куратори на изложбата се уметничките директори на „Кунстхале Виена“, кураторскиот колектив „What, How & for Who/WHW“, кој го сочинуваат Ивет Ќурлин, Наташа Илиќ и Сабина Саболовиќ. Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која содржи над 5 500 дела, во Виена се изложени 94 дела и околу 50 дела од современите уметници вклучени во овој проект. На изложбата синоќа беа претставени и фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ, кои ги направи фотографката Елфи Семотан (Виена). Дел од проектот е и патопис на писателката Барби Марковиќ (Виена), која го опиша своето искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје. Изложбата содржи и документарна секција за Скопје, трансформацијата на градот и приказната за МСУ и неговата колекција, документи и макетата на Кензо Танге, позајмени од архивите на Музејот на град Скопје и од архивата на МСУ. Пред отворањето на изложбата, предавање посветено на Скопје одржаа архитектите Јован Ивановски, Ана Ивановска-Дескова и Владимир Десков, чии архитектонски макети на постземјотресно Скопје се претставени во поставката. Изложбата во „Кунстхале Виена“ ќе биде отворена до 28 јануари 2024 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 8. август 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 8. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Потребата за нежност ќе порасне и ќе очекувате од другата страна да биде нежна. Од неа зависи дали ќе биде така. Кариера На работа ќе добиете шанса да ја изразите својата креативност . Затоа денешниот ден ќе ви биде успешен и пријатен. Здравје и совет Зголемување на општата виталност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате поттик за љубов, а особено се однесува за млади Ракови , женски или машки. Бидете она што сте и се ќе биде добро. Кариера Добро познатите работи ќе добијат нов залет и поттик , а вие ќе работите вредно и полетно и со добро чувство во себе. Здравје и совет Можете да изберете спорт за вас. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете се подобро поврзани со другите , па така и со саканата личност. Од таму ќе ви биде возвратено на пријатен начин. Кариера Се уште не сте навикнати дека пречките се урнати , па од време на време се чудите како тоа работите полесно и подобро соработувате со другите. Здравје и совет Рекреирајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Отворени сте за нови можности и со се поголема надеж им се препуштате на спонтаните моменти , кои носат задоволство. Кариера Не сакате порази , но некои принципи мора да се постават. Денеска ќе зборувате за нив на лежерен начин. Здравје и совет Не јадете тешка храна. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен сензацијата на која што работите , денеска ќе се занимавате со интуитивни содржини , што ќе ги внесувате во љубовниот живот. Кариера Сите кои работат во сенка , денеска ќе добијат добар поттик. Другите ќе се занимаваат со суптилни вибрации на работа. Здравје и совет Ја дозирате храната и тоа е добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна идила продолжува на општа радост и среќа. Оние кои уште бараат сродна душа , нека излезат и нека бидат друштвени. Кариера Добро ќе се снаоѓате , како во очигледните задачи , така и во оние кои подразбираат читање меѓу редови Здравје и совет Останете доследни на себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата моментална потреба за акција ќе ве наведува на непромислени чекори и изјави кога станува збор за љубов. Кариера Тргате во нови деловни битки и има малку што може да ве запре. Ќе им бидете пример на другите. Здравје и совет Мали нервози. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Уште ќе бидете под впечаток на некои тажни мисли , но тие полека ве напуштаат и на нивно место доаѓаат поведри , така што и односите се подобруваат. Кариера Ќе се трудите јасно да го изразите своето мислење и ќе бидете во право , но вашите пшефови поради сопствената несигурност нема тоа да ви го признаат. Здравје и совет Останете прибрани. Овен 21.3-20.4. Љубов Ситуацијата ви е шарена. Може да излезете и убаво да си поминете , но вашите лични односи ќе останат на непријатно ниво. Кариера Некои ќе поставуваат премногу прашања и со нив ќе направат уште поголемо недоразбирање. Обидете се да се концентрирате само на она што е важно. Здравје и совет Одморајте се редовно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот друштвен живот и денеска може да биде интересен и богат , но душата и натаму ви е празна. Свртете се на шега. Кариера Добро се поставени работите со млади , спорт и забава , но и таму се обидувате да бидете дипломат. Здравје и совет Организирајте си го денот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се обидете да ги подобрите личните односи или ако сте уште сами ќе воспоставите нови , но тоа ќе оди час горе ,час долу. Сметајте на тоа. Кариера Во деловните работи немате никакви проблеми , освен мали нервози . Искористете ги ситуациите. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете многу успешни и витални во сексуалниот живот . На тој начин ќе ја збогатите својата врска и ќе се послужите со интуицијата. Кариера Ако ви се пристори дека ве кочат , знајте дека тоа нема долго да трае и вие ќе го пробиете мразот , што и така се топи. Здравје и совет Истегнете се преку гимнастика или јога.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Шоу бизСергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ наводно се нашле во центарот на инцидент во познат белградски трговски центар, што ја принудило полицијата да интервенира. Драмата се одвивала во популарна продавница кога во Исидора се посомневало обезбедувањето, кое потоа сакало да ја претресе, пишува Телеграф. Нејзиниот сопруг Сергеј, јавуваат српските медиуми, реагирал бурно на ова и не им дозволил да ги претресат нејзините работи, што ескалирало во вербален конфликт. Обезбедувањето потоа повикало полициска патрола која го однела парот во полициската станица. Таа се огласи откако ја напуштила полициската станица Исидора подоцна сама ја напуштила полициската станица, додека Сергеј, како што се испоставило, си заминал порано. Таа накратко им се обратила на собраните новинари пред станицата. „Само дојдов да ги земам документите“, рекла кратко, одбивајќи да биде снимена, пренесува Телеграф. Фото: ВИТагови: инцидент Сергеј Трифуновиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
ТехнологијаКина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)Кина отвори индустриски парк за вештачка интелигенција во северниот регион Внатрешна Монголија, за кој инвеститорот тврди дека е најголем во светот.Комплексот „Envision Galaxy Campus“, сместен во градот Уланкаб, започна со работа во четврток. Компанијата за зелена технологија „Envision Group“ вели дека е најголемиот поединечен центар за податоци со вештачка интелигенција во светот во однос на капацитетот за обработка на токени, објави „Global Times“. Капацитет и технички спецификации Новиот комплекс е исто така најголемиот индустриски парк за вештачка интелигенција во Кина, со планиран капацитет од два гигавати. Зафаќа површина од 120.000 квадратни метри и е дизајниран да ја поддржи компјутерската моќ до еден милион единици за графичка обработка (GPU) кои можат да работат истовремено. Зелена енергија и глобална иницијатива Компанијата вели дека повеќе од 80 проценти од електричната енергија потребна за работа на центарот доаѓа директно од обновливи извори. Проектот е водечки развоен напор како дел од иницијативата „Mission Gobi“. Со оваа иницијатива, „Envision“ планира да изгради пет гигавати капацитет за зелено пресметување со вештачка интелигенција во пустински и сушни региони низ целиот свет до 2030 година. Планот комбинира големи центри за податоци со обновливи извори на енергија и системи за складирање. Дэлхийн хамгийн том цогц хиймэл оюун ухааны тооцоолох хүчин чадлын байгууламж болох Улаанцав дахь “Envision Galaxy Campus” албан ёсоор ашиглалтад орсонд баяр хүргэе!⚙️ Тус төв нь 1 сая P хэмжээний тооцоолох хүчин чадалтай бөгөөд цахилгаан эрчим хүчээ шууд ногоон эрчим хүчээр… pic.twitter.com/Uu7V592qCO — Цао Ли 曹利 Cao Li (@ChnAmbMongolia) August 7, 2026 Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00