Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година
1Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година
3Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
КултураКостадиновска-Стојчевска: Следниот месец започнува адаптацијата на училиштето во ЉубојноУспеавме проектот за старата зграда, темелот на македонскиот културен и национален идентитет, да го донесеме до фаза на изведба.Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се сретна со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, со која разговараше за тековните активности поврзани со реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште „Димитар Влахов“, во село Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик. На средбата беа дефинирани активностите што ќе следуваат по завршувањето на тендерската постапка, која е во тек. Теренот е подготвен, кажа министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, и следниот месец може да започне реновирањето на старото училиште. „Успеавме проектот за старата зграда, темелот на македонскиот културен и национален идентитет, да го донесеме до фаза на изведба. Обезбедивме 32,8 милиони денари во следните две години, за целосна изградба на Центарот за промоција на македонскиот јазик“, рече министерката за култура. Во тек е последната фаза пред започнувањето на градежните работи, а тоа е тендерот за изведувач, по чие завршување, во јануари започнуваат градежните работи. Претходно, надлежната установа, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, ги презеде сите неопходни чекори за реализација на овој значаен проект, односно беа изработени Геодетскиот елаборат и Урбанистичко-архитектонскиот проект, потоа Идеен и Основен прокет, за кои е добиено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 годинаСо доделување на признанија на тринаесет најдобри наставници Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници го одбележаа 5 Октомври – Светскиот ден на учителите.Со доделување на признанија на тринаесет најдобри наставници од предучилишното, основното и средното образование за учебната 2025-2026 година, Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници го одбележаа 5 Октомври – Светскиот ден на учителите. Признанијата ги доделија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и претседателката на Сојузот, Жаклина Ристовска. Во своето обраќање, Јаневска им го честиташе празникот на сите наставници, изразувајќи благодарност за споделувањето на знаењето, трудот, трпението и посветеноста во процесот на обликување на младите. „Квалитетни наставници има многу. Но, меѓу нив, Сојузот ги избра оние кои со своите резултати, признанија, награди и посветена работа во изминатата учебна 2025-2026 година се издвоиле како пример за професионалност и посветеност. Ова признание нека биде причина да бидете горди на тоа што го постигнавте, но и мотив да продолжите да работите со ист ентузијазам. Споделувајте ги своите знаења и искуства со колегите и покажувајте како се создаваат добри ученици и добри генерации, бидејќи преку нив создаваме стабилна иднина на нашата држава“, им порача Јаневска на наградените наставници. Посочи дека МОН и Владата се грижат за сите наставници да бидат што позадоволни од работата што секојдневно ја вршат и во таа насока, за две години платите во училиштата се зголемени за над 20%, а во високото за 14%. Мерките за кариерно напредување ги искористија над 300 наставници и стручни соработници кои се унапредени во звање ментор или советник, а преку обуки на Бирото за развој на образованието и други партнерски институции и организации, се овозможува нивен континуиран професионален развој. Во подобри услови за настава и работа се вложени над 70 милиони евра, обезбеден е нов електронски дневник, нови дигитални алатки и помагала и подобрена е дигиталната инфраструктура. „Без разлика на инфраструктурата, технологијата или инвестициите, најважниот дел од секое училиште останува - наставникот. Од вас очекувам да останете енергични, посветени и да бидете двигатели на образованието. Да бидете партнери на Министерството, но и партнери на родителите и на учениците. Но, пред сè, да го зачувате и истакнете авторитетот на наставникот. Барајте заложба, труд и одговорност од децата и оценувајте реално, затоа што реалната оценка не е казна, таа е насока за напредок“, рече Јаневска. Признание за најдобар просветен работник во предучилишното образование доби Клементина Петрушевска, воспитувач во детската градинка „Весели Цветови“ во Кисела Вода. Во одделенска настава во основното образование за најдобри наставници се прогласени Соња Трифуновска од ОУ „Гоце Делчев“ – Тетово, Виолета Поповска од ОУ „Вера Јоциќ“ – Гази Баба, Габриела Мерџаноска од ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар, Ксенија Николова од ОУ „Гоце Делчев“ – Босилово и Весна Тодоровска - Унковска од ОУ„Партенија Зографски“ - Кисела Вода. Во предметна настава, признанија добија Томе Китановски од ОУ „Гоце Делчев“ – Василево, Бојанка Џипунова - Ташова од ОУ „Васил Главинов“ – Велес, Вера Зороска од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, Оливера Шиклеска – Грозданова од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола и Благица Чатлеска од ОУ „Гоце Делчев“ – Прилеп. Во средното образование за најдобар наставник е избран Никола Делевски од Регионалниот центар за стручно образование и обука „Никола Карев“ – Струмица, а постхумно признание беше доделено на Слаѓан Станковиќ – Битрак, кој беше дел од наставниот кадар во СОУ „Наце Буѓониʺ - Куманово и „Математичко - информатичка гимназијаʺ во Скопје.Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Погоден турски брод во Црното Море; двајца загинати, 11 повредениРоманското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 11 членови на екипажот на турскиот брод „Ројад Мамадов“, кој бил погоден од дрон, се повредени, додека две лица загинале.Во тек е спасувачка операција по инцидентот што се случи во областа југоисточно од платформата „Пескаруш“. „Службите на Министерството за внатрешни работи спроведуваат сложена мисија за спасување на екипажот на брод што потона во Црното Море. Спасени се единаесет членови на екипажот. Исто така, идентификувани се две починати лица. Хеликоптерот на Генералниот инспекторат за авијација ги евакуираше повредените со помош на витло, со цел да им се пружи итна медицинска помош“, соопшти Министерството за внатрешни работи. 🇷🇴 A Turkish grain ship, the Royad Mammadov, was hit by a suspected drone in the Black Sea off Romania A major fire broke out, and the vessel is at risk of sinking. The captain is injured. Thirteen crew are missing. https://t.co/m3DChLWyp1 — Visegrád 24 (@visegrad24) October 5, 2026 Околу 11:00 часот, службеници на граничната полиција при Крајбрежната стража добија известување од Центарот за координација на поморско пребарување и спасување (MRCC) во Констанца дека избувнал пожар на трговски брод лоциран во исклучивата економска зона на Романија, на приближно 30 наутички милји јужно од Сфанту Георге. MRCC Констанца започна операција за пребарување и спасување на лица во опасност на море, при што пловен објект на Крајбрежната стража беше одреден како координатор на активностите за пребарување и спасување на лице место. Припадници на граничната полиција, заедно со колеги од Генералниот инспекторат за воздухопловство, веднаш презедоа операција за пребарување и спасување на членовите на екипажот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Честит Меѓународен ден на учителот - на луѓето чии лекции остануваат за цел живот! Секој од нас памети барем еден свој учител. Некој што го препознал нашиот талент, што имал трпение за нашите грешки и верувал во нас тогаш кога самите сме се сомневале.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска по повод Меѓународниот ден на учителот им додели признанија на професорите кои во изминатата година се истакнаа со својата работа, посветеност и вложување во сопствениот професионален развој. - Секој од нас памети барем еден свој учител. Некој што го препознал нашиот талент, што имал трпение за нашите грешки и верувал во нас тогаш кога самите сме се сомневале. Некој чие „ти можеш“ ни дало храброст да направиме важен чекор во животот. Да се биде учител значи да се остави трага во нечие растење, во нечии соништа и во нечии успеси. Тоа е професија чија вредност живее во генерациите што излегуваат од училишните клупи и во сето добро што тие го создаваат. Зад нивните признанија стојат часови подготовка, постојано усовршување и искрена желба секој ученик да добие поквалитетно образование и можност да го покаже најдоброто од себе. На сите наградени им честитам од срце! Вашето знаење станува можност за младите, вашата посветеност е нивна инспирација, а вашиот личен пример ги учи што значи да се работи чесно, одговорно и со љубов – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје продолжува со поддршката за работата на професорите со конкретни дела, како и со вложувањето во образованието и во подобри услови за настава, затоа што сакаме училишта во кои учениците ќе доаѓаат со желба да учат, а наставниците ќе ја имаат поддршката што ја заслужуваат. - Во вашите училници расте иднината на Македонија. А во секој успех на вашите ученици, засекогаш останува и дел од вас. Нека ви е честит денот! – рече Ѓорѓиевски. На манифестацијата, Ѓорѓиевски изрази голема благодарност до учителите, наставниците, професорите и стручните соработници, за секое пренесено знаење, за секој охрабрен ученик и за секоја вредност што ја всадуваат во младите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08