ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија
ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија
1ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија
2ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија
КултураКостадиновска-Стојчевска: Секојдневно да ја поттикнуваме љубовта на децата кон книгатаДетската библиотека во градинката ја збогативме со нови сликовници кои се поддржани од Министерството за култура. Децата се иднината на светот, тие се полни со знаење, креативност, фантазија. Денеска во посета на градинката „Детска радост“ – објект „Сончоглед“ во Автокоманда, Општина Гази Баба, беше министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, каде што заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, им читаа сликовници на дечињата, а потоа поразговараа со нив. − Детската библиотека во градинката ја збогативме со нови сликовници кои се поддржани од Министерството за култура. Децата се иднината на светот, тие се полни со знаење, креативност, фантазија. Тие се љубопитни чисти души кои сакаат да откриваат нови светови, а книгите се најголемото богатство. Чувме мудри, искрени одговори од дечињата, кои споделија со нас зошто сакаат приказни, кој најмногу сакаат да им чита, која е нашата азбука, како се вика нашиот јазик и друго − истакна министерката Костадиновска-Стојчевска. Таа, меѓу другото, кажа дека знаеме дека нема дете коешто не сака сликовница, а денеска заедно уживаме во сликовниците од македонски автори, кои со својата креативност и иновативност се вистински ремек-дела. − Пред 10 години издавачите се жалеа дека е загрижувачки мал бројот на наши автори на сликовници и воопшто на книги за деца и млади и дека затоа се принудени да преведуваат странски автори или да препечатуваат стари изданија само колку да има наши автори. Таа слабост ја увиде и Министерството за култура и, за среќа, во последниве три години состојбата се менува. Во меѓувреме се појавија и нови генерации, кои со својот талент и страст целосно се посветија на оживување на овој битен сегмент од литературата. Имаме прекрасни умни писатели за деца, имаме уште поумни дечиња. Тоа е комбинација за чиста петка, која со цело срце ја заслужува нашата поддршка − додаде Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека имаме сериозна задача и заедничка одговорност, пред сѐ, како што нагласи министерката за култура, да создадеме услови за читање, да развиеме култура на читање, секојдневно да ја поттикнуваме љубовта на децата кон книгата и да им го вкорениме ставот дека без разлика на сите нови модерни алатки, незаменливо е чувството кога држите книга в рака. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на МакедонијаПолитиките што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ носат видливи резултати и во енергетиката. За само две години поставени се цврсти темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност, нови инвестиции и одржлив развој. По години на застој, денес Македонија има нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, со кој за првпат се поставува јасен правец за декарбонизација, развој на обновливите извори на енергија и исполнување на европските стандарди. Довербата во овие политики ја потврдува и големиот интерес на инвеститорите. Над 800 инвестициски иницијативи за нови проекти во обновливите извори на енергија се доказ дека Македонија станува сигурна и атрактивна дестинација за домашни и странски инвестиции. Тоа значи повеќе домашно производство на електрична енергија и поголема енергетска независност. Во исто време, Владата реализира капитални проекти кои го модернизираат енергетскиот сектор. Државниот батериски систем за складирање енергија, дигитализацијата на постапките за изградба на ветерни електрани, финансиската поддршка за производителите на обновлива енергија и новите законски решенија создаваат современ и конкурентен енергетски пазар. Посебно внимание се посветува и на енергетската ефикасност. Со реконструкција на јавните објекти, формирање Фонд за енергетска ефикасност, обезбедување нови финансиски средства од меѓународните партнери и воведување обврска за поставување соларни панели на јавните објекти, се создаваат услови за помала потрошувачка на енергија, пониски трошоци и почиста животна средина. Финансиската поддршка што Македонија ја добива од Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Светската банка и другите меѓународни партнери е дополнителна потврда дека реформите што ги спроведува Владата се препознаени како кредибилни и усогласени со европските политики. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со истото темпо на работа, затоа што силната енергетика е предуслов за силна економија, нови инвестиции, повисок животен стандард и посигурна иднина за сите граѓани. Резултатите се видливи, а со реформите што се реализираат денес се поставуваат темелите на енергетски независна, економски посилна и европски ориентирана Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИнфантино го прекина молкот: Нема да толерираме напади, имаме поддршка!Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, преку својот профил на Инстаграм и преку официјално соопштение ја информираше јавноста за деталите од вонредниот состанок што го свика во Мароко со највисокото раководство на ФИФА. Имено, Инфантино тврди дека добил поддршка од челниците на ФИФА во својство на претседател и дека се преземени чекори за зајакнување на довербата во системот на управување и раководење со организацијата. Инфантино упати и предупредување – иако не именуваше никого конкретно – нагласувајќи дека ФИФА нема да толерира напади врз својот интегритет и дека ќе ги преземе сите мерки за заштита на својот углед. – Денес, присутните членови на Управниот одбор на ФИФА ги презедоа неопходните чекори за зајакнување на довербата во системот на управување и раководење со ФИФА, како и за да се осигури дека ФИФА, нејзината мисија и одговорноста кон светскиот фудбал ќе продолжат целосно да се остваруваат, давајќи ми поддршка мене како претседател на ФИФА, но и на администрацијата предводена од генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром. - Цврсто веруваме дека заклучоците од денешниот состанок дополнително ќе го зајакнат управувањето со ФИФА, ќе помогнат да се врати довербата во организацијата и ќе ни овозможат обединето и транспарентно да се подготвиме за големите настани и предизвици што претстојат, додека ја продолжуваме нашата мисија за развој на фудбалот низ целиот свет. - Исто така, се согласивме дека ФИФА нема да толерира никакви напади врз својот интегритет и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на својата репутација. - Во исто време, ФИФА тесно ќе соработува со сите релевантни чинители за да разгледа како може дополнително да го поддржи развојот на фудбалот преку програмата „FIFA Forward“, за доброто на сите 211 членки на ФИФА, конфедерации и регионални фудбалски асоцијации – изјави Џани Инфантино. Инаку, Џани Инфантино се најде на удар на критики од голем број конфедерации – УЕФА, АФЦ, КОНКАКАФ, како и од многу национални асоцијации, кој му ја ускратија довербата. Инфантино почна да ја губи поддршката по преседанот кога ФИФА, за време на Светското првенство, го „избриша“ црвениот картон на Фоларин Балогун за осминафиналето, по барањето на Доналд Трамп. Потоа, тој дојде до идеја да ги продаде правата за Светското првенство на приватен инвеститор, со што ја загуби поддршката од многу конфедерации, како и од бројни национални сојузи. Во последните недели, УЕФА е еден од главните критичари на Инфантино, а претседателот Александар Чеферин дури и не се појави на финалето на Светското првенство.Тагови: Инфантино ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапијаЛиберално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица. ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара одговорност од Министерството за здравство. Наместо решение, денес гледаме повторување на истиот срам. За секој ден без терапија некој мора да одговара. Не може секојпат кога ќе се испразнат залихите виновник да нема, а последиците секогаш да ги трпат пациентите. ЛДП бара: - Итно обезбедување на целата неопходна терапија; - Целосна јавна информација за причините за недостигот; - Утврдување лична и политичка одговорност за институционалниот пропуст; - План со кој ќе се гарантира дека ова никогаш повеќе нема да се повтори. Држава која што не може да обезбеди лекови за најтешко болните нема право да зборува за успеси во здравството. За онколошките пациенти нема втор обид. Секој изгубен ден може да чини човечки живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook