Костадиновска-Стојчевска: Промоцијата на македонските и на хрватските културни вредности - Канал 5

Костадиновска-Стојчевска: Промоцијата на македонските и на хрватските културни вредности

Костадиновска-Стојчевска од Загреб: Промоцијата на македонските и на хрватските културни вредности се наш приоритет.

Костадиновска-Стојчевска: Промоцијата на македонските и на хрватските културни вредности

Министерката за култура на Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерката за култура и медиуми на Хрватска, Нина Обуљен Коржинек, вчера во Загреб потпишаа Програма за културна соработка за периодот од 2022 до 2025 година со цел воспоставување и развивање на соработката меѓу институциите и соодветните здруженија од сите области на културата и уметноста, поттикнување и афирмација на културните вредности на двете земји, со акцент на младите уметници.

– Во согласност со членот 15 од Договорот за културна и просветна соработка меѓу двете влади склучен на 4 декември 1995 година во Скопје, Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска и Министерството за култура на Република Македонија се договорија да ги поттикнуваат мобилноста и меѓународната размена на уметниците од двете земји преку учество на танцови, музички, театарски и на фолклорни ансамбли, на групи и поединци на меѓународните фестивали и манифестации што се одржуваат во двете земји, на покана од организаторите на тие фестивали и манифестации – рече на средбата Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека со оваа програма двете земји ќе поттикнуваат заеднички копродукциски проекти во областа на изведувачките уметности, меѓу театарските куќи и други сродни институции и организации, а е планирана и непосредна соработка меѓу музеите и галериите преку размена на стручни лица, изложби, уметничка литература и публикации.

– Договоривме соработка и во областа на производство на аудиовизуелни дела со цел развој на филмски, односно кинематографски копродукции, но и меѓу националните филмски архиви и јавни институции од областа на аудиовизуелната дејност, со цел размена на искуства во областа на заштитата, дигитализацијата и достапноста на филмското и аудиовизуленото наследство. Тоа подразбира и учество со свои филмови и филмски работници на меѓународни филмски фестивали што ќе се организираат во двете држави на покана од организаторите и во согласност со правилата и прописите на овие фестивали – појасни министерката.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека ќе има и заемна организација на Филмска недела во двете земји, а ќе се воспостави и соработка меѓу писателите и преведувачите и нивните организации и здруженија од двете земји, но и меѓу издавачките куќи, објавување преводи на значајни книжевни дела од хрватски и од македонски писатели, размена на изложби на книги и учество на саеми на книгата што се одржуваат во двете земји.

Хрватската министерка Нина Обуљен Коржинек истакна дека се спроведуваат многу успешни културни проекти помеѓу двете земји, помеѓу уметниците, во театарот, музиката, литературата, филмските и визуелните уметности.

„Нашата соработка е видлива во сите области на културата и уметноста, но и во институционалната соработка", рече таа.

Преку оваа програма ќе се подобри и соработката меѓу националните архиви, библиотеки и институциите од областа на заштитата на културното наследство преку размена на стручни лица од областа на заштитата на културното наследство.

Двете земји ќе ја поттикнуваат соработката во областа на културата и уметноста во рамките на УНЕСКО, Советот на Европа и другите меѓународни организации и регионални иницијативи, како што е Советот на министрите за култура на Југоисточна Европа, а тоа значи и заштита и негување на културниот идентитет на хрватското и на македонското национално малцинство и во таа смисла ќе даваат поддршка на институциите што го негуваат културното наследство на хрватското национално малцинство во Република Македонија, односно на македонското национално малцинство во Република Хрватска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Белгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. 

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола.

Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години.

Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера.

Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 година

Вашиот глас е важен. Вашите идеи, предлози и барања можат да станат конкретни проекти и активности што ќе го подобрат секојдневието во нашата општина. 

О. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 година

Општина Карпош ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во Форумот за граѓански буџет за 2027 година и заеднички да ги утврдиме приоритетите за развој.

Форумите ќе се одржат во холот на општинската зграда, во периодот од 15:00 до 17:00 часот, според следниот распоред:

I БУЏЕТСКИ ФОРУМ – ВЛАЕ, ЗЛОКУЌАНИ И БАРДОВЦИ • У.З. Влае 1 • У.З. Влае 2 • У.З. Злокуќани • М.З. Бардовци

II БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КАРПОШ И ТАФТАЛИЏЕ • У.З. Карпош 1 • У.З. Карпош 2 • У.З. Карпош 3 • У.З. Карпош 4 • У.З. Тафталиџе 1 • У.З. Тафталиџе

III БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КОЗЛЕ, МЛЕЧЕН И НЕРЕЗИ • У.З. Кузман Јосифовски-Питу (КЈП) • У.З. Пецо Божиновски-Кочо (ПБК) • У.З. Владо Тасевски (Млечен) • У.З. Нерези

Да креираме заедно затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20-45 часот на арената Тоше Проески во Скопје  против незгодната селекција на Словенија, го игра последниот натпревар од групната фаза во сегментот Б од  Лигата на нации. 

Црвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од  Лигата на нации

Избраниците на Седлоски на дуелот против Словенија ќе се обидат да стигнат до првиот бод освоен сезонава во Лигата на нации.

По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна.

Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13:9.

Последниот меѓусебен натпревар, одигран на 29 септември во рамките на Б Лигата на нации, заврши со победа на Словенија од 2-0.

Историјата на меѓусебните пресметки започна на 13 октомври 1993 година во Крањ, кога Македонија го одигра својот премиерен меч како национален тим, а тоа воедно беше прв натпревар против Словенија и забележа убедлива победа од 4:1.

Само пет месеци подоцна, на 23 март 1994 година, двете селекции повторно се сретнаа, овојпат во Скопје. Македонија славеше со 2:0 и ја потврди добрата традиција против словенечката репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер