Костадиновска - Стојчевска: Потребен нѝ е македонски културно - информативен центар во Брисел - Канал 5

Костадиновска - Стојчевска: Потребен нѝ е македонски културно - информативен центар во Брисел

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска смета дека треба да биде отворен македонски културно – информативен центар во Брисел.

Костадиновска - Стојчевска: Потребен нѝ е македонски културно - информативен центар во Брисел

- Ќе бидам горда доколку во срцето на Европа формираме центар кој ќе ја промовира македонската култура и традиција. На овој начин би ги презентирале македонските вредности токму во градот во кој има бројни меѓународни организации и претставништва, дипломатски мисии, град кој ја симболизира обединета Европа, вели Бисера Костадиновска - Стојчевска која е во дводневна работна посета на Европската комисија.

На агендата на Костадиновска - Стојчевска е и средба со премиерот на Фландрија, Jан Јамбон, кој истовремено е задолжен и за областа култура.

Костадиновска - Стојчевска денеска ќе се сретне со генералната директорка за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, Темис Кристофиду, со која ќе разговара за можностите за интензивирање на соработката во проектите од областа на европските интеграции и ќе ја потенцира воспоставената добра практика на транснационалната културна соработка.

Министерката за култура ќе се сретне и со директорката за меѓународни односи на Палатата за убави уметности, Магдалена Лискова. Со неа ќе дискутира за можноста таму да се организираат македонски културни настани. На средбата ќе присуствува и Жулиет Дуре, директорка за филм со која е предвидено да се разговара за соработката во филмската уметност и за Фестивалот на Југоисточна Европа кој треба да се одржи во јануари 2023 година.

Република Македонија е активна и во рамките на Програмата „Креативна Европа" на Европската Унија, но и преку активностите во Агендата за Западен Балкан на ЕУ и Инструментот за претпристапна помош на ЕУ каде што има голем број примери на квалитетни проекти на тема културно наследство, особено во ИПА програмите за прекугранична соработка со Албанија во кои сме лидер земја, како и партнер земја на проекти со Бугарија, Грција, Србија, Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

[🏁] Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

По најавата за вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, продолжуваме со реализација на Картинг центарот, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. Центарот ќе се простира на 2.700 м², со современа картинг патека и придружни објекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари.

Нова содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и дополнување на туристичката понуда на Кавадарци, стои во објавата на Фејсбук на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании.

Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра.

Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Светската ѕвезда, актерката и пејачка Џенифер Лопез немаше проблем и на 57 годишна возраст да се соблече во секси ретро бикини.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Погледнете го изгледот на Џеј Ло што го освои интернетот.

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание кај своите следбеници, овојпат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и ја покажа својата завидна фигура.

Латино дивата, која во јули го прослави својот 57-ти роденден, на фотографиите блесна во стилот на стариот Холивуд. Таа позираше во бикини во нијанса на скршено бело, кое го искомбинира со чевли со украсни детали и чипкаста марама на главата.

Посебен акцент стави на својот затегнат стомак, а целиот изглед го заокружи со тркалезни очила за сонце и елегантна бела чанта со четвртаст облик.

Лопез објави и полароид-фотографија на која позира во бел фустан со длабоко деколте и заводливи шлицови, што дополнително ја истакна нејзината фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер