КултураКостадиновска-Стојчевска од Париз: Уметноста преку „Отворен Балкан“ нè зближува со ЕвропаНа изложбата, која е под покровителство на министерствата за култура на трите балкански држави, се обрати министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.Синоќа во Културниот центар на Србија во Париз, во присуство на многубројна публика од јавниот живот и од дипломатскиот кор, највисоките претставници од амбасадите на Македонија, Албанија и на Србија, на уметници, беше отворена изложбата „Супстрати“ – заеднички проект на иницијативата „Отворен Балкан“. На изложбата, која е под покровителство на министерствата за култура на трите балкански држави, се обрати министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која со своите колешки, министерките Елва Маргарити и Маја Гојковиќ, ја потврди идејата за афирмација на целите на Иницијативата за креирање европски држави на Балканот, а во тоа културата има силно влијание. – „Супстрати“, збор што јас го толкувам како сојуз во креативноста, е насловот под кој вечерва се собравме во Градот на Светлината за да го испочитуваме дијалогот меѓу уметниците, да се восхитуваме на заедничкото творештво и да додадеме агол на светлината, не за да го засилиме одразот на сенките на Балканот туку за да ја извадиме од сенка сета убавина на културите на Балканот. Зашто Балканот е плодна почва за нашето културно стебло, за чија здравост сведочи раскошната крошна на која еднакво ѝ е неопходна светлината –рече министерката Костадиновска-Стојчевска. Таа ѝ се заблагодари на кураторката Клаудија Паецолд за извонредната замисла, како и на авторите: Кристина Пулејкова, Нина Жељковиќ и Дриант Зенели, кои, како што рече, го бараа и проникнаа во најдоброто во културата на соседот. Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска им се заблагодари на уметниците зашто, како што вели, тие отидоа длабоко во историјата, за да ни овозможат повторно да се сретнеме во овој миг и да продолжиме кон иднината – европската, демократската, хуманата .... – зашто тоа е патот што го посакуваме, и додаде: – Цврсто верувам дека силата на културата, соработката, креативноста ќе ја израснат и политичката соработка. Културата секогаш нè издигнува на ново, поквалитетно ниво. Затоа и овојпат не изостана поддршката на трите министерства за култура – српското, албанското и македонското. И тука сме, во прекрасните простории на Културниот центар на Србија во Париз, во духот и на иницијативата „Отворен Балкан“. „Отворен Балкан“ не значи дека сите прашања на Балканот се затворени. Но, да се отвори Балканот, тоа веќе е прашање на далековидост и широчина. Процесот е започнат, а „Супстрати“ е доказ за цврстината на стеблото што го негуваме. Глупаво е да го искушуваме врежувајќи иницијали, како лоши пораки, на неговата кора – заврши Костадиновска-Стојчевски на отворањето на големиот настан за балканската култура во европски рамки. Министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, зборуваше за Балканот како раздвижен и помалку разбрануван регион, каде што силно се дискутира за потеклото на некоја песна, но истовремено сите продолжуваме да ја пееме истата песна, да ги раскажуваме заедничките легенди, да свириме на истите инструменти. Таа кажа дека оваа изложба како регионален проект, и уметноста воопшто, е причината зошто сме сите овде заедно. – Културата, како што покажа историјата, отсекогаш била мост на комуникација и поврзување меѓу народите. Оваа изложба е, исто така, добар пример за слободното движење на уметниците на Балканот и покажува дека тие се дел од еден културен мозаик многу поголем од локалниот. Нашите влади се посветени на активна поддршка и олеснување на овој регионален културен мозаик преку билатерални договори – порача Маргарити. Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ, зборуваше за важноста на оваа изложба, која е резултат на само една година работа по потпишувањето на Меморандумот за соработка на „Отворен Балкан“ во Охрид. – Покажавме дека културата не познава граници, ниту е роб на предрасудите и дека таа лесно ги надминува сите бариери. Проектот „Отворен Балкан“ и сето она што досега е постигнато благодарение на него се заеднички напор кон создавање нова, секако подобра слика за нашиот регион во светот – рече Гојковиќ. Изложбата „Супстрати“ се фокусира на современата уметност и ги нагласува фундаменталните врски меѓу трите земји во рамките на „Отворен Балкан“. Поставката, која е доказ за трансформациската моќ на уметноста и културата во обединувањето на нациите, ќе биде отворена до 12 август.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook