Костадиновска-Стојчевска на промоцијата на обновеното пацио - Канал 5

Костадиновска-Стојчевска на промоцијата на обновеното пацио

Заводот и музеј Битола е една од институциите што има најголема искористеност на европските фондови.

Костадиновска-Стојчевска на промоцијата на обновеното пацио

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и евроамбасадорот Дејвид Гир, вчера присуствуваа и се обратија на свеченото отворање на комплетно реконструираниот простор на централниот двор – пацио – во Национална установа Завод и музеј – Битола.

Во своето обраќање, Костадиновска-Стојчевска истакна дека ѝ претставува особена чест што во овој репрезентативен архитектонски објект познат како „Стара касарна“, а денес Национална установа Завод и музеј – Битола, уште еднаш се потврдува културното партнерство со Европската Унија преку соработката за унапредување на потенцијалите на заштитените културни добра.

„Пред битолчани со гордост можам да истакнам дека Министерството за култура и Заводот и музеј – Битола, со грантот од ИПА-програмата, ја спроведоа реконструкцијата на централниот двор – пацио – на Музејот како една од многубројните активности во рамките на проектот „Смарт фор ју ту“ (SMART4YOU2). Проектот за промоција на богатото културно наследство чија цел е да ги афирмира и да ги почитува културните вредности што ги поседува регионот со прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија, а тоа ќе придонесе и за развој на туристичките потенцијали меѓу општините Битола, Корча и Пустец“, подвлече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека лапидариумот, кој се наоѓа во пациото на Заводот и музеј – Битола, претставува уште еден нов изложбен простор во кој посетителите за првпат може да видат дел од мермерните споменици кои досега се наоѓале во музејските депоа од кои најголемиот дел датираат меѓу I и III век од нашата ера, како и надгробни стели.

„Во овој облагороден простор, кој сега е претворен во лапидариум, изложени се петнаесетина споменици кои биле откриени во различни временски периоди и на различни локалитети во Битола и Битолско. Верувам дека како светол одблесок на оваа успешна приказна, тие ќе побудат импресии и силни впечатоци кај сите влубеници во уметноста“, рече таа.

Министерката за култура изрази задоволство што Заводот и музеј Битола е една од институциите во државава што има најголема искористеност на европските фондови во доменот на своето културно дејствување. Таа изрази уверување дека и во иднина, во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и со помош на европските фондови, ќе продолжиме да го следиме позитивниот имиџ на негување на европските културни вредности со цел постигнување подобри ефекти во културата и во уметноста.

Костадиновска-Стојчевска изрази благодарност до евроамбасадорот Дејвид Гир за неговите залагања во полн сјај да се разубави автентичниот изглед на овој извонредно значаен културен архитектонски објект.

„Благодарни сме што Европската Унија поддржува многу иницијативи и проекти за заштита на македонското културно наследство, за размена на знаења меѓу експертите и младите студенти идни конзерватори за чување на македонската уметност и традиција, како и за подобрување на квалитетот на туристичката понуда. Убедена сум дека од реализацијата на овој и на идните проекти ќе произлезе нова енергија за уште поголемо пријателство, добрососедство, на она што нè зближува и нè води кон заедничкиот европски дом“, подвлече министерката за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Оваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе.

Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’.

Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор.

Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев.

Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки

Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми.

12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки

Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници.

Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности.

,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,,

Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер