Костадиновска-Стојчевска:Културната фела треба да работи на соработка во интерес на творештвото - Канал 5

Костадиновска-Стојчевска:Културната фела треба да работи на соработка во интерес на творештвото

Проблемот со кавгата меѓу џез оркерстарот и Филхармонија беше технички, просторен, но тој исфрли на површина други појави и синдроми со кои ќе треба културната фелата да се позанимава.

Костадиновска-Стојчевска:Културната фела треба да работи на соработка во интерес на творештвото

Проблемот со кавгата меѓу џез оркерстарот и Филхармонија беше технички, просторен, но тој исфрли на површина други појави и синдроми со кои ќе треба културната фелата да се позанимава, пред сѐ во интерес на македонското творештво и македонската уметност. Мислам на недостатокот на соработка, на појавите на отфрлање на другиот наместо подавање рака, на исклучивоста и еднонасочната комуникација наместо водењето дијалог и барањето решенија, на субјективноста наспроти помагањето, истакнува министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа во интервју за „Рацин.мк“ посочува дека во земја која заедно ја градиме како едно општество за сите, среде главен град кој е Град на солидарноста, мораме да најдеме начини да се почитуваме и помагаме едни со други многу повеќе, за проблемите за простор и опрема лесно се решаваат

-Всушност, во оваа ситуација дојде до недоволно, не сакам да помислам дека тоа беше намерно, информирање на вработените во Филхармонија за тоа што всушност значи употребата на нивната адреса за формирање на новата НУ. Да напоменам, употребена е само адресата административно и формално правно. Објектот на Филхармонија е државен имот, да, но е даден на трајно користење на НУ Филхармонија. И нема друга одлука на Влада која го побива тоа. За формирање на нова национална установа потреба е адреса од државен имот додека да се комплетира администравното формирање. Иако ова беше објаснето на сите состаноци со Синдикатот при Филхамронија, ИО и дел од вработени, сепак постои силна причина да се искривуваат фактите. Во еден наврат јас и закажав состанок со сите вработени во Филхармонија со цел се ова да се избегне бидејќи културата не смее да биде мета на препукувања кои не доликуваат и кои одамна се надминати во културата, вели Костадиновска-Стојчевска.

Министерката потенцира дека секоја одлука за формирање на нова установа мора да биде пропратена со елаборат кој, пред сè, ја опишува оправданоста за формирање на Установата.

-Да, во Елаборатот за основање на НУ Џез оркестарсе наведува објектот Филхармонија, но во елаборат не се наведува од каков карактер (трајно или времено). Во Образложанието на Одлуката, кое е пропратен документ на самата Одлука, стои дека просторно времено ќе се смести до целосно формирање на новата НУ. Исто така, во Одлуката наведено е дека објектот е даден на Филхармонија на трајно користење. И да потенцираме – правна сила има Одлуката, која е објавена во Службен весник, а не Елаборатот, истакна министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 5. јули 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 5. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 5. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Едно излегување би можело да се покаже посериозно отколку што сте очекувале. Ќе стане збор за многу важни теми.

Кариера

Работите во кои се бара остроумност и специфични таленти денеска ви се многу добро поставени.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе дојде до отвореност на сите можности кога станува збор за љубовта.

Кариера

Секој ваш потег е исто толку добар , како и на другите колеги. затоа , немојте да мислите дека нешто може да скриете.

Здравје и совет

Прифатете ја реалноста.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе препознавате убавина околу себе и со доблесни намери ќе им пристапувате на лицата кои ви се допаѓаат.

Кариера

Веројатни се подготовки за краток службен пат , каде треба да ви се случат убави нешта.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Поволни љубовни можност ќе се појават и денеска . Излегување, блискост со саканата личност , задоволство и среќа се тука.

Кариера

Службено пшатување или движење во одредени кругови може да биде добро како инспирација за оригинален деловен план. Не се сомневајте во своите идеи,. одлични се.

Здравје и совет

Се се одвива според планот.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска е денот што ветува многу на љубовен план. Се ќе упатува на хармонија, размена на идеи , телепатско разбирање и поврзување.

Кариера

Ќе мора да се позанимавате со еден финансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение.

Здравје и совет

Прифатете ги предизвиците.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денот е идеален за неврзано дружење со кафенце . Излезете , разговарајте со драги луѓе или со саканата личност.

Кариера

Не е спорно дека вие сте заслужни за успеси , но спорно е колкав е вашиот удел. Можеби тоа ќе се мери.

Здравје и совет

Во право сте што негувате природен изглед.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ве обземат емоции на кои е најдобро да им се препуштите. Вашето срце ќе ви биде јасен патоказ за тоа што треба да се направи.

Кариера

Денот е одличен за секаков вид анализи. Ако има големи отстапувања, ќе ги решавате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ве очекува добраз абава со пријателите. Некои меѓу нив или со нивна помош ќе сретнат нова љубов.

Кариера

Ќе бидете сигурни во своите дела и ќе настојувате планот да го изведете до крај, но тоа ќе биде доста напорно. Сметајте на тоа.

Здравје и совет

Внимавајте на провев.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашата потреба емотивно дас е изразите ќе биде се посилна , па на партнерот ќе му шепотите нежни зборови.

Кариера

Цврсто го држите кормилото во свои раце и покрај минливите проблеми. ќе успеете да решите помала препрека.

Здравје и совет

Интересни сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе играте на сигурно. Ќе ја однесете саканата личност таму каде што знаете дека има добра забава . Ќе успеете.

Кариера

Ќе се покажете не само како одличен работник , туку и како многу добар советник за секаков вид работа.

Здравје и совет

Одете таму каде штио се чувствувате добро.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Можно е дека ќе изгубите некакви илузии во врска со саканата личност. Тоа ќе биде мал напредок во вашето созревање.

Кариера

И со каква работа да се занимавате , денеска ќе ви оди од рака. Работите ќе се решаваат самите од себе , а вие само ќе ги контролирате.

Здравје и совет

Наспијте се.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Одличен ден за излегувања , забава и нови познанаства. Се што е поврзано со тоа ,ќе ви оди од рака. Придвижете се.

Кариера

Самостојните професии денеска ќе размислуваат за смисолот на она што го работат. Некои одлуки оставете ги за утре кога се ќе биде појасно.

Здравје и совет

Послушајте го својот внатрешен глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси водителка ги откри тетоважите-„Се гледаат само кога сум без облека“

Атрактивната водителка ги откри своите тетоважи: „Имам многу, видливи се само кога не сум облечена“.

Фото: Секси водителка ги откри тетоважите-„Се гледаат само кога сум без облека“

Маја Џама го откри скриеното значење на својата тајна тетоважа на арапски јазик, која се протега преку нејзиниот бут и која ја направила кога имала само 15 години.

Шармантната водителка Маја Џама често е во центарот на медиумското внимание поради својот атрактивен изглед, но и поради малку бурниот љубовен живот. Таа неодамна раскина со фудбалерот Рубен Дијаз и се чини дека ужива во тоа што е сама.

Во кратко интервју, таа зборуваше за бројните тетоважи на своето тело, кои сепак не се толку лесно забележливи. За некои од нив го откри и нивното значење.

„Мојата прва тетоважа е оваа на бутот, веднаш над линијата на бикини-зоната. Ријана имаше тетоважа на тоа место и имам впечаток дека сите девојки веднаш побрзаа да го направат истото. Но, боже мој, имав 15 години кога со пријателките отидовме кај една жена во Бристол, а низ собата ѝ леташе папагал. Веројатно не ѝ било дозволено законски да нè тетовира, но сепак нè истетовира сите“, изјави таа.

-На мојата тетоважа на арапски јазик пишува: ‚Сакај како никогаш да не си бил повреден и танцувај како никој да не те гледа‘. Мислам дека навистина се водев според тоа. Тоа се двете работи што навистина ги правам! Имам доста тетоважи, но сфатив дека повеќето од нив се видливи само кога носам бикини или долна облека, бидејќи главно се наоѓаат на моите ребра, колкови и бутови“, додаде водителката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

На денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. 

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“.

Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година.

Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година.

„Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот.

Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир.

Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити.

Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер