КултураКостадиновска-Стојчевска: Културата не е семоќна, но e силна порака за живот без предрасудиМинистерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во рамки на работната посета на Стразбур присуствуваше и се обрати на седмиот пленарен состанок на Управниот комитет за антидискриминација, диверзитет и инклузија.Како што информира Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска истакна дека Република Македонија иако по територија е мала држава, таа е дом на многубројни етнички заедници. - Ромите се народ кој е признат и впишан во македонскиот Устав, имаат своја општина, свој градоначалник, своја локална самоуправа, единствена во Европа. Но, не значи дека предрасудите автоматски исчезнаа. Долготрајни беа напорите и на институциите, но уште повеќе на невладиниот сектор, најнапред да се направи разлика меѓу циган и Ром, да се разбере дека првиот збор има навредлива симболика, а дека вториот е точниот збор. Ром како народ, рече министерката за култура. Таа додаде дека високо ценејќи ја културата на Ромите и нејзината посебност како нивно нераскинливо идентитетско обележје, Министерството за култура, и покрај неколку слабости што ги акцентираше во Националниот акциски план за културата, е силен сојузник и поддржувач на реализацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 – 2030. - Во Стратегијата, како наш долг кон уникатната ромска култура, се обврзавме на нејзино институционално зачувување, развој и промоција. Тоа го правиме и убедена сум дека ќе биде направено и порано од крајниот рок што си го зададовме. Впрочем, Ромите се нераскинлив дел од нашата заедничка култура. И колку повеќе ја осознаваме нивната култура, толку повеќе ги разбираме убавината и корисноста на различностите, рече Костадиновска-Стојчевска. Таа потсети дека и оваа година, преку Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата, Министерството за култура поддржа многубројни проекти на ромски автори, манифестации и фестивали во издавачката, фолклорната, драмската и меѓународната дејност. - Преку програмата Креативна Европа продолжи да функционира еден извонреден проект за бесплатно музичко образование за сите талентирани деца и млади кои не можат финансиски да си го овозможат ниту тоа образование, а уште помалку да купат инструмент. Невладината „Рома рок скул“ во изминатите години создаде многубројни бендови со членови од сите етнички заедници, кои на рок-музиката ѝ додадоа уникатен шарм вметнувајќи делови од ромскиот мелос. Овој проект е поддржан и од Министерството за култура, информираше Костадиновска-Стојчевска. Таа истакна дека културата не е семоќна, но е силна порака и затоа треба, како што рече, преку националните културни вредности да ја збогатиме колоритноста на идентитетската карта на Европа и со меѓусебно почитување да создадеме заеднички културен простор, удобен за сите. Според министерката за култура, во Стразбур, каде е седиштето на Чуварот на човековите права – Советот на Европа, и денес голем е бројот на претставки за непочитување на основното право – да се нарекувме онака како што чувствуваме. - За жал, слобода, демократија, човекови права и владеење на правото – зарем тоа не се вредности што сите ги заслужуваме и еднакво треба да ги уживаме. Зарем европскиот културен идентитет е целосен и реален без прифаќање на нашата разноликост. Ќе можеме ли да се справиме со негативната страна на вештачката интелигенција, а сè уште водиме битка со дискриминацијата, ксенофобијата, нетолеранцијата, говорот на омраза, трговијата со луѓе, насилството врз жените и врз децата, фемицид, криминал и корупција, интернет-криминал..., потенцираше министерката за култура. Костадиновска-Сојчевска изрази надеж и уверување дека најмладите генерации, кои сега растат во еден поинаков свет, ќе живеат во свет без предрасуди, без расизам и без дискриминација. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на седмиот пленарен состанок на Управниот комитет за антидискриминација, диверзитет и инклузија денеска во Стразбур се обрати и од името на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Владата на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00