КултураКостадиновска-Стојчевска:Ќе стипендираме студии за кадри кои се дефицитарниСо новиот Предлог-закон за културата се предвидува повеќегодишно финансирање проекти. „Ќе стипендираме студии за кадри кои се дефицитарни со обврска за студентите што се во програмата да останат, се надевам дека ќе ги задржиме студентите дома“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во денешното гостување на утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5. Таа додаде дека во Музејот на Македонија има само двајца конзерватори во моментов, чие матично поле на образование е сосема друго, но се дообразовале за конзервација на метал и текстил и останале. „Сега имаме дефицит на кадар бидејќи тие професии не станале доволно атрактивни за студентите“, рече Костадиновска-Стојчевска. Министерката посочи дека со новиот Закон за културата се предвидува повеќегодишно финансирање проекти и институции. „Во новиот Закон за културата една од новините е повеќегодишно финансирање не само на проекти туку и распределување на буџет за институции“, истакна Костадиновска-Стојчевска. „И локалните самоуправи треба да преземат дел од обврските. Жал ми е кога од локалните установи ќе слушнам дека локалните самоуправи одделувале мал буџет за култура и за поддршка на развојот на културата“, порача Костадиновска-Стојчевска. Министерката рече дека измените за повеќегодишно финансирање се прават бидејќи има проекти што не може да бидат завршени во една година зашто една година трае само подготовката на проектот за конзервација и презервација. „Во новиот Предлог-закон за културата, за кој имаше дебата и сега е во фаза на преработка по оние предлози што беа пристигнати по електронски пат, е дефинирано дека националниот интерес треба да се оддели од јавниот интерес во однос на финансирањето, но и дека треба стручните комисии да се избираат на јавен повик, да нема обвинувања до министерот, заменик-министерот, вработените во културата, дека тие наметнуваат своја волја, туку тие стручни комисии да се избираат на јавен повик“, истакна таа. Таа додаде дека манифестации како „Охридско лето“, „Струшки вечери на поезијата“, „Илинденски денови“ и други, кои имаат своја особена тежина, а воедно и ја промовираат државава надвор од нејзините граници, треба да добијат поинаков третман од оние проекти што се од јавен интерес и со поинаков карактер. „Тоа, се разбира, не значи дека не треба да се финансираат и едните и другите. Но треба да биде поинакво согледувањето на стручните комисии што ги формираме“, рече Костадиновска-Стојчевска. Министерката рече дека манифестациите кои се од национален интерес треба да добиваат постојано поголема финансиска поддршка од Министерството за култура, додека начелото на финансирање на проектите од јавен интерес треба малку да се преструктурира. На денешното утринското гостување во „Здраво Македонијо“ на телевизијата Канал 5, освен министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, гостуваа и педијатарот Аспазија Софијанова и политичкиот аналитичар Сашо Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаСобранието ќе ја одржи 125. седницаСобранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.Пратениците по скратена постапка ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог-законот за изменување на Законот за шумите. На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чумаСветската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума. Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа. СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО. На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО. Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа. Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook