3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
КултураКостадиновска-Стојчевска: КИЦ Загреб е уште една македонска порта кон заедничките вредности КИЦ Загреб е уште една македонска порта кон заедничките културни европски вредности.„По Истанбул, Софија, Тирана, Њујорк,... Загреб е петтиот македонски КИЦ во светот. Сите центри, набргу по нивното отворање, го положија испитот за нивната оправданост и неопходност. Гледам дека КИЦ во Загреб цели кон висока оценка на тој испит“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на свеченоста по повод официјалното отворање на македонскиот Културно-информативен центар во Хрватска. Костадиновска-Стојчевска на бројните гости, меѓу кои беше и министерката за култура и медиуми на Хрватска, Нина Обуљен Коржинек, им посака добре дојде во македонскиот Културно-информативен центар во главниот град на нам блиската и пријателска Хрватска за чии граѓани, како што кажа, нашата музика, нашата уметност, култура, нашите традиционални вредности имаат посебно место во нивните срца. „Но, и поради нашите, на кои овој град и оваа земја им се нивна постојана адреса на живеење – овој Центар, ова катче нека биде пократкиот пат до дома и уште една македонска порта кон заедничките културни европски вредности“, додаде Костадиновска-Стојчевска. Министерката за култура потсети дека Одлуката за основање на КИЦ во Загреб е донесена пред година и половина и набргу започнаа подготовките за неговото отворање. Таа упати благодарност до директорката на ова катче на македонската култура во Загреб, Наталија Поповска, која со успех веќе ја реализира и програмата. -Нашите чувства кон Загреб се уште подлабоки со фактот дека тука, пред 161 година, е отпечатен и првиот Зборник на македонските преродбеници, браќата Димитар и Константин Миладинов, со помош на хрватскиот бискуп и добродетел Јосип Штросмајер. Загреб е и првата станица на долгиот пат на милосрдноста на нашата Гонџа Бојаџиу, за Ватикан светица, за светот Мајка Тереза. Пред 32 години Загреб ја прогласи за свој почесен граѓанин и, како што и самата рече: „ова е градот на мојата разделба со мајка ми и сестра ми и почеток на мојата мисија“ – нагласи Костадиновска-Стојчевска. Таа посочи дека преку Годишната програма за поддршка на проекти од областа на културата, Министерството за култура со години ги поддржува проектите на Здружението на хрватската заедница во Македонија. „Ме радува фактот што и македонската заедница во Хрватска е уважена и почитувана. Затоа верувам дека овој простор никогаш и никого нема да го остави рамнодушен“, додаде македонската министерка за култура. Хрватската министерка за култура и медиуми Нина Обуљен Коржинек изрази задоволство што заедно со македонската министерка за култура го отворија Културно-информативниот центар на Република Македонија во Загреб, кој, како што рече, ќе биде центар не само на нови знаења за вредната македонска култура, но и нова платформа за презентација за македонските уметници, во корист на уште поплодна заедничка културна соработка. „Историјата и културата на хрватскиот и македонскиот народ се испреплетени со делување на истакнати поединци, а денес нашите културни сцени би биле посиромашни без гостувањата и заедничките програми на хрватските и македонските уметници“, додаде Обуљен Коржинек. Свеченото отворање на петтиот македонски КИЦ во светот кој се наоѓа на улицата „Хебрангова“ број 4 во Загреб, беше збогатено со изложба на уметнички фотографии „Македонија низ објективот на хрватски фотограф Марио Пуциќ“. На свеченоста присутвуваа и македонски студенти кои студираат во Хрватска, а беа прочитани и сегменти од драмите на Горан Стефановски кои се преведени на хрватски јазик, како и расказ од Славко Јаневски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ФудбалЛукаку се повлече од репрезентацијата на БелгијаБелгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола. Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години. Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера. Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 годинаВашиот глас е важен. Вашите идеи, предлози и барања можат да станат конкретни проекти и активности што ќе го подобрат секојдневието во нашата општина. Општина Карпош ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во Форумот за граѓански буџет за 2027 година и заеднички да ги утврдиме приоритетите за развој. Форумите ќе се одржат во холот на општинската зграда, во периодот од 15:00 до 17:00 часот, според следниот распоред: I БУЏЕТСКИ ФОРУМ – ВЛАЕ, ЗЛОКУЌАНИ И БАРДОВЦИ • У.З. Влае 1 • У.З. Влае 2 • У.З. Злокуќани • М.З. Бардовци II БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КАРПОШ И ТАФТАЛИЏЕ • У.З. Карпош 1 • У.З. Карпош 2 • У.З. Карпош 3 • У.З. Карпош 4 • У.З. Тафталиџе 1 • У.З. Тафталиџе III БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КОЗЛЕ, МЛЕЧЕН И НЕРЕЗИ • У.З. Кузман Јосифовски-Питу (КЈП) • У.З. Пецо Божиновски-Кочо (ПБК) • У.З. Владо Тасевски (Млечен) • У.З. Нерези Да креираме заедно затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЦрвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од Лигата на нацииНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20-45 часот на арената Тоше Проески во Скопје против незгодната селекција на Словенија, го игра последниот натпревар од групната фаза во сегментот Б од Лигата на нации. Избраниците на Седлоски на дуелот против Словенија ќе се обидат да стигнат до првиот бод освоен сезонава во Лигата на нации. По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна. Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13:9. Последниот меѓусебен натпревар, одигран на 29 септември во рамките на Б Лигата на нации, заврши со победа на Словенија од 2-0. Историјата на меѓусебните пресметки започна на 13 октомври 1993 година во Крањ, кога Македонија го одигра својот премиерен меч како национален тим, а тоа воедно беше прв натпревар против Словенија и забележа убедлива победа од 4:1. Само пет месеци подоцна, на 23 март 1994 година, двете селекции повторно се сретнаа, овојпат во Скопје. Македонија славеше со 2:0 и ја потврди добрата традиција против словенечката репрезентација.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook