Костадиновска-Стојчевска: Кај младите да се поттикнува интересот за културното наследство - Канал 5

Костадиновска-Стојчевска: Кај младите да се поттикнува интересот за културното наследство

Од огромна важност е подигнувањето на јавната свест за значењето, вредноста, грижата и заштитата на нашето културно наследство како дел од заедничките цивилизациски придобивки.

Костадиновска-Стојчевска: Кај младите да се поттикнува интересот за културното наследство

По повод Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска го посети музејот под отворено небо – Неолитско село на археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје.

Костадиновска-Стојчевска, како што соопшти Министерството за култура, посочи дека по повод 18 Април, Светскиот ден на културното наследство, прифатен од УНЕСКО како Светски ден на спомениците и археолошките локалитети, денеска ширум се отворени вратите на сите музеи и локалитети во државава.

-Од огромна важност е подигнувањето на јавната свест за значењето, вредноста, грижата и заштитата на нашето културно наследство како дел од заедничките цивилизациски придобивки. Симболично, но суштински, обезбеден е слободен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден. Веруваме дека ова ќе биде предизвик за голем број од пошироката јавност да ги посети, да се информира, да го збогати своето знаење, а сето заедно да придонесе за подигнување на свеста за значењето на културното богатство што го поседуваме, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката Костадиновска-Стојчевска упати честитки до националните установи, кои подготвија програма со која даваат придонес кон приближувањето на значењето на културното наследство до најмладите, до оние во чии раце во иднина ќе остане обврската за негово чување.

Светскиот ден на културното наследство има голема традиција и стратегиски пристап во изборот на темите, па така годинава фокусот е на „Промените на културното наследство“, теми што се во контекст на климатските промени.

- Со еднаква свест дека климатските промени ги загрозуваат и нашите идентитети посегнувајќи токму по културното наследство, наша обврска е силно и посветено да работиме на стабилизирање и конзервирање на историските објекти и локалитети кои, според процената и на светски авторитети, директно се изложени на екстремноста на климатските промени, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура во музејот под отворено небо „Неолитско село“ на локалитетот Тумба Маџари во Скопје присуствуваше на предавање за средношколци, на кои им беа презентирани новите технологии што се користат во археолошките истражувања како недеструктивни методи, пред сè, употребата на георадар.

Со овој метод, преку употребата на георадар, археолозите можат да добијат значајни податоци во потповршинските слоеви кои понатаму можат многу да помогнат при самите археолошки ископувања без притоа да се отвораат сонди што не даваат резултати, што заштедува големи финансиски средства и човечки потенцијал.

Новите методи, кои ги спојуваат археологијата, геофизиката и науката за почвата, се застапени и во програмата на Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, со што, како што кажа министерката за култура, имаме заложба оваа полезна практика да ја применат и другите надлежни установи.

- Запознавањето на младите со интердисциплинарниот пристап и новите технологии во археологијата е од огромно значење и верувам дека ќе предизвика поголем интерес за археолошкото богатство и заштитата на културното наследство, рече министерката за култура. Таа потсети дека во екот на пандемијата од КОВИД-19, Владата трипати го зголеми буџетот за заштита на културното наследство и отвори нова буџетска линија за итна интервенција на културното наследство во опасност.

Честитајќи го Светскиот ден на културното наследство, Костадиновска-Стојчевска додаде дека и во услови на редефинирани буџети поради економската криза, Министерството за култура останува посветено на заштитата на културното наследство и неговата непроценлива цивилизациска вредност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат  Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер