Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
1Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
КултураКостадиновска-Стојчевска: Инвестираме во реконструкција на Центарот за култура во ГостиварКако Министерство поддржуваме многубројни проекти од областа на култура и заедно со поддршката што ја даваме преку Националниот конкурс за финансирање на проекти односно преку годишната програма.Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска за време на посетата во Гостивар информираше дека континуирано инвестираат во реконструкцијата на Центарот за култура „АСНОМ“, при што во 2022 година се инвестирани 10.193.000 денари за изведување на термоизолациска фасада на објектот, а како што посочи, продолжуваат и со целосна реконструкција на кровот на Националната установа Театар. Костадиновска-Стојчевска, која денеска е во посета на Гостивар заедно со заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик министерката за здравство Маја Манолева, оствари средби со повеќе културни работници од овој град. -Како Министерство поддржуваме многубројни проекти од областа на култура и заедно со поддршката што ја даваме преку Националниот конкурс за финансирање на проекти односно преку годишната програма, вложуваме и во објектите кои се важни за развој на културната сцена. Еден од тие објекти е токму Центарот за култура „АСНОМ“ каде што Министерството од 2018 година наваму активно вложува во подобрување на инфраструктурата и на внатрешноста за непречено функционирање на установата, рече министерката. Таа информираше дека од 2018 година се вложени и средства за подобрување на архивските простории во Центарот за култура. -Вложуваме и во подобрување на условите за Националната установа Театар во Гостивар и продолжуваме да вложуваме активно секоја година преку програмата на Министерството, за комплетна санација на кровната конструкција. Оној дел којшто беше најкритичен е саниран, така да продолжуваме понатаму со целосна реконструкција на кровот на оваа национална установа, додаде министерката. Прашана дали се размислува Театарот да има свој објект одвоен од Центарот за култура, Костадиновска-Стојчевска рече дека ова не е единствен случај каде што две установи функционираат заедно, но е позитивен пример за за поефективно и поефикасно работење. -Мислам дека овој позитивен пример треба да го негуваме, но доколку некогаш во иднина се создадат услови за посебна зграда за Националната установа Театар Гостивар, секако дека ќе биде опција, додаде Костадиновска-Стојчевска. На новинарско прашање за Националната установа Галерија Гостивар, министерката потврди дека е во фаза на формирање. -Сега установата има само в.д. директор и Управен одбор. Тој Управен одбор треба да го заврши административниот дел на формирање, односно треба да направи статут и своја систематизација. Кога таа систематизација ќе ги помине сите филтри, последниот чекор ќе биде распишување на оглас за директор со мандат и понатаму веќе продолжуваме со се она што ќе и треба на таа установа. За оваа установа сме во потрага по нови простории. Размислуваме како да го решиме нивното просторно уредување, но сега административниот дел е она што треба да се заврши за установа да има и начин како за наредната година да аплицира на конкурсот за финансирање на проекти, додаде Костадиновска-Стојчевска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПолета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата. Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час. Тагови: електричен авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Автомобилизам„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС. „Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “. You’ll want to hear this. For the drivers, with an all-motor heart born from racing. Ford Mustang Cobra, a Legacy Reborn. The story continues in 2027. https://t.co/fogI982jfl — Ford Racing (@FordRacing) November 10, 2026 Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС. За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент. Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС. Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име. Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање. Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“. Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати. Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена. „Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин. Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија. „Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ. Либерално-демократска партијаТагови: Емил Кирјас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook