Костадиновска-Стојчевска: Годинава повеќе средства за културата во Охрид - Канал 5

Костадиновска-Стојчевска: Годинава повеќе средства за културата во Охрид

Со средства од над 12 милиони денари, ќе реализираат 30 проекти од сите сегменти за заштитата на културното наследство.

Костадиновска-Стојчевска: Годинава повеќе средства за културата во Охрид

Годинава за културата во Охрид се издвоени повеќе средства за разлика од лани, односно сите институции од областа на културата во 2022 година добија поголем буџет, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која вчера ги посети националните културни установи во Охрид.

Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска истакна дека Охрид поседува ретко светско природно и културно богатство и имаме обврска да го зачуваме, и во таа смисла, посочи дека Заводот и музеј од Охрид доби четири милиони денари повеќе од минатата година.

Со средства од над 12 милиони денари, ќе реализираат 30 проекти од сите сегменти за заштитата на културното наследство.

Министерката за култура нагласи дека најголем буџет од Министерството за култура е издвоен за почеток на конзерваторско-реставраторските работи на заштитените градби, какви што се: Куќата на Момирови која е во сопственост на НУ Завод и музеј – Охрид и е лоцирана веднаш над Античкиот театар, Куќата на Калајџиеви од село Вевчани, како и зградата на ул. „Партизанска" бб од Струга, за кои се обезбедени вкупно осум милиони денари.

Продолжуваат систематските археолошки ископувања на Самуиловата тврдина, а по долгогодишна пауза, стручните екипи повторно ќе се навратат на локалитетот Плаошник. Ќе започне и реализација на проектот за конзервација и реставрација на архитектурата на базиликата од ранохристијанскиот период кај „Св. Еразмо".

– Обезбедивме средства за осовременување и подобрување на условите во изложбениот простор во музејот Куќата на Робевци и во Галеријата на икони, како и за збогатување на етнолошката збирка со виолината на познатиот охридски трубадур Климе Садило, рече Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека ќе продолжи постапката за доопремување со техничка опрема на конзерваторските лаборатории од НУ Завод и музеј – Охрид, во кои секоја година се конзервираат и реставрираат голем број движни наоди од музејските збирки.

Повеќе средства од буџетот на Министерството за култура за 2022 година се издвоени и за Центарот за култура „Григор Прличев" од Охрид, каде што и годинава ќе се реализираат многубројни проекти, меѓу кои се манифестациите со традиционален карактер – „Прличеви беседи" и „Балкански фестивал". Министерството за култура издвои средства за набавка на нова светлосна лед-опрема за потребите на Театарот и на сите придружни манифестации што се одржуваат во установата, како и за промена на дел од застарената столарија.

– Костадиновска-Стојчевска го изрази задоволството од функционирањето на Библиотеката „Григор Прличев" од Охрид, која ќе реализира девет проекти, а наскоро во Библиотеката ќе биде отворено Италијанското катче за чие опремување се очекува помош и од Италијанската амбасада во Скопје. Значително поголем буџет е издвоен и за фестивалот „Охридско лето", кој за годинaшната фестивалска програма доби 32 милионa денари од Министерството за култура, за разлика од лани кога доби поддршка од 20 милиони денари, соопшти Министерството за култура.

Костадиновска-Стојчевска посочи дека ова се само мал дел од проектите со кои се потврдува, како што рече, грижата за културата, за уметничките дострели и за креативните модели на Охрид како голем културен центар во земјава и на Балканот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крилесто чудовиште се појави на небото над Мексико- луѓе веруваат дека е праисториски предатор (ВИДЕО)

Невообичаен летачки објект кој личи на „медуза“ и суштество „слично на птеродактил“ – летачки влекачи од ерата на диносаурусите – го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи во последниве денови.

Крилесто чудовиште се појави на небото над Мексико- луѓе веруваат дека е праисториски предатор (ВИДЕО)

На интернет се појавуваат сè повеќе снимки за кои некои веруваат дека прикажуваат „непознати суштества“ или „летачки објекти“ на небото над различни делови од светот. Сепак, нивната автентичност не е потврдена и досега нема сигурни докази дека е снимено нешто „непознато“.

Откако Сара Џејн Осборн снимала НЛО на небото над Алјаска кое изгледа како „медуза“, сега има вирално видео од Мексико кое прикажува суштество кое изгледа како „праисториски птеродактил“.

„Заборавете го НЛО слично на медуза, птеродактил се појави во Мексико“, напиша еден корисник на платформата X, заедно со видео од наводното „суштество“.

Снимката покажува „голема, темна силуета со раширени крилја“, наводно снимена во близина на далноводи, дрвја, градски светла и планина што доминира во позадината. Сепак, врз основа на вакви слики, тешко е да се утврди за каков феномен всушност станува збор, објавува WIO News.

Објавата на истражувачкиот новинар Хаиме Масан привлече посебно внимание, кој сподели видео од наводното суштество и праша дали тоа може да биде „доказ за постоење на димензионален портал во долината Хуарез“ на далечниот север од Мексико.

Сепак, ваквите претпоставки не се поткрепени со научни докази. Експертите ја отфрлија можноста за сигурна идентификација врз основа на кратки клипови.

Не треба да се исклучува можноста снимката на крилест предатор да е создадена со употреба на вештачка интелигенција (ВИ). Со оглед на тоа што дигитално обработените и генерираните видеа сè повеќе се појавуваат на социјалните мрежи, што може да изгледа многу убедливо, не е исклучено дека ваквите сцени се и резултат на напредна технологија.

Без независна анализа и верификација на потеклото, невозможно е со сигурност да се утврди дали станува збор за реални феномени, оптички илузии, монтажи или содржина создадена со употреба на ВИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германските шпиони добиваат многу поголеми надлежности: Вакво нешто не е видено 100 години!

Германскиот парламент усвои пакет законски мерки со кои се прошируваат овластувањата на разузнавачките служби, во време кога Русија води хибридна војна насочена, меѓу другото, и кон Германија.

Германските шпиони добиваат многу поголеми надлежности: Вакво нешто не е видено 100 години!

Законот што го усвои Бундестагот во петокот им дава зелено светло и на домашните и на странските разузнавачки служби да вршат надзор со значително помалку ограничувања, како и, за прв пат во повоената историја, да преземаат операции насочени кон спречување, заведување и манипулирање на противниците, пишува „Фајненшл тајмс“.

„Германија е секојдневно нападната: зборуваме за сајбер напади, саботажи, шпионажа и беспилотни летала што летаат над нашите воени објекти и аеродроми“, рече Марк Хајнрихман, претседател на парламентарниот комитет одговорен за надзор на разузнавачките служби.

„Досега, разузнавачките служби можеа да ги детектираат и следат овие закани. Сега тие ќе можат и да интервенираат.“

На конечното гласање во петок, 13 ноември, 309 пратеници гласаа за законот, 190 против, а 71 воздржани. Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AfD), која веќе е под надзор на разузнавачките агенции, и крајнолевичарската партија Ди Линке гласаа против неа.

Иако германската служба за надворешно разузнавање е најголема во Европа, нејзините операции честопати беа ограничени со рестриктивно законодавство поради историјата на Германија.

Правните предизвици и реформите усвоени во текот на изминатата деценија, по откритијата што ги разоткрија врските на Германската федерална разузнавачка служба (BND) со американските разузнавачки агенции, доведоа до сè посложена бирократија која стана сè потешка за управување. Како резултат на тоа, германските разузнавачки служби заостануваат зад оние на другите европски земји.

Затоа, законот за проширување на овластувањата на разузнавачките служби беше неопходен во време кога Кремљ ја засили својата агресивна кампања на хибридно војување и шпионажа. Во текот на 2025 година, беа регистрирани 474 случаи на политичка и технолошка шпионажа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кајли Џенер си разменува нежности со Шаламе- на истиот настан е и таткото на нејзините деца (ФОТО)

Кајли Џенер (29) се појави со момчето Тимоти Шаламе (30) на овогодинешните доделувања на наградите „Гувернерс“ во Холивуд. 

Кајли Џенер си разменува нежности со Шаламе- на истиот настан е и таткото на нејзините деца (ФОТО)

Ријалити ѕвездата привлече внимание со елегантен винтиџ фустан, но интересно е што нејзиниот поранешен партнер, раперот Тревис Скот (35), со кого има две деца, исто така беше на истиот настан, пишува „Дејли меил“.

Кајли и Тимоти се држеа за раце

Кајли го прескокна црвениот тепих, но на Инстаграм покажа што носеше за вечерта. Таа избра винтиџ златен фустан од Роберто Кавали од 2006 година, кој ја следеше линијата на телото и имаше долга перка.

Шаламе прошета сам по црвениот тепих, облечен во црно одело со вратоврска. Подоцна двојката беше фотографирана заедно во внатрешноста на местото каде што се одржуваа доделувањата.

Пред да пристигнат на настанот, двајцата објавија фотографии на социјалните мрежи. Кајли го покажа фустанот и чевлите, додека Шаламе сподели фотографија од автомобилот со натпис „Ноќно излегување!“. Иако пристигнаа заедно на доделувањето на наградите, тие не објавија заедничка фотографија.

Тревис Скот исто така беше на настанот

Раперот Тревис Скот, поранешен партнер на Кајли и татко на нејзините деца, осумгодишната Сторми и четиригодишната Ејр, исто така се појави на истото доделување на наградите. Сè уште не е познато дали Кајли и Тревис се запознале во текот на вечерта.

Кајли и Тревис беа во повремена врска од 2017 до 2022 година. Неколку месеци по нивното конечно раскинување, Кајли започна врска со Шаламе, а тие се заедно од април 2023 година.

Тие јавно ја потврдија својата врска кон крајот на 2023 година, додека првпат се појавија заедно на црвениот тепих во мај 2025 година на доделувањето на италијанските филмски награди „Давид ди Донатело“.

Шаламе јавно ја искажа својата љубов кон неа

Во последните месеци, двојката сè почесто оди заедно на јавни настани. Во јануари оваа година, Шаламе јавно ѝ се заблагодари на Кајли на доделувањето на наградите „Критичарс Чојз“, за време на неговиот говор по освојувањето на наградата за најдобар актер за филмот „Марти Суприм“.

„Сакам да му се заблагодарам на мојот партнер, со кого сум три години. Ви благодарам за сè што изградивме заедно. Ве сакам. Не можев да го постигнам ова без вас. Ви благодарам од дното на моето срце“, рече актерот, а Кајли му испрати бакнеж од публиката.

Доделувањето на наградите „Гувернерс“ се одржа на 15 ноември во Холивуд. Меѓу почесните добитници на Оскар оваа година беа актерката Глен Клоуз, режисерот Ридли Скот и аниматорот Флојд Норман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер