КултураКостадиновска-Стојчевска: Функционирањето на библиотеката во Тетово не е доведено во опасностБиблиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово само ги менува просториите во рамките на истата институција, односно останува во тетовскиот Центар за култура. Значи дека само од едни 460, ако не се лажам, метри квадратни се преместува во други 460 метри квадратни, што значи дека функционирањето на библиотеката воопшто не е доведено во никаква опасност, изјави денеска на прес-конференција, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Таа беше прашана за дислокација на библиотеката во Тетово и оти вработени се жалеле дека немаат основни услови за работа. До неа, како што нагласи, немаат пристигнато никакви реакции, ниту од вработените, ниту од директорката. - Напротив, ова беше направено со нивна согласност. Кога ќе се преместат во новите 460 метри квадратни, во истата институција каде што се, таму ќе се направат потребните реновирања, доколку има потреба, за да се адаптира тој простор. Тоа ќе се направи со многу голема брзина за да не се загрози, да не се доведеме во ситуација библиотеката да не работи, децидна беше министерката. Според Костадиновска-Стојчевска, ова од никогаш не била крајната дестинација на библиотеката. - Таа ќе биде сместена во новиот објект што се гради, што со одлука на Влада е проектирано дека треба да се заврши во 2027 година, за што се изделени 39 милиони евра, каде што во нова зграда ќе бидат сместени и библиотеката во Тетово и театарот. Што значи дека до финализирање на тој објект, во Центар за култура ќе функционира како и досега, непречено, истакна министерката, одговарајќи на новинарски прашања. Таа додаде дека библиотеката ќе се премести на друга страна во самиот Центар за култура. - Не е точно дека таму нема да можат да функционираат. Се работи за простор што е уште поосовременет. Тој простор досега го користеше Универзитетот во Тетово, реновиран и постојано одржуван токму за потребите на Универзитетот. Доколку има потреба, ние како Министерство, повторно ќе вложиме во тој простор, појасни Костадиновска-Стојчевска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook