КултураКостадиновска-Стојчевска: Францускиот јазик е отворен прозорец кон различен поглед на светот„Францускиот јазик е отворен прозорец кон различен поглед на светот“.Францускиот јазик е отворен прозорец кон различен поглед на светот, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на новите простории на Центарот за француски јазик „Француската алијанса“ - Тетово во Центарот за култура. -Ќе ве потсетам на францускиот писател Виктор Иго кој рекол, „La langue française est une fenêtre ouverte sur une vision différente du monde“ - „Францускиот јазик е отворен прозорец кон различен поглед на светот“. Затоа Француската алијанса игра важна улога во промовирањето на културната размена и разбирање, што претставува вистински предизвик во денешното глобално општество. Францускиот јазик има богата историја, а неговото учење може да отвори нови можности за личен и професионален раст и развој на секој поединец. Како ‘Француската алијанса’ - Тетово сте витален дел од промовирањето на оваа културна размена овде во Македонија и ви посакувам успех во вашите идни напори, заклучи Костадиновска-Стојчевска. Како што соопштуваат од Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека додека го славиме Месецот на франкофонијатаво нашата земја, ја препознаваме важноста од промовирање на францускиот јазик и култура. -Францускиот јазик го зборуваат над 300 милиони луѓе ширум светот, што го прави важна алатка за комуникација и културна размена. Во Македонија, ’Француската алијанса’ континуирано е составен дел од оваа иницијатива, која неуморно работи на обезбедување можности на заедницата да учи и да се вклучи активно во француската култура“, додаде таа. Министерката посочи дека овој нов простор ќе им овозможи на тетовчани да ги прошират своите активности и да обезбеди уште повеќе можности за да ја научат и доживеат вистински француската култура. На промовирањето на „Француската алијанса“ - Тетово присуствуваше и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, при што истакна дека таа има клучна мисија и визија на промовирање на францускиот јазик и култура со верба дека овој нов простор ќе овозможи дополнително да се зајакнат врските помеѓу двете земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИскра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОККОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази. Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески. Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси. Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојкатаОхридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. Инцидентот се случил во саботата навечер кога девојката била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според неофијалните информации, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнале меѓусебна расправија.. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет.. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали.. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид..Тагови: жртви на насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook