МакедонијаКостадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска плата вработените во култура според колективен договор?Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската седница за пратенички прашања упати остри критики до министерот за култура Зоран Љутков.Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската седница за пратенички прашања упати остри критики до министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го за недоследности во одговорите, непознавање на документите што ги потпишува и непочитување на законските обврски. Нејзините три пратенички прашања се однесуваа на нетранспарентноста во работењето на Министерството, доцнењето и контрадикторностите во одговорите, како и на односот кон вработените и клучните културни политики. Во продолжение интегрален текст од прашањето Костадиновска-Стојчевска: Министре, упорно продолжувате да не знаете што одговори се праќаат во ваше име до Собранието на пратеничките прашања и што потпишувате. Имено, на моите три пратенички прашања поставени на 12.06.2025 година за тоа кој е државен секретар во министерството кое вие го раководите, иако бевте присутен на самата седница, сепак добив писмен одговор на 27.02.2025. Рокот за одговор на пратенички прашања е десет дена согласно Деловникот, член 43 став 2.И да го занемариме рокот во којшто службите ви одговориле е дека во периодот од 22.05 до 26.05.2025 година Министерството за култура немаше именувано лице на позицијата државен секретар во Министерството за култура и туризам. Јас, министре, овде го имам документот од 19.05, каде што лицето коешто ви беше државен секретар вие го разрешувате од државен секретар, а на 28.05 ја унапредувате истата личност. Значи, уште не е државен секретар и во тој период во којшто ви го напишале службите во пратеничкото прашање, каде што таа работи и функционира како државен секретар, што значи имала средби на разни настани, средба со амбасадор на соседна држава и е дел од делегацијата во Ватикан. И како врв на ова, со пратеничкото прашање коешто го потпишавте и го пративте до Собранието, вие давате одговор дека нешто не ви е во ред со датумите и со документацијата. Овие документи, министре, и овие објави се направени од вас, потпишани од вас, од вашата администрација. И за разлика од вас, јас имам кај мене документи коишто се ваши, не како вие што правите на вашите прес-конференции каде што мавтате со документи од друг министер пред вас. Нема потреба, како јуни минатата година, да повикувате веднаш компјутерски криминал да истражува како излегле овие документи. Доволно е само да читате што потпишувате и да се грижите повеќе за вработените, наместо да ги казнувате. Минатиот пат не бевте на седницата за опозициски пратенички прашања и вашиот, рече дека на сите три прашања ќе одговори писмено. Еве, повеќе од две-три недели, повторно нема одговор, а сите три прашања имаат една единствена цел – да одговорите зошто министерството две години по ред не постапува по член 65 став 4 од Законот за култура, каде стои дека министерството е обврзано да ги објави резултатите на веб-страницата на министерството, особено за националните установи. Нема ниту еден пилот-проект, како вашиот измислен делегиран буџет, да го покрие тоа дека две години не се јавно достапни резултатите од годишниот конкурс. Она што е добро во целата ситуација е дека, после моето прашање до заменик-министерот, добар дел од националните институции почнаа сами да ги објавуваат резултатите од годишната програма, односно да не ве слушаат, знаејќи дека повторно по стоти пат ги носите во ќорсокак, како што го правите и со пресметките за плата. Моите три прашања тоа се следните: Прво, како планирате и што планирате да направите за да го заштитите Курбиново со 20.000 денари за 2026 година, знаејќи дека и денес, како што пишуваа порталите, Управата за заштита не успеала да потпише ни дозвола, а имавте две години да направите експропријација на имотот околу црквата? До каде сте со Законот за култура, Законот за заштита на културното наследство, Стратегијата за култура – денес ја објавивте после скоро две години на веб-страницата на министерството и на ЕНЕР, Стратегијата за креативни индустрии, кои патем најавувате дека ќе ги укинувате кога бевте опозиција, ама изгледа нешто се има сменето, и уште ред други документи кои се основни документи на Министерството за култура. Или поедноставно, кој е еден стратешки закон којшто сте го сработиле за скоро две години? И третото прашање: Дали вработените во култура ќе ја земат мартовската плата по упатството што денес пак го пративте, потпишано само од вас, или по Општиот колективен договор, согласно член 14 став 1?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМарјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје Зимско или летно сметање на времето? Научниците откриваат кое е подобро за здравјетоДодека се расправа за укинување на сезонското менување на времето, се поставува клучно прашање: кој временски стандард треба трајно да се усвои – летното сметање на времето или зимското? Нова канадска анализа заклучува дека за здравјето подобар избор е зимското сметање на времето бидејќи порано овозможува пристап до утринска светлина, пренесува ScienceAlert. Усвојувањето на трајно летно сметање на времето би обезбедило подолги вечери, но истовремено би го одложило изгрејсонцето во зима за еден час. Тоа значи дека луѓето што стануваат рано за работа или училиште би поминале поголем дел од утрото во темнина. Психијатарот Рејмонд Лам од Универзитетот во Британска Колумбија и неговите колеги ги процениле здравствените последици од трајното летно сметање на времето наспроти трајното зимско време. Нивната анализа ги вклучува постојните истражувања за биолошките ритми, сонот, расположението и економските влијанија, а исто така ги проучува и искуствата на земјите што веќе вовеле трајно сметање на времето. Влијание врз биолошкиот часовник Главниот биолошки часовник во мозокот ги регулира сонот, будноста и другите телесни функции; за да функционира правилно, потребна му е секојдневна синхронизација со денот. Утринската светлина помага да се помести кон порано време, додека вечерната светлина го поместува кон подоцнежно време. Еден од авторите на студијата, Ралф Мистлбергер од Универзитетот „Сајмон Фрејзер“, го објаснува ова преку едноставна аналогија: „Тоа е како да имате рачен часовник што доцни десет минути секој ден, па секое утро мора да го поместите напред.“ Со помалку утринска светлина, ритамот на спиење може да се помести кон подоцнежно будење, додека обврските како училиште и работа и понатаму почнуваат во исто време. Па, будењето навреме често резултира со кратко спиење. Разликата помеѓу биолошкиот часовник и општествениот распоред, се поврзува со полошо физичко и ментално здравје. На пример, во Торонто, со зимското сметање на времето сонцето би изгревало во 7:51 часот наутро на почетокот на јануари, додека со летното сметање на времето тоа би се случило дури во 8:51 часот. Жител што се буди во 7:00 часот би станал пред изгрејсонце и во двата случаја, но со зимското сметање на времето, денот всушност би започнал еден час порано. Искуства и ризици Истражувачите, исто така, анализирале географски податоци. Студиите покажуваат дека луѓето што живеат на западниот раб од нивната временска зона - каде што сонцето изгрева подоцна – во просек спијат помалку и имаат полоши здравствени и економски исходи. Иако овие асоцијации не докажуваат директна причинско-последична врска, тие сугерираат негативно влијание поврзано со подоцнежното изгрејсонце. Исто така се разгледувало и сезонското афективно нарушување - форма на депресија што често се јавува во зима. Едно водечко објаснување е дека биолошкиот часовник заостанува поради доцнење на утринската светлина. Додека терапијата со јака утринска светлина помага да се помести биолошкиот часовник на порано време, подоцнежното изгрејсонце има сосема спротивен ефект. Тинејџерите и младите лица може да бидат особено ранливи, бидејќи нивниот биолошки часовник природно се поместува кон подоцнежно будење во оваа фаза од животот. И покрај ризиците, некои региони веќе се одлучија за трајно летно сметање на времето. Британска Колумбија, Алберта и Северозападните Територии во Канада повеќе нема да ги поместуваат часовниците во ноември. Во САД, Претставничкиот дом во јули усвои предлог-закон за трајно летно сметање на времето, кој во моментов чека одлука од Сенатот. Сепак, историјата покажува дека таквите одлуки не се секогаш долготрајни. САД воведоа летно сметање на времето во 1974 година, но после една година се откажаа од него поради грижата за децата кои патуваат на училиште во темница. Русија го повлече истиот потег во 2014 г. откако во 2011 г. беше воведено летно сметање на времето во текот на цела година. Препораки од научниците Авторите на студијата, објавена во списанието *Canadian Medical Association Journal*, се свесни дека трајно зимско сметање на времето резултира со порано заоѓање на сонцето во текот на зимата, додека многу раното изгрејсонце во лето би можело прерано да буди некои луѓе. Сепак, тие истакнуваат дека поголем дел од доказите одат во прилог на стандардното време како поздрава опција. Нивната примарна препорака е усвојување на трајно зимско сметање на времето. Доколку властите сепак одлучат трајно да воведат летно сметање на времето, научниците советуваат воведување мерки за ублажување на последиците. Овие мерки вклучуваат можност за подоцнежно почнување на наставата и работниот ден, подобрено изложување на силна светлина во затворени простории во утринските часови, како и следење на показателите како што се проблемите со спиењето, зимската депресија и бројот на сообраќајни несреќи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter