Костадиновска – Стојчевска: Џез-оркестарот ќе добие свој простор под опера и балет - Канал 5

Костадиновска – Стојчевска: Џез-оркестарот ќе добие свој простор под опера и балет

Националниот џез-оркестар ќе добие свој траен простор, под објектот на Националната опера и балет кажа денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Костадиновска – Стојчевска: Џез-оркестарот ќе добие свој простор под опера и балет

За ова трајно решение одлучи владата на денешната седница. таа побара јавно извинување од директорката на филхармонија и од синдикатот за кои вели дека манипулирале со јавноста.

Новоформираната Национална установа Џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова трајна адреса, под Националната опера и балет, информираше на денешната прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Поточно, како што информира министерката, станува збор за зграда 1, влез 1 на булевар „Гоце Делчев“ број 4 на катастерска парцела број 9505/1, катастарска општина Центар 1, имотен лист 40986, односно дека се работи за 475 квадратни метри од вкупниот простор од 1448 квадратни метри под Национална опера и балет, за чие соодветно реновирање има и проект и обезбедени средства.

- Овој простор од 476 квадратни метри е со трајно користење на Министерството за култура. Откако беше заокружен целиот процес, кој заради почитување на законските процедури и рокови што неминовно траеше неколку недели, Владата на денешната седница донесе одлука овој простор да и припадне на НУ Џез оркестар и на тој начин најдобро да се искористи и сочува државниот имот, додаде Костадиновска Стојчевска.

Таа нагласи дека иако се работи за државен имот, беше потребно време за комплетирање на документацијата, запазување на сите законски постапки и изготвување на проект за реконструкција и адаптација на просторот, а сето тоа одеше етапно и се разгледуваше на неколку владини седници

- Јас моето ветување кон јавноста, а пред се кон вработените кон Филхармонија го исполнив и со оглед на обемноста на документацијата и запазување на сите неопходни процедури, ова ветување го доржив во реално најкус можен временски период. Ветив и ветувањето го исполнив. Чесен епилог на сево ова е извинувања кон јавноста и публиката од директорката и управниот одбор кои свесно манипулираа со врвни музичари, но и со авторитети од светот на културата, убедувајќи ги дека јас и оваа Влада сакаме да ја земеме зградата на Филхармонија и воедно свесно ги изложија на критики од јавноста како нетрпеливи и безобзирни домаќини, додаде министерката.

Таа посочи оти верува дека вработените во Филхармонија ќе си останат на зборот дека нивните колеги од Џез оркестарот ќе можат да ги одржат своите генерални проби и концерти во зградата на Филхармонија.

- Ги повикувам сите вработени во Филхармонија да ги запрат протестите и да се вратат во нормалниот ритам на работа, да се посветат на творештвото и да дадат придонес во нормализација на односите. Тоа сите и го должиме на публиката. Да го дочекаме големиот Мехта достоинствено. Ова е крај на манипулативните и непотребно создадени тензии меѓу колеги музичари. Не сакам да навлегувам во тоа кому и зошто му беа потребни, но тие тензии се создадени и прават штета. Сите имаме одговорност да создаваме решенија. А тие што одбиваат да градат мир, чесно е да се повлечат, додаде Костадиновска Стојчевска.

Таа на музичарите и од Филхармонија и од Џез оркестарот им посака успешна и плодотворна работа и соработка.

- Просториите на Националната установа Џез оркестар се спроти просториите на Културно уметничкото друштво „Орце Николов“. Верувам дека ќе бидат добри соседи и, на наше задоволство, можеби ќе нè изненадат со некој уникатен заеднички проект, додаде Костадиновска Стојчевска.

На прашање кога конкретно НУ Џез оркестарот ќе влезе во новите простории, таа посочи дека просториите би требало да бидат оспособени до крајот на годината.

- Наредна недела ќе го објавиме идејното решение, ќе имаме јавна презентација и бидејќи се работи за веќе обезбедени финансиски средства, јас се надевам дека реконструкцијата на новите простории ќе започне во најкус можен рок и дека можеби до крајот на годината веќе ќе имаме оспособени простории, за тие да можат нормално да функционираат, рече Костадиновска Стојчевска.

Прашана дали веќе правно формално е формирана НУ Џез оркестар, таа посочи дека новата установа само уште чека „црно на бело“ за своја жиро сметка и веќе е формирана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на храброста и пожртвуваноста на предците кои се бореле за слободата на Македонија.

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“

Во објавата, Мицкоски истакнува дека борците од пред 85 години немале гаранција за победа ниту сигурност дека ќе се вратат во своите домови, но верувале дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.

Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината мора да дочека подобро утро. Тие немале гаранција дека ќе победат. Немале сигурност дека ќе се вратат во своите домови. Немале можност да знаат како ќе изгледа светот што ќе го остават зад себе. Но, имале нешто посилно од стравот. Имале верба дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.

Нашите предци го направија она што во нивното време изгледало невозможно. Ја отворија вратата на слободата. Нашата должност е таа врата никогаш да не се затвори и низ неа да поминат генерации кои ќе живеат подобро, послободно и подостоинствено.

Нека овој 11 Октомври не биде само ден на сеќавање. Нека биде ден на нова одговорност. Одговорност да ја чуваме слободата. Затоа што слободата не е завршена приказна. Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи.

Честит 11 Октомври!

Да е вечна Македонија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Дванаесет лица загинале, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. 

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран.

Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Некои од повредените се во критична состојба.

Проектилот погоди дел од аеродромскиот комплекс каде што се наоѓаат терминалите 3 и 4 за домашни летови. Ова беше трет напад врз аеродромот во Ријад во рок од неколку дена.

По нападот, сите аеродромски операции беа привремено прекинати, а летовите наменети за Ријад беа пренасочени кон други аеродроми. Очевидец изјави за Ројтерс дека по експлозијата видел неколку повредени лица како лежат во терминалот. Друг повреден патник раскажа дека видел нешто на небото непосредно пред ударот, по што дел од таванот се урнал во близина на излезот за качување во авион.

Саудиската управа за цивилно воздухопловство претходно извести за жртви, повредени лица и материјална штета како последица на претходни напади. Тројца саудиски државјани загинаа во нападите на 8 октомври, додека еден судански државјанин почина претходниот ден во посебен напад врз аеродромот во Ријад.

По најновиот напад, Хутите изјавија дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, кој тие го прогласија за зона на воени дејствија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер