Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот - Канал 5

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот

Бев исконтактирана од неколку корисници на проекти од МКЦ кои користат средства преку Министерство за култура преку нивната програма и од нив ми беше кажано дека ќе се обратат до Министерството за култура.

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ги советува носителите на проекти во Младинскиот културен центар (МКЦ) - Скопје кои користат средства преку Министерството за култура да ги одложат проектите доколку се во можност додека да се реши проблемот со ангажманот на 30 хонорарни соработници во МКЦ на кои од почетокот на месецов не им се продолжени договорите.

Одговарајќи на новинарско прашање Костадиновска Стојчевска рече дека одредени проекти се во опасност затоа што треба да се реализираат во овој период, истакнувајќи дека за статусот на хонорарните соработници треба да одговори Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

-Бев исконтактирана од неколку корисници на проекти од МКЦ кои користат средства преку Министерство за култура преку нивната програма и од нив ми беше кажано дека ќе се обратат до Министерството за култура. Меѓутоа, се уште немаме конкретен одговор, затоа што тоа не е нешто што треба да го одговори Министерството за култура, туку Државната комисија за спречување на корупцијата. Од она што јас го имам како информација е дека тие се хонорарци кои се ангажираат месец за месец и токму тука настанал проблемот иако на нив како што слушнав од медиумите директорот им ветил дека по изборите ќе им ги продолжи договорите, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа дополни дека има одредени проекти кои се во опасност затоа што треба да се реализираат во овој период.

- Ги советувавме корисниците дека е најдобро да го одложат одржувањето на проектите за после изборите, доколку е можно, за да може овие договорци - долгогодишни соработници на МКЦ, да се вратат назад на работа и да ги реализираат проектите. Тоа може да советуваме од Министерство за култура, сепак за нивниот статус ќе мора да одговори ДКСК, изјави Костадиновска Стојчевска, која беше на увид во почетокот на реновирањето на просторот доделен на НУ Национален џез оркестар.

Раководството на МКЦ Скопје, според објавите во медиумите, не ги продолжило договорите на хонораците по известување од ДКСК дека согласно со членот 8 -а од Изборниот законик, во изборен процес е противзаконски да се злоупотребува буџетот на установата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да не чекаат огнот да се приближи до нивниот имот, туку навреме да ја расчистат околината и да го намалат ризикот пламенот да стигне до објектите. 

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Сувата трева, високата вегетација и запуштените дворови околу куќите и викендичките можат за неколку минути да станат гориво за пожар.

Особено ризични се куќите и викендичките кои се користат повремено, како и имотите во селата со мал број постојани жители.

Кај нив тревата често со месеци не се коси, а сувата вегетација може да достигне височина и над еден метар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар.

Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот.

Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер