Костадиновска-Стојчевска: Да не се чека последен момент за аплицирање на Конкурсот за поддршка - Канал 5

Костадиновска-Стојчевска: Да не се чека последен момент за аплицирање на Конкурсот за поддршка

За помош за корисниците е изработена видеопрезентација за чекорите за аплицирање. Системот е поедноставен. Ги повикуваме да аплицираат и оние што никогаш не аплицирале досега. 

Костадиновска-Стојчевска: Да не се чека последен момент за аплицирање на Конкурсот за поддршка

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешното гостување во утринската емисија „Македонија наутро“ на Македонската радио-телевизија апелираше до корисниците кои сѐ уште не аплицирале на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, да го сторат тоа, имајќи предвид дека е ова последна недела и да не го чекаат последниот рок.

„За помош за корисниците е изработена видеопрезентација за чекорите за аплицирање. Системот е поедноставен. Ги повикуваме да аплицираат и оние што никогаш не аплицирале досега. Да напомнеме дека документацијата мора да биде целосна. Не треба да се случи преоптовареност на системот и да се чека последен момент“, рече министерката за култура.

Таа потсети дека од 3 октомври е отворен системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, кој ќе биде затворен на 6 ноември, точно напладне.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека комисиите што ќе ги разгледуваат пристигнатите проекти се веќе формирани и следува периодот кога започнуваат да ги разгледуваат пријавите на националните установи.

„Веруваме дека новините и промените што ги направивме во Конкурсот ќе дадат дополнителен квалитет. Главните приоритети за секоја дејност или област остануваат исти: квалитет, иновативност, креативност. И следната, 2024 година, во фокусот ќе биде поддршката на младите луѓе. Не може постојано да се бара само искуство, треба да се даде предност и на младите кои првпат аплицираат на конкурсот“, рече Костадиновска-Стојчевска, која потсети дека Министерството за култура за 2024 година направи дополнување на постојните дејности и области со нова буџетска програма – креативни индустрии.

Костадиновска-Стојчевска го спомена и позитивното искуство од проектот „Цртај на македонски“ во чии рамки беа поддржани креативноста и иновативните идеи на голем број млади и токму во таа насока ќе се движат и приоритетите за одлучување на комисиите на годинашните конкурси.

„Секоја година се давало и се дава предност на традицијата, културата, нашиот јазик, идентитетот и на она што нам ни претставува национална гордост. Сето тоа има предност и се финансира дури некогаш и во целост од Министерството за култура. Тоа не е обврска само на НУ коишто се занимаваат со таа дејност, морам да ги споменам: НУ „Танец“, НУ Ансамбл на албански народни ора и танци, „Илиденски денови“ кои ги организира ЦК во Битола, фестивалот „Рута“ кој го организира Драмскиот театар. Комисите секоја година обрнуваат внимание на креативноста, на уникатноста на млади автори, меѓутоа традиционалните вредности се застапени еднакво во финансирањето проекти од областа на култура“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура изрази верување дека буџетот на Министерството за култура за 2024 година ќе биде повисок, но потсети дека конкурсите се однесуваат на поддршка на проекти, а не на целосно финансирање.

На гостувањето, Костадиновска-Стојчевска зборуваше и за настаните со кои неодамна се одбележа 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Таа уште еднаш изрази задоволство што на една еминентна високообразовна институција како што е Колеџот во Лондон, се изучува македонскиот јазик и изрази верба дека во иднина ќе се унапредуваат овие активности.

Костадиновска-Стојчевска ја нагласи важноста на културата во промоцијата на една држава, тоа се потврди и со интересот за концертот на пијанистот Дино Имери кој настапи во Лондон, а овој месец тоа ќе биде потврдено и со проекциите на филмовите „Медена земја“ и „Кајмак“ во британската престолнина. За средбата со студентите кои се едуцираат на високообразовните установи во Обединетото Кралство, министерката за култура рече дека била средба полна со надеж, со млади луѓе кои имаат желба своите вештини да ги имплементираат во развојот на македонската држава.

Стана збор и за „Скопје – Европска престолнина на културата“, за што потсети на целосната поддршка на Владата и на Министерството за култура за оваа престижна титула, која бара и огромна работа и посветеност. Носители на апликацијата се Град Скопје и ЈУ Универзална сала, а, како што рече министерката за култура, ќе покажеме дека знаеме и можеме.

„Европска престолнина на културата е навистина многу престижна титула, меѓутоа е титула која бара многу голема работа и посветеност, не само до 2028 туку и понатаму. 2028 ќе биде само почетната година во која ние ќе покажеме што знаеме и што можеме да направиме, а знам дека имаме многу што да покажеме и да се пофалиме, но сето она што ќе следува по 2028 г. ќе биде предмет на набљудување од страна на комисијата што ни ја додели таа титула“, додаде Костадиновска-Стојчевска.

За Универзална сала, министерката за култура рече дека сѐ уште не е завршен процесот за преземање на документацијата од Град Скопје.

„За жал, сѐ уште топката е во рацете на Град Скопје. Имаше само гласање на седница на Град Скопје на која советниците се согласија ингеренциите за реконструкција на Универзалната сала да преминат во Министерството за култура. Се добива впечаток дека сега Универзална сала припаѓа на Министерството, а тоа воопшто не е така. Имаме само една одлука на Советот којашто градоначалничката треба да ја спроведе. Ние излеговме малку од нашите ингеренции, пред два дена испративме предлог-договор за преземање на правото за реконструкција на Универзалната сала. Апелирам што побрзо да се заврши тоа. Навистина имаме потреба од тој објект. Владата и Министерството за култура се одговорни институции, меѓутоа постапките и процедурите ќе започнат веднаш штом ја преземеме документацијата. Наша цел е што побрзо да се преземе Универзалната сала и да започнеме со интензивна работа за нејзино обновување за Скопје, за конечно главниот град да добие сала каква што заслужува една Европска престолнина на културата“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура на крајот од гостувањето најави дека на 20 декември, кога е и роденденот на Ацо Шопов, со премиерата на балетската претстава „Молитви на моето тело“ во Националната опера и балет ќе биде заокружено честувањето на 100-годишнината од раѓањето на поетот. Претставата е финансиски поддржана од Министерството за култура и претставува театарска актуализација на истоимениот поетски циклус на Ацо Шопов.

Министерство за култура

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над сто илјади луѓе на вчерашните протести во Франција, регистрирани и инциденти

Илјадници граѓани излегоа на улиците низ Франција во текот на вчерашниот ден, барајќи подобри услови за живот, повисоки плати и поголеми инвестиции во образованието.  

Над сто илјади луѓе на вчерашните протести во Франција, регистрирани и инциденти

Протестите на повеќе локации прераснаа во инциденти и судири со полицијата, а беа регистрирани и приведувања. Според податоците на полицијата, на демонстрациите учествувале повеќе од 100 илјади луѓе, од кои околу 24.000 во Париз. Синдикатот на младите, пак, изнесе повисока проценка, тврдејќи дека на протестите се приклучиле околу 200 илјади. Инциденти биле регистрирани во Париз, Лион, Бордо и Нант, каде што биле приведени над 120 луѓе. На демонстрациите биле ангажирани околу 70.000 полицајци, исто колку и за претходните три големи протести.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС

Бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли.

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ''економските експерти'' од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа.

Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат.

Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења. Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година.

Во време на СДС и ДУИ инфлацијата беше двоцофрена а Филипче и Заев се грижеа само за раст на сопствените бизниси и инвестиции во авиокомпании, плантажи и висококатници во Дубаи додека народот го осиромашија и го оставија на раб на егзистенција.

Денес владата предводена од ВМРО ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДС и ДУИ ја стабилизира економијата и ја води кон раст.

Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност.

Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември.

Кај туризмот во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период минатата година, се регистрирани 35.000 туристи и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест проценти кај двата показатели.

Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности.

Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој.

Никој не тврди дека економските проблеми се решени преку ноќ. Напротив, потребна е сериозна работа, инвестиции, продуктивност и подобар животен стандард што е приоритетна цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање.

Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер