КултураКостадиновска-Стојчевска: Да да ја користиме моќта на театарот за да создадеме подобар светТеатарските приказни имаат моќ да ги движат срцата и умовите, да инспирираат промени и да ги урнат бариерите. Денес ја славиме моќта на театарот кој сите нас нè поврзува, инспирира и предизвикува да го видиме светот со поинакви очи. Токму македонските актери се тие кои од прва рака го знаат влијанието што театарот може да го има врз поединците и општеството во целина, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на „Фејсбук“ по повод 27 Март - Светскиот ден на театарот. За театарот, додава министерката, се вели дека е магично место каде што се е можно. Тоа е, посочува, место каде што можеме да се соочиме со најдлабоките прашања на човековото постоење и преку моќта на раскажувањето, можеме да ги најдеме одговорите кои ни бегаат во секојдневниот живот. - Да го славиме театарот и виталната улога што ја игра во нашите животи. Да ги поддржиме актерите, режисерите, драматурзите и сите оние кои неуморно работат да ни креираат приказни кои нè поврзуваат и нè тераат да размислуваме. И да продолжиме да ја користиме моќта на театарот за да инспирираме промени и да создадеме подобар свет, пишува Костадиновска Стојчевска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИскра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОККОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази. Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески. Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси. Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојкатаОхридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. Инцидентот се случил во саботата навечер кога девојката била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според неофијалните информации, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнале меѓусебна расправија.. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет.. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали.. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид..Тагови: жртви на насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook