Костадиновска на трибината „Најдоброто за нашата општина"

Секогаш кога пратениците од ВМРО ДПМНЕ нема да дојдат да си ја заработат платата и да гласаат помош за граѓаните, јас ќе сум таму, вели Костадиновска.

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска на трибината „Најдоброто за нашата општина" во Битола се осврна политиките на СДСМ, на реализираните ветувања во изминатите четири години.

Воведовме поврат на ДДВ, досега вративме 36,3 милиони евра кај граѓаните како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки, со новиот закон за отпис на камати и долгови предвидуваме отпис на долгови и камати на 150.000 граѓани на државата, ги изгласавме и измените на Законот за работните односи, кои беа наше предизборно ветување, а кои се однесуваат на пензионирање со 64 години возраст и 15 години стаж, истакна Костадиновска.

Таа додаде дека е исполнето ветувањето за намалување на администрацијата, се отвораат можности за вработување на младите, а ДДВ-то за електрична енергија го намаливме од 18% на 5%.

Пред само десет дена во Собранието го изгласавме законот за утврдување јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и коридор 10 односно делницата на автопатот Прилеп – Битола, истакна Костадиновска, додавајќи дека со ова се остварува уште едно ветување.

И сето ова во и многу повеќе сработивме во време на пандемија, во време на здравствена и економска криза, нагласи Костадинова, додавајќи дека и и во вакви услови ВМРО ДПМНЕ знаеше само да кочи и блокира, да одмага и да не гласа.

Секогаш кога пратениците од ВМРО ДПМНЕ нема да дојдат да си ја заработат платата и да гласаат помош за граѓаните, јас ќе сум таму! Ќе гласам! Вие сте на прво место! Затоа сме избрани- да работиме за вас! Јас сум народен пратеник и таква планирам да останам! Ние сме власт на која граѓаните им се на прво место! И ако треба да одговарам, преферирам да одговарам за гласањето за петтиот пакет мерки отколку за украдени пари и наместени тендери, порача Костадиновска.

Си Џинпинг и Вучиќ потпишаа заедничка изјава за стратешко партнерство

Си Џинпинг и Вучиќ потпишаа заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и српскиот претседател денес потпишаа заедничка „заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, јави дописникот на МИА од Белград.

-Кога станува збор за оваа нова почетна точка, односите меѓу Кина и Србија навистина сакаат да имаат уште посветла иднина, ние сме подготвени да работиме со Србија, да го продолжиме духот на нашето челично пријателство, да се посветиме на нашето пријателство и да го изедначиме. Подобро ќе работиме заедно со Србија, за да ги браниме нашите фундаментални и долгорочни интереси, а кога станува збор за различни меѓународни случувања, сакаме да ја изградиме таа заедница со заедничка иднина, а тоа е дел од нашите напори да придонесеме кон заедницата за заедничка иднина на целото човештво, кажа Си пред потпишувањето на оваа заедничка изјава.

Владите на Србија и Кина потпишаа 29 договори и меморандуми за соработка меѓу двете земји.

Стано: Присуството на инаугурацијата на Путин, не ја доведува во прашање поддршката за Украина

Присуството на протоколарен настан како инаугурацијата на Путин, не ја доведува во прашање поддршката за Украина

Учеството на неколку земји членки на ЕУ на еден протоколарен настан како што беше вчерашната инаугурација на новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, не ја доведува во прашање нивната поддршка за Украина, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Големо мнозинството земји членки решија не присуствуваат од повеќе причини, како што се дека Путин е обвинет од Меѓународниот кривичен суд, Путин го крши меѓународното право и Повелбата на ОН, Путин развива многу репресивен систем во Русија... Сите ние, 27 земји членки многу јасно се произнесовме за претседателските избори и кажавме што мислиме за овие т.н. избори, изјави Стано.

Тој нагласи дека во исто време јасен е и ставот на земјите членки на ЕУ во однос на безусловната финансиска, економска, политичка, дипломатска и воена поддршка на Украина .

- Така што учеството на дипломати на протоколарен настан, како вчерашниот во Москва, не е во противречност со договорената позиција на ЕУ и на 27-те земји членки за континуираната поддршка за Украина во нејзината борба против илегалната агресија што ја започна Путин, додаде Стано.

Тој потсети дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ги повика земјите членки да не присуствуваат на церемонијата, но нагласи дека сепак одлуката за тоа дали ќе учествуваат на инаугурацијата сепак е билатерално прашање и суверено право на секоја држава.

- Ова не е првпат ЕУ да не успее да дејствува единствено и тука нема ништо невообичаено. Сите земји што решија да учествуваат имаат свои причини за тоа и беа претставувани на различни нивоа, додаде Стано, потенцирајќи дека шефот на Делегацијата на ЕУ во Москва, како и големо мнозинство земји членки на Унијата сепак не присуствуваа на церемонијата.

На прашање дали ЕУ го признава Путин како легитимен претседател на Русија, Стано истакна дека тоа е одлука на 27-те земји членки, а тие досега не донеле решение за непризнавање на легитимноста на Путин, кој како што рече „седи во Кремљ и од Кремљ раководи со една од најсуровите и накрвави агресии во поновата историја на Европа“.

„Гардијан“: Додека Белград го пречекува Си, остатокот од Европа е под кинески шпионски напад

Додека Белград го пречекува Си со највисоки почести, остатокот од Европа е под кинески шпионски напад, апсења низ целиот континент.

Кинескиот претседател Си Џинпинг е во посета на Србија на втората етапа од својата европска турнеја, а властите ширум Европа се борат со бран шпионски напади, за кои има сомневање дека ги спроведува Кина, пишува „Гардијан“.

Британскиот премиер Риши Сунак вчера откри дека „злонамерен актер“ ја компромитирал евиденцијата за платите на британската војска, а извештаите сугерираат дека зад тоа стои Кина, наведува весникот

Во еден случај, тројца германски државјани беа уапсени под сомнение дека организирале пренос на информации за чувствителна технологија во Кина. Во друг случај, еден човек по име Џијан Г, кој работел за германски европратеник од екстремната десница, бил уапсен под сомнение за шпионажа. Максимилијан Кра, европратеник на Алтернатива за Германија, за кого работеше Џијан Г, негираше каква било вмешаност.

Во Белгија, властите во јануари отворија кривична истрага против екстремно десничарскиот политичар Франк Крејелман , откако истрага на „Фајненшел Тајмс“, „Шпигел“ и „Монд“ покажа дека тој бил користен неколку години како средство на кинеската разузнавачка служба.

Експертите велат дека неодамнешното зголемување на апсењата и истрагите го одразува променливото расположение во Европа кон кинеските закани.

притисни ентер