3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
КултураКостадиновска: Културното наследство е еден од најзначајните показатели за препознавање ... Заштитата на културното наследство е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет.Скопје, 20 мај 2022 (МИА) – Културното наследство, материјално и нематеријално, со својата разновидност и посебност е богатство на човештвото, а неговата заштита е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет, истакна денеска министерката за култура Бисера Костадиновска на промотивниот настан и дискусија за изданието на ИКОМОС Македонија „Европски начела за квалитет на интревенции финансирани од ЕУ со потенцијално влијание врз културното наследство". Таа посочи дека Министерството за култура развива механизми и воспоставува мерки за заштита на културното наследство кои подразбираат идентификување, документирање, истражување, одржување, заштита, користење, како и промоција на неговите вредности. -Поддршката на ЕУ за издавање на оваа публикација на македонски јазик е значаен придонес во збогатувањето на домашната стручна литература која ќе помогне да бидеме во чекор со најсовремените пристапи во заштитата на културното наследство, рече Костадиновска и се заблагодари на делегацијата на Европската Унија за поддршката и за континуираниот придонес во утврдувањето на стандардите во областа на културното наследство и на ИКОМОС Македонија за посветеноста и ентузијазмот при реализацијата на оваа иницијатива. -Верувам дека оваа публикација ќе биде корисно четиво за сите корисници од оваа дејност, особено во поглед на управување со проекти. Суштината на ова издание не е да наметне модалитети за интервенција, правила кои се обврзувачки и да даде готови технички решенија, туку да ги збогати сознанијата, да посоветува, да препорача и да им помогне во донесувањето одлуки на сите што се вклучени во проекти финансирани од ЕУ, а кои имаат потенцијал да влијаат врз културното наследство, истакна Костадиновска. Потенцира дека Министерството за култура годинава поддржа повеќе проекти кои се во функција на развој, афирмација и промоција на културата. Настојувавме, посочи министерката, во овие тешки и неизвесни времиња, кои силно удрија врз економијата, да направиме одржлива распределба на буџетските средства. -Притоа остануваме доследни на заложбата заштитата на културното наследство да остане врвен приоритет на Министерството за култура. Во фокусот останува и засилувањето на ЕУ-интеграциите во културата што се потврдува и со ентузијазмот и задоволството од денешната промоција на оваа битна публикација на македонски јазик. Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува граѓанските иницијативи што водат кон зголемување на граѓанското учество во сферата на заштитата на културното наследство, рече Костадиновска. Таа ги повика македонските институции, невладини организации, културни оператори и правни лица да се пријават на повиците од Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027" на Европската Унија за кои Министерството за култура редовно информира на својата веб-страница и за кои организира информативни сесии во повеќе градови во земјава. Претседателката на ИКОМОС Македонија, Кристина Бицева рече дека изданието првпат почнало да се подготвува од експертска група на ИКОМОС, под мандат на Европската комисија и во рамките на водечката иницијатива на ЕУ за Европската година на културното наследство 2018 – „Негување на наследството: развивање стандарди за квалитет за проекти финансирани од ЕУ кои имаат потенцијал да влијаат врз културното наследство". Конечната верзија на овој документ, појасни таа, беше усвоена и промовирана од ИКОМОС во 2021 година. -Главната цел на овој документ е да даде насоки за начелата на квалитет за сите засегнати страни кои се директно или индиректно вклучени во проектите за заштита и управување со културното наследство, главно поврзани со градителското наследство и културните предели, а кои се финансирани од Европската Унија, вклучително и од европските институции, институциите кои се надлежни за заштита на културното наследство, меѓународните организации, граѓанското општество и локалните заедници, но и приватниот сектор и експертите, рече Бицева. Посочи дека документот се фокусира на суштинското прашање за квалитетот, резимирајќи ги клучните концепти, меѓународни повелби, европски и меѓународни конвенции и стандарди, како и промените во разбирањето и практиката на заштитата на културното наследство. -Наведени се културни, социјални и економски придобивки, како и придобивки кои влијаат врз животната средина, а кои произлегуваат од примената на начелата за квалитет. Со оглед на тоа што препознавањето на културното наследство како заедничко добро и одговорност е предуслов за квалитет, се предлага да се усвојат мерки за квалитет преку подигање на свеста и преку зајакнување на имплементацијата на начелата и стандардите за конзервација во секоја фаза од циклусот – од програмирање до евалуација, додаде Бицева. Eвроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека земјава има огромно природно и културно наследство кое бара заштита. – Како и во Македонија, така и во ЕУ културното наследство е во срцето на тоа што ние сме, од таму каде доаѓаме, нашите традиции, нашиот јазик, приказните кои ги кажуваме за себе, меѓутоа и музиката која ја слушаме, сликите кои ги гледаме и нашето чувство за светот и сето тоа лежи во срцето на разликите. Не треба да биде изненадување дека ЕУ дава голем акцент на културата, а најмногу на заштитата на културата. Културното наследство не е само израз на идентитетот, туку има и една важна улога во нашите економии и тоа претставува голема привлечност за туристите. Околу 40 проценти од туристите во ЕУ се одлучуваат за земји и места кои нудат големи културни атракции. Заштитата на културното наследство може да даде голем поврат на инвестициите меѓутоа може да има стимулација и за едукацијата и за доживотното учење, рече Гир. Ако отидеме околу Стоби, посочи евроамбасадорот, ќе можеме да видиме колку има работи да се научат, меѓутоа и за доживотното учење. – Има голем број алатки кои може да ги користиме како и во земјите од Западен Балкан. Документот нуди и финансиска и техничка поддршка на иновацијата и истражувањето, едукацијата, културата во Западниот Балкан, меѓутоа и за младите и за спортот преку нашите инструменти за претпристапна помош. ЕУ ја поддржа Македонија во заштита и подобрување на нејзиното законодавство за подобрување на европските стандарди меѓутоа и со потикнување на специјални тела кои се основа за планираните реформи и за јакнење на капацитетите, но финансираме и голем број проекти за заштита на културното наследство низ целата земја кои беа финансирани согласно ИПА инструментот за претпристапна помош и преку нашата прекугранична соработка и регионален развој. Македонија може да има полза од целата наша поддршка што можеме да ја дадеме, рече Гир. Тој им се заблагодари на сите кои биле вклучени во развивање на овој документ и во преводот и смета дека ќе биде од голема помош за сите кои работат на заштитата на културното наследство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоциклиВо септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово. Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли. Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: Зајакнати контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВладимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките нападиРускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости. Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија. Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаЛишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријаваПо насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село. При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт. По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.Тагови: нелегална сеча на дрва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter