Костадинов: Повторно сомнително изборно рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ

Отворената истрага врз основа за сомневања за неправилности во изборното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека во оваа партија ништо не сменето.

Според јавно објавени информации, стотина илјади евра, пари од Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ потрошила за изборно рекламирање на интернет портали, дури и на непознати медиуми, без импресум, без редакции.

Ваквото расипничко и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ е истата, стара, криминална матрица на оваа партија.

Речиси и да нема изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последите години која што не е спорна или сомнителна.

За изборната кампања за Гордана Сиљановска, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски ја затвори сметката со долг од 400.000 евра, спротивно на законот од член 71 од Изборниот законик.

За оваа кампања, но и други, јавноста дозна и за сомнителните шеми преку фирми на Орце Камчев.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ предводено од шефот на Мицкоски, Никола Груевски, оставше долгови од над три милиони евра.

Односот и кон законите но и кон медиумите, на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е ист и непроменет.

За потсетување, на почетокот на годинава словенечки медиуми објавија истражување во кое беа наведени сериозни сомнежи дека ВМРО-ДПМНЕ со 2,5 милиони евра, црни пари од Унгарија финансирала медиуми во државава кои ширеа и се уште шират антидржавна пропаганда.

Дали е нешто слично и со последниот случај со интернет порталите, оставаме да покаже истрагата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека помина времето кога се затвораа сметки за изборни кампањи со милионски долгови без да има одговорност, помина времето кога со парите од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ вршеше поткуп на медиуми.

Сега е време на одговорност. Очекуваме надлежните институции брзо да го разрешат овој случај, но и сите претходни случаи каде ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува законите.

Одговорност за овој, но и за сите прекршувања на законите мора да има. Следува ред, правда и дисциплина.

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Пожар во руска рафинерија

Пожар во руска рафинерија: „Краток спој“ или украински дронови? 

Неколку вагони со нафта се запалија во четвртокот во близина на нафтена рафинерија во Омск, југозападна Русија.

Во близина на Транссибирската железничка линија изгореа локомотива и три вагони со речиси 90 тони нафта. Снимките покажуваат огромен пламен и остар црн чад што се издига над железничката станица.

Огромен пожар на железничката станица Комбинатска зафати околу 10.750 метри квадратни, додека 58 пожарникари неколку часа се бореа да го локализираат.

Притвор од 30 дена за жител на Непроштено за разбојништво и поседување автоматска пушка

Прифатен е предлогот на jавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор во траење од 30 дена за 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено. Осомничениот на 24 април 2024 година маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин, како што се наведува, осомничениот сторил кривични дела „Разбојништво“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Мерката притвор е определена за осомничениот поради тоа што постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото.

ЈО: Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

притисни ентер