Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
1Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
2Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
3МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
МакедонијаКостадинов не доби шанса за нов мандат-најави замрзнување на членството и интерпартиско делување во СДСМ Откако не доби шанса од Филипче и СДСМ за уште мандат за градоначалник на Струмица, актуелниот прв човек на општината Костадин Костадинов одлучи да го замрзне членството во СДСМ и најави ново интерпартиско делување по локалните избори. Костадинов во изјава за Канал 5 вели дека е разочаран од одлуката на партискиот лидер да не му ја даде довербата за кандидат за градоначалник, иако според анкетите имал поголема предност од сите други кандидати, а дополнителна причина според него е немањето јасна визија и став од неговата партија за делување. -Согледувајќи го немањето на стратешка поставеност на партијата и од претходно но тигерот беше нормално одлуката од вчера. Анкетите ги имаат и СДСМ, на некој начин ги добив и јас преку одредени канали на информации, ги има и ВМРО-ДПМНЕ, но и другите партии, каде што јасно се укажува поддршката за Костадин Костадинов од 3:1 во однос на сите други кандидати. Зошто е спротивна одлуката знае само лидерот на партијата, причините не ги знам, иако се обидував неколку пати да го добијам, да искомуницираме, се со цел да се спречи конфликт за да не се направи штета пред се на членството на партијата, но еве одлуката е негова, сега нормално одлуката е на мене како ќе постапувам наредниот период, изјави Костадинов за Канал 5. Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави став во текот на денот за критиките и одлуката на Костадинов. Од СДСМ синоќа ги објавија новите новите 11 кандидати за претстојните локални избори, додека пред две недели беа објавени 19 кандидидати. Од поголемите општини, за Струмица нивен кандидат ќе биде претседателот на општинската организација Марјан Даскаловски. Во Охрид, СДСМ ќе настапи со д-р Асен Шајн, кој ќе ја води битката со актуелниот прв човек од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Во Куманово СДСМ го кандидираа организацискиот секретар на партијата, Мартин Костовски, ќе се соочи со актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Коментирајќи ги вчерашните предлози за кандидати за градоначалници од СДСМ, премиерот Мицкоски им посака успешна кампања, но и како што рече, сигурен пораз на локалните избори. Мицкоски потврди дека утре ќе оствари првична средба со партијата ЗНАМ, за претстојните локални избори и можноста за заеднички кандидати за градоначалници, но и најави можно проширување на владината коалиција. Дали тоа ќе биде со некои од партиите кои ја напуштија коалицијата на СДСМ, ДОМ и Партијата на пензионерите, Мицкоски не сакаше да открие во оваа фаза. Тагови: Општина Струмица СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМеси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња волшебникот Лионел Меси, пред два дена се прости од аргентинската репрезентација на натпреварот против Бенин и со тоа заокружи една фантастична фудбалска приказна.Сепак, Лионел Меси нема намера да застане кога станува збор за клупскиот фудбал, а пристигна и една многу интересна понуда. Меси има освоено бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не настапил во Копа Либертадорес. „Мислам дека му преостанува уште да заигра во Копа Либертадорес, па затоа го прашувам дали би го прифатил овој предизвик“, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез. Иако фудбалерот на Интер Мајами сè уште не размислувал за оваа одлука, навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување. Меси практично освои сè што можеше да се освои, а евентуалното освојување на уште еден трофеј во неговата богата кариера би претставувало вистинска круна на неговите достигнувања. На 39-годишна возраст, Меси веќе зад себе има осум „Златни топки“, шест „Златни копачки“, четири титули во Лигата на шампионите, десет титули во Шпанија, две титули на Копа Америка, трофејот од Финалисима и Светското првенство во 2022 година, како и бројни други признанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДоделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2026 година е Наванетен Пилај.Пилај е јужноафриканска адвокатка и судијка, позната по својата долгогодишна работа во заштитата на човековите права и меѓународната правда. Таа ја доби наградата за нејзините напори во промовирањето на мирот и меѓународното право. Гледајте ја церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во живо: За потсетување, Норвешкиот Нобелов комитет доби номинации за 287 кандидати, од кои нешто повеќе од една четвртина се организации, објави претходно АП. Како што објавува Тајм, 208 кандидати се поединци, а 79 се организации. Овогодинешната церемонија на доделување на наградите ја одбележува 125-годишнината од Нобеловата награда за мир, која е доделена на 112 поединци и 28 организации од 1901 година. Црвениот крст е награден три пати, а Агенцијата на ОН за бегалци двапати. Меѓу индивидуалните добитници беа 20 жени, од кои осум беа наградени во последните 15 години. Минатогодишната добитничка беше лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која беше наградена за нејзината борба за демократска транзиција во Венецуела. Подоцна таа му ја додели Нобеловата награда на Трамп, но Нобеловиот комитет рече дека самата награда не може да му се додели на друго лице.Тагови: Нобеловата награда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаРСБСП: Одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома Апел на РСБСП до сите учесници во сообраќајот по повод престојниот празник 11 октомври- одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома.По повод престојниот празник 11 октомври, продолжениот викенд и очекувањата за зголемената раздвиженост и фреквенција на возила на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни, одговорни и доследни во почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Продолжените викенди се период кога поголем број граѓани патуваат, што значи зголемено присуство на возила и пешаци на патиштата, подолги патувања и поголем ризик од сообраќајни незгоди. Затоа, секое патување треба да започне со свест дека безбедноста не смее да биде оставена на случајноста. РСБСП апелира до возачите: * почитувајте го ограничувањето на брзината и прилагодете ја брзината на движење според условите и состојбата на патот; * не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци * не користете мобилен телефон и деуги електронски уреди додека управувате со возилото; * користете сигурносен појас на секое патување, без оглед на должината на релацијата; * користете соодветна детска седиште и задолжително обезбедете ги децата; * одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични престигнувања и ненадејни маневри; * пред подолго патување проверете ја техничката исправност на возилото, особено пневматиците, сопирачките и системите за осветлување; * доколку сте уморни, не продолжувајте да возите – направете пауза и одморете се. РСБСП посебно потсетува дека брзањето, невниманието и преценувањето на сопствените возачки способности можат да имаат несакани последици. Неколку минути порано на крајната дестинација, никогаш не се поважни од човечкиот живот. Апелот се однесува и на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите – да бидат внимателни, видливи и да ги почитуваат сообраќајните правила, особено при преминување и движење покрај коловозот. За време на продолжениот викенд, патувајте одговорно, возете внимателно и не ризикувајте го својот и животот на другите. Нека 11 Октомври биде повод за празнување, дружење и безбедно патување, а не причина за сообраќајна незгоди и трагедии. РСБСП со апел: „Вози одговорно -Секој живот е важен.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter