Костадинов нареди вонредна темелна контрола на сите угостителски објекти во Струмица - Канал 5

Костадинов нареди вонредна темелна контрола на сите угостителски објекти во Струмица

 Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска им нареди на сите општински инспектори да извршат вонредна темелна контрола на сите угостителски објекти во Струмица.

Костадинов нареди вонредна темелна контрола на сите угостителски објекти во Струмица

Тој ова го објави на неговиот фејсбук профил, каде напиша дека денеска ги потпишува наредбите до сите општински инспекторати по кои веднаш соодветно ќе постапуваат.

- На состанокот со општинските инспектори, претставниците на Секторот за урбанизам и комунални работи и Даночното одделение се доворивме за започнување на заедничка вонредна темелна контрола на сите угостителски објекти (кафулиња и дискотеки) со темелна проверка на сите дозволи, решенија и согласности коишто треба да ги имаат од општинските органи. Таму каде што ќе се утврдат неправилности, а за кои ние сме надлежни, дури и кај што немаме надлежност како Општина ќе ги известиме државните органи, ќе им дадеме рок да се поправат, доколку тоа не го направат, ќе бараме да бидат затворени, се наведува во објавата на струмичкиот градоначалник.

Додава дека на состанокот е донесен заклучок дека ниту еден клуб за кој Министерството за економија издало согласност, а која не одговара со намената во Секторот за урбанизам, ќе следува соодветна пријава во СВР Струмица и Пазарната инспекција и кои ќе треба да одговорат како и зошто им дале лиценци за работа.

Костадинов денеска одржал и повеќе состаноци со директори, раководители и инспектори за преиспитување на правилниците, плановите, проценките од ризици од пожари, експлозии и други непогоди во сите училишта и градинки и притоа најмалку еднаш месечно да се прават вежби за евакуација и секое дете и персоналот да бидат подготвени и да знаат како да се заштитат.

Според струмичкиот градоначалник, сите заедно со професионално извршување на работните задачи и обврски и со почитување на законските обврски можеме да создадеме безбедна заедница и живот без страв за сите.

Честит Велигден-Христос Воскресе

Канал 5 телевизија на сите христијански верници им го честита најголемиот празник Велигден. на вработените и на сите верници од православна вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба.

Честит Велигден-Христос Воскресе

На сите верници од православна и католичка вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба им посакуваме Честите Велигден.

-Христос Воскресе -Навистина Воскресе!

Денес се слави најсреќниот христијански празник, симбол на нов почеток и вечен живот во верба и мир. Честит Велигден!

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Група храбри истражувачи решиле да се спуштат во најдлабоката  пештера во САД, а снимката е застрашувачка и неверојатна.

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Имено, тие не само што се спуштија и се вратија, туку после тоа решиле и да го повторат неверојатниот подвиг.

Двајца Јутјубери од каналот ActionAdventureTwins споделија снимка од спуштање камера во пештерата на нивниот профил.

Ова е фантастичната јама во пештерата Елисон во округот Вокер, која се смета за најдлабока јама за слободен пад, со пад од неверојатни 179 метри.

Како што вообичаено се случува во современиот свет, истражувачите од каналот ActionAdventureTwins решиле таму да поминат „повеќе од 12 часа“, а со својата камера снимаа се, па со тоа ги одведоа своите претплатници во авантура која нема лесно да ја заборават.

На снимката се гледа како GoPro камерата се спушта во длабочините на темната пештера. На целата ситуација не ѝ помага ниту тоа што и камерата полека се ротира како резултат на тоа што е спуштена на долга жица закачена на електрична дупчалка.

Некои беа фасцинирани од длабочината на пештерата, додека други истакнаа дека само чекаат некое страшно суштество да се појави и излезе од длабочината на јамата.

YouTube video

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Долф ручал со сопругата 28 годишната Ема Крокдал и ќерките Ајда Лундгрен (28) и Грета Лундгрен (22) во медитеранскиот ресторан Авра во Беверли Хилс.

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Сите биле во опуштени модни комбинации.

Долф носи фармерки и црна маичка, над која има кошула во иста боја. Неговата сопруга исто така носи фармерки и црна маица.

Инаку мајка на Ајда и Грета е Анет Квиберг, која беше во брак со шведскиот актер од 1994 до 2011 година.

Актерот познат по своите улоги во акциони филмски хитови инаку во брак е со 40 години помладата Ема од јули 2023 година додека водеше битка со ракот. на неговата битка со ракот.

Долф Лунгрен ја доби битката со тешката болест .

Во ноември 2024 година, Лундгрен на Инстаграм откри дека неговата битка со ракот е завршена.

притисни ентер