Костадинов: На повидок нова афера за финансирањето на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ги повикува институциите да го испитаат начинот на финансирање на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори.. 

Надлежните институции да го истражат финасирањето на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори, бараат од СДСМ. Тврдат дека согласно извештајот од Државниот завод за ревизија, ВМРО-ДПМНЕ со долг од 400.000 евра ја затворила сметката за кампањата на Гордана Сиљановска Давкова, а партијата и генералниот секретар Игор Јанушев го прекршиле Изборниот законик.

За извештајот на ревизорите во јавноста се дозна во петокот, но оттогаш нема никаква реакција ниту од партијата, ниту од генералниот секретар Игор Јанушев кој е потписник на завршната сметка.

Според наодите во извештајот ВМРО-ДПМНЕ должи најголем дел од парите на фирмата „Полиестрдеј“ која била најмена да печати маици кои биле набавени од „Орка Холдинг“. Од фирмата на Камчев викендов демантираа дека на било каков начин биле вклучени во финансирањето на кампањата и уверуваат дека имаат должничко доверителско односи едиствено со фирмата „Полиестрдеј“, а за долгот веќе поднеле опомена пред тужба.

ВМРО-ДПМНЕ може да биде повикана на одговорност, од државниот завод за ревизија чија задача е да ги провери сите трансакции на политичките партии за време на изборите.

Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е екстремно тешко (ВИДЕО)

Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.

„Втор ден нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија“, рече Зеленски. Украинската војска претходно соопшти дека руските сили се задржани во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија наводно зазела пет локални населби: Плетенивка, Охорцеве, Борисивна, Пилне и Стрилеќа.

Ситуацијата, рече Зеленски, е „особено напната“ во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровское, во близина на селата Семенивка и Нетаилова. „Снимаме повеќе од 30 конфликти дневно, тоа е исклучително тешко“, рече Зеленски, додавајќи дека „попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден“.

Илјадници Грузијци демонстрираа во Тбилиси против законот за „странски агенти“

Неколку илјади демонстранти излегоа вечерва на улиците во грузискиот главен град Тбилиси за уште еднаш да протестираат против контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“ поддржан од владата, но критикуван од САД и Европската унија.

Толпата собрана на плоштадот Европа ги вееше знамињата на Грузија и на Европската унија.

Тбилиси вели дека сака да се приклучи на заедницата и покрај предлог-законот, за кој неговите противници велат дека е сличен на руското законодавство што се користи против опозицијата.

Со свечена академија одбележана Меѓународната недела на сестринството

Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки вечерва одржа свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството.

Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки вечерва одржа свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството со која се одбележуваат 5 Мај – Меѓународен ден на акушерките и 12 Мај – Меѓународен ден на медицинските сестри.

Академијата ја отвори претседателката на здружението, Велка Лукиќ, која нагласи дека медицинските сестри се темелот на здравствените системи, а во својот говор се фокусираше на предизвиците со кои се соочуваат - недостигот на овој кадар поради одливот од земјава и, од таа причина, и преоптовареноста на оние што останале да работат во нашите здравствени установи.

-Сестрите мигрираат од работни места во посиромашни земји и одат во побогати земји. Причината е различна – некои за да бидат со своите семејства, некои одат за егзистенција на нивните семејства, а некои од сестрите одат за да прават кариера. Меѓутоа, немаме многу замена по нивното заминување и сестрите што се на работните места се под голем притисок од динамиката што ја бара средината во која работат, одговорноста што ја носат и безбедноста нивна и на пациентот. Поради тоа, тие се многу оптоварени и се под голем стрес. Тоа е опасно затоа што може да дојде до несакани грешки и несакани пропусти, истакна Лукиќ.

Додаде дека мора да внимаваат „како ќе излезат во пресрет на потребите што се влечат со години наназад“ и соопшти дека имаат барања што ќе ги упатат до идната влада.

-Тие остануваат со години исти и треба да се регулираат. Во делот на образованието – покрај стручните да може да има академски студии, колективните договори да се променат и да се следи образованието како и за другите професии. Треба да помогнеме во однос на стандардизација на работата и да изработиме категоризација на пациентите според нивните потреби. Не може да се делат на интерна гранка и хируршка, туку според нивните потреби – дали е самостоен, зависен, дали е полузависен или е на интензивна терапија, рече Лукиќ.

Празникот на медицинските сестри им го честиташе претседателка на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, која во поздравниот говор истакна дека сестрите се 50 отсто од вкупниот број здравствени работници во светот и дека нивната работа е нераскинливо поврзана со работата на докторите. За квалитетно и успешно лекување на пациентите, нагласи таа, потребно е и едните и другите професионално, стручно и одговорно да ги извршуваат своите работни задачи.

-Лекарот и медицинската сестра се еден тим, едно цело и синергија меѓу нив е неопходна за давање квалитетна здравствена заштита. Медицинските сестри играат клучна улога во унапредување на здравјето, спречувањето на болестите и обезбедување примарна и превентивна здравствена грижа. Изразуваме голема почит кон медицинските сестри за нивното залагање и пожртвуваната работа и грижа за здравјето на населението и даваме поддршка на секоја иницијатива и напор за инвестирање во едукација на медицински сестри и акушерки и зајакнување на нивната улога во здравствениот систем, што е и мото на годинашниот Меѓународен ден, рече претседателката на Лекарската комора.

притисни ентер