Костадинов: Мицкоски да одговори дали имал средби со еден од осомничените во „Рекет"

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов денеска одговори на обвинувањата за поврзаност со еден од притворените во случајот „Рекет", потенцирајќи дека не е ништо непознато опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ да шири лажни вести.

– Очигледно им пречат моите дејствувања во однос на хуманитарните организации. Точно е дека пред три години сум бил назначен за почесен член во таа организација „Меѓународен сојуз – Скопје" во која што членувале поранешниот амбасадор на Велика Британија, Господинот Чарлс Гарет, во која членувал и нашата кошаркарска легенда Владо Илиевски, рече Костадинов.

Имаме институции, потенцира тој, кои што детално ќе го разгледаат случајот.

На лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тој му поставам две прашања на кои бара одговори.

– Првото прашање, до него лично, дали со еден од осомничените во случајот, на кои што им е одредена мерка притвор, имал неколку средби, од кои едната средба била во позната скопска дискотека, а другите средби биле одржувани во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Второто прашање ми е, дали Христијан Мицкоски посегнал по крвавите пари на еден од обвинетите од случаите кои што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, праша Костадинов.

Според него, ова се сериозни прашања, кои што можат драстично да ја променат сликата.

Побара во постапката што е во тек да се земат предвид сите аспекти предвид и во транспарентна постапка да се утврди одговорноста на секој кој што на каков било начин е вмешан во случајот.

– Очекувам и ВМРО-ДПМНЕ исто така да ги повика институциите во име на системот кој што веќе функционира и е поставен во државата органите нека ги дадат конкретните одговори, рече Костадинов на прес-конференција во СДСМ. /МИА

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер