Костадинов: Бараме одговорност за скандалот во Струмица

Структури на Наќе Чулев во полицијата на скандалозен начин се обидуваат да попречат хуманитарна акција која се одвива повеќе од еден месец. 

И во време на ваква сериозна криза наместо да помогнат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на било кој начин гледаат како им одмагаат на граѓаните, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес-конференција што ја одржа во Струмица, пред седиштето на СВР-Струмица.

-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не знаат да донираат, да помагаат, да дадат, знаат само да грабаат од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација. Се држеа млади волонтери во полициска станица, им се закануваа, само затоа што некој добил партиска задача и му пречи солидарноста. Граѓаните уште еднаш може да се потсетат на режимското МВРО-ВМРО, додаде Костадинов.

Според него скандалозното однесување на полицијата во Струмица покажува дека Чулев ја злоупотребува во политички цели на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа се истите манири кои 11 години ги практикуваше режимот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Бараме одговорност за овој скандал што се случи овде во Струмица, каде преку злоупотреба на полиција и државни институции ВМРО-ДПМНЕ, Чулев и Мицкоски се обидоа да спречат хумана, солидарна акција за помош на нашите сограѓани. Законите мора да важат за сите и за оваа злоупотреба одговороност мора да има. Очекуваме МВР и сите надлжени институции да отворат истрага за овој скандал и да соопштат на јавноста кој ќе понесе одговорност, истакна портпаролот Костадин Косрадинов.

На крајот рече дека хуманоста и помагањето на граѓаните немаат никаква врска со политика, и дека тоа се морални и човечки вредности, а ниту една злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја спречи хуманоста.

Владимир Кара-Мурза доби Пулицерова награда за неговите колумни од затвор

Затворениот руски дисидент и новинар, Владимир Кара-Мурза, ја доби Пулицеровата награда за 2024 година за коментарите и за своите написи објавени во Вашингтон пост.

Кара-Мурза „победи за страсните колумни напишани со голем личен ризик од неговата затворска ќелија, предупредувајќи за последиците од несогласувањето во Русија кон Владимир Путин и инсистирајќи на демократската иднина на неговата земја“, се наведува во соопштението на Пулицеровата комисија.

Кара-Мурза моментално отслужува 25-годишна затворска казна, најдолга затворска казна изречена на противник на Кремљ во постсоветска Русија, за дискредитација на руската војска и предавство, по забелешките што ги даде во говорите надвор од Русија, критикувајќи ја политиката на Москва, јавува Радио Слободна Европа.

Касемиро беше дриблан осум пати на мечот со Кристал Палас - ова е сезонски антирекорд

Исусниот ас на Манчестер Јунајтед, Бразилецот, Касемиро имаше проблем да ги запре играчите на Кристал Палас синоќа во натпреварот од 36. коло на Премиер лигата. 

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед кој играше во центарот на одбраната беше дриблан осум. Ова е најлошата цифра во актуелниот шампионат на Англија.

Натпреварот Манчестер јунајтед го загуби со 4:0, а тренерот Ерик тен Хаг настапот на Бразилецот го оцени како тој да бил „отсутен“.

Англискиот фудбалски аналитичар и поранешен играч на Ливерпул, Џејми Карагер му порача на Касемиро да си бара нова клупска средина.

- Касемиро, како искусен фудбалер, мора да разбере дека му преостануваат уште три натпревари на највисоко ниво - два првенствени натпревари и финалето на ФА Купот. Потоа да си бара клуб во американската МЛС или во Саудиска Арабија. Тој вчера сепак играше против Кристал Палас, а не Сити или Реал Мадрид. Сериозен сум. Неговиот агент и придружбата мора да му кажат, доста е.

По вчерашниот пораз Манчестер јунајтед се наоѓа на 8.место во Премиер лигата со 54 бодови.

Таткото на Норис: После 900 трки стигнавме до победа во Ф1

 После 900 трки стигнавме до победа во Ф1, следен предизвик за Ландо е да стане светски шампион.

Таткото на Ландо Норис, британскиот бизнисмен Адам Норис зборуваше за целите на неговиот син, откако возачот на Мекларен, викендот во Мајами ја оствари првата победа во Формула 1 шампионатот.

- Ова го чекавме долго време. По 110 Гран при, и околу 900 трки во последните 16 години, стигнавме до победа на трка во Формула 1. Поминавме низ многу и интересно е да се разбере колку време другите родители вложиле во поддршка. Избројав 350 викенди на пат, плус други трки за тие викенди, но тоа е неверојатно, ми се допаѓа. Многу сум среќен за него. Ова бара многу откажувања од приватниот живот. Во одреден момент се прашувате „Дали некогаш ќе стигнам во Формула 1? Кога ќе стигнете до Формула 1, мислите: „Дали некогаш ќе победам на трка? Ова е одлично, неверојатно. Но, сега има уште една цел. Да се стане светски шампион, изјави Адам Норис во интервју за „Sky Sports“.

Ландо Норис во моментов е на 4.место во поредокот во Формула 1 шампионатот со 83 освоени бодови. Лидер е актуелниот светски шрвак Макс Верстапен со 136 бода.

притисни ентер