Косовското собрание и изгласа недоверба на владата на Курти

По повеќе од 11 часа дискусија, косовското собрание гласаше против косовската влада. 

Иницијативата за недоверба е поднесена од Демократскиот сојуз на Косово, кој беше коалициски партнер во владата.

Во барањето се бараше разрешување на владата за две прашања: не укинување на данокот на стока од Србија и Босна и Херецговина  без воведување „реципроцитет“ што е поврзано наводно со уништување на односите со Соединетите држави, како и отстранување на Агим Вељиу од функцијата министер за внатрешни работи и јавна администрација.

Премиерот Курти го отфрли ова како причини за соборување на владата и истакна дека барањето е „готов договор меѓу Косово и Србија за размена на територии“.

притисни ентер