3Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
2Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
БалканКосовските власти не му дозволија на српскиот Патријарх да влезе во КосовоКосово денеска го врати српскиот патријарх Порфириј од административниот премин Мердаре. По рутинска контрола на српската страна, на косовска страна, автомобилот на Патријархот Порфириј и неговите соработници бил одвоен од колоната, а на патниците им било кажано „да чекаат“, објави РТС. Вратата на мојот дом за мене се заклучени, напиша попладнево на Инстаграм, српскиот Патријарх. Реагираа и од српската канцеларија за Косово и Метохија, кои соопштија дека со ова, насилството на Курти врз српскиот народ достигнал невидени размери. Претходно, Косово побара да ги осуди или да се огради од „дејствата на членовите на црквата кои даваат поддршка на криминалните групи на северот на Косово, кои се сметаат за одговорни за барикадите“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМал авион падна во Хрватска Мал авион со едно лице се урна нешто по 10 часот претпладне во Роковци, во близина на Винковци, Хрватска.Според неофицијални информации, пилотот е повреден, а авионот завршил во поле со пченка покрај пистата. На местото на несреќата се упатени сите служби за итни интервенции. Испратен е и хеликоптер за итна медицинска помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ким Кардашијан повторно ги истакна облинитеАмериканската старлета Ким Кардашијан е фотографирана на улиците на Париз во провокативно издание, таа самоуверено чекореше по улица, а нејзиниот целокупен изглед потсети на славната Мерилин Монро.Провокативната Ким повторно го спои модерното со класичното и самоуверено зачекори во провокативен фустан што го истакнуваше секој милиметар од нејзината препознатлива фигура. Таа лежерно ја заокружи смелата комбинација со кратка бела кожна јакна-бомбер префрлена преку рамениците, големи црни очила за сонце и интересни чевли со високи, тенки потпетици. Кројот на фустанот беше она што најмногу ја потсети Ким Кардашијан на култната русокоса и секс-симбол, а овојпат таа не „заборави“ ниту да го истакне своето деколте и својата препознатлива фигура. Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеОпштина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувањаОпштина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“, ги поканува сите заинтересирани граѓани на едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“.Настанот е посветен на подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања, а ќе се одржи оваа сабота, 19 септември 2026 година, со почеток во 13:00 часот во „Паркот на бранители“ во населбата Драчево. Присутните ќе имаат можност да слушнат корисни совети и лични искуства преку излагањата на Наташа Бабулова, која ќе ја сподели својата борба како лице со рак на дојка и членка на „ХЕМА-ОНКО“, како и низ обраќањата на стручните лица: спец. д-р Албина Чресловник Пупакоски, на медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, и д-р Славица Чалчевска, радиолог, супспецијалист и интернист од ГОБ „8 Септември“. Ги повикуваме сите граѓани да присуствуваат, да се информираат и заеднички да ја дадеме нашата поддршка, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се најважни во битката за животот. Со овој настан се означува почетокот на кампањата „Розев Октомври“ која стартува од општина Кисела Вода, а ќе заврши со голем РОЗЕВ ПИКНИК на Школка во Градскиот парк. Активностите посветени на оваа важна тема ќе продолжат, па така, по трибината во Драчево, ќе се одржи уште една на 26 септември во околината на општината. Ве очекуваме!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29