Косовскиот државен врв го поздрави изгласувањето на уставните измени во македонското Собрание

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, претседателот на државата Хашим Тачи и претседателот на Собранието Кадри Весели синоќа го поздравија изгласувањето во македонското Собрание на амандманите на Уставот.

Харадинај му изрази прзнание на македонскиот премиер Зоран Заев за, како што вели, неговата „докажана прозападна визија која е значајна за целиот регион", а одлуката на македонското Собрание за усвојување на уставните измени ја оцени како „огромен чекор кон евроатланските интеграции на соседната држава".

– Го поздравувам изгласувањето на уставните измени во Собранието на Македонија за промена на името во Република Северна Македонија, како голем чекор на патот кон евроатлантските интеграции на соседната држава. Овој настан, кој е значаен за новата историја на Западен Балкан, претставува надеж дека нашиот регион оди во правец на еден опстоен мир. Го поздравувам мојот хомолог Зоран Заев за докажаната прозападна визија, како и Албанците од Македонија за клучната улога во овие промени, напиша Храдинај во неговата објава на Фејсбук недолго по изгласувањето на уставните промени во македонското Собрание.

Успешниот исход на гласањето за промените на Уставот на РМ, со кои се верификува Договорт со Грција, го поздрави и претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој оцени дека македонското Собрание покажа „храброт, визија и висока свест".

Одлуката на пратениците во македонскиот Парламент, според Тачи, „не беше лесна, ниту популарна, но беше вистинската одлука, со која ги надминаа партиските интереси во полза на државата и граѓаните".

– Република Македонија или Северна Македонија, како што се именува сега, направи голем чекор напред, отворајќи ги перспективите за политичка сабилност, продолжување на реформите и интегрирање на земјата во северноатланските интеграции, со што им гарантира подобар живот на своите граѓани и на новите поколенија, напиша косовскиот претседател на својата официјална страница на Фејсбук.

Тачи го искористи овој повод да порача и дека „2019 година ќе биде година на големи одлуки и за Косово" и „година во која треба да се затвори и вековниот конфликт меѓу Косово и Србија, со конечен и сеопфатен договор за мир и нормализирање на односите меѓу двете држави".

И претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели го поздрави исходот на вчерашното гласање за уставните измени во Македонија.

– Големи честитки за историскиот глас кој моите колеги во Скопје го дадоа за ратификувањето на Преспанскиот договор. Оваа одлука еднаш и засекогаш го деблокира патот на интеграциите за нашата пријателска држава и го забрзува зачленувањето во НАТО и ЕУ, не само на Македонија туку и на целиот наш регион. Со овој глас се консолидира мирот и стабилноста во целиот регион и се потврдува уште еднаш дека дијалогот и разбирањето претставуваат најдобар начин за решавање на проблемите кои се наследени од минатото, порача првиот косовски парламентрец.

Весели посебно им честита на пратениците Албанци во македонското Собрание, за тоа што го дадоа нивниот, како што вели, „решавачки придонес" за успешното заокружување на процесот на уставните измени во Македонија./МИА

На Борис Џонсон не му дозволиле да гласа без лична карта, самиот тој го вовел овој закон

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој ја воведе контроверзната обврска гласачите да приложат лична карта со фотографија при гласањето, вчера беше отстранет од гласачкото место бидејќи заборавил да си ја донесе.

Британските медиуми објавија дека Џонсон, кој се повлече од функцијата во 2022 година по скандалот со локдаун забавите, првично бил одбиен на избирачко место во Оксфордшир, јужна Англија, додека се обидувал да гласа на локалните избори одржани низ Англија.

Неговиот портпарол рече дека Џонсон гласал за конзервативците, не оспорувајќи дека поранешниот премиер првично не носел лична карта со фотографија.

Во 2022 година, владата на Џонсон воведе барање за лична карта на гласачките места за да се спречи можната изборна измама, а владата тогаш беше жестоко критикувана за потенцијалот да ги обесправи деловите од електоратот.

Претходно, гласачите требаше да го наведат само своето име и адреса за да гласаат.

„Мислам дека не е неразумно да се бара од оние што првпат гласаат да покажат некаков доказ за идентитет“, рече Џонсон за новите правила од 2021 година.

Минатата година, при првото гласање со спроведување на новите правила, на околу 14.000 луѓе во Англија им била ускратена можноста да гласаат на локалните избори, бидејќи не приложиле лична карта.

Ова е само последниот инцидент во шарената политичка кариера на Џонсон.

Како градоначалник на Лондон, тој еднаш беше оставен да лебди во воздух од зип-лајн, а како премиер беше снимен како се повлекува во голем ладилник додека новинарската екипа бараше интервју.

Анкетата на YouGov покажа дека 14 отсто од Британците сè уште не знаеле, во деновите пред вчерашните избори, дека има правило за задолжително носење лична карта за гласачите.

Емили Ратајковски во „жежок“ фустан на црвениот тепих

Емили Ратајковски присуствуваше на настанот на глобалната гала The King's Trust одржан во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги заврте главите со храбар фустан.

Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој стигнуваше речиси до папокот и кој ја истакнуваше нејзината витка линија. Фустанот имаше и гол грб.

Глобалната гала „The King's Trust 2024“ е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, свечениот настан собра многу познати фаци, како манекенката Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз манекенката Ешли Греам.

УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми

Новинарите кои известуваат за еколошки прашања се соочуваат со зголемено насилство ширум светот од страна на државните и приватните актери, објави УНЕСКО, истакнувајќи дека 44 од тие новинари биле убиени меѓу 2009 и 2023 година.

Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади.

УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, апсења и малтретирање, како и правни дејствија против новинари, вклучувајќи тужби за клевета и кривични постапки.

Најмалку 749 новинари, новинарски групи и медиумски куќи биле нападнати во 89 земји во сите региони, се вели во извештајот, при што државните актери се одговорни за најмалку половина, а приватните актери најмалку за една четвртина.

„Државните актери, полицијата, воените сили, државните службеници и вработени, локалните власти се одговорни за повеќето напади за кои се достапни информации за сторителите“, се вели во извештајот.

Овие новинари покриваа широк спектар на теми, вклучувајќи протести, конфликти за рударство и земјиште, сеча и уништување на шумите, екстремни временски услови, загадување и еколошка штета и индустријата за фосилни горива.

Мажите обично се почесто напаѓани, а жените почесто дигитално, се вели во извештајот.

Од 44 новинари убиени во 15 земји додека известувале за еколошки прашања, само пет случаи резултирале со пресуди, се вели во извештајот. Во 19 од 44 убиства, сторителите останале неидентификувани.

Најмалку 24 новинари ги преживеале обидите за атентат.

притисни ентер