Косовски специјалци изрешетале автомобил, во кој што имало Срби, еден е погоден - Канал 5

Косовски специјалци изрешетале автомобил, во кој што имало Срби, еден е погоден

Припадници на специјалната косовска полиција РОСУ денеска околу 11:30 часот пукале на пункт на мостот Бистрица, на патот Косовска Митровица-Лепосавиќ, во возило во кое се наоѓале двајца Срби, соопшти Српската канцеларија за Косово.

Косовски специјалци изрешетале автомобил, во кој што имало Срби, еден е погоден

Во таа прилика, како што наведоа, бил ранет Миљан Д., додека неговиот совозач Душан С. Е енповреден Автомобилот бил искршен, јавуваат српските медиуми. Миљан е застрелан во левата страна на градниот кош и има прострелна рана и итно е пренесен во болницата во Краљево, се вели во соопштението, пренесува Н1.

„Припадниците на РОСУ со рафални истрели пукаа кон српското возило и Србите во него само затоа што не сакаа да дозволат РОСУ да ги малтретира без никаква основа и причина“, се вели во соопштението. Како што нагласува српската Канцеларија за Косово и Метохија, специјалците на Курти „нема што да бараат на северот на Косово, ниту на овој контролен пункт, кој е незаконски поставен и од кој го малтретираат српскиот народ кој секојдневно поминува .

Косовската полиција (КП) соопшти дека на контролниот пункт се обидела да го запре возилото што удрило во нивното и дека полицајците пукале бидејќи нивните животи биле во опасност.

„Денеска во Бистрица Лепосавиќ на пунктот на службена должност била распоредена полициска единица со цел одржување на јавниот ред и безбедност, како и спречување на кривични дела и шверц. Полициската единица која била на пунктот се обидела да запре автомобил при вршење на полициска должност, кој при движење удрил во возило на косовската полиција, директно загрозувајќи ги животите на полициските службеници, кои за да ја неутрализираат опасноста по нив пукале од огненото оружје“, се наведува во соопштението на КП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет грешки со рачниот багаж што може да ви го расипат патувањето низ Европа уште пред тргнување

Еве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure.

 Девет грешки со рачниот багаж што може да ви го расипат патувањето низ Европа уште пред тргнување

Патувањето со рачен багаж звучи совршено, нема чекање редици за подигање на багажот, нема страв за загубен багаж, лесно се движите по улиците и железничките станици, но сепак, патувањето со ранец не гарантира полесно патување.

Еве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure.

Непроверување на димензиите на европските авиокомпании

Кај европските нискобужетни авиопревозници, Ryanair, EasyJet или WizzAir, правилата за димензиите и тежината се значително поригорозни од стандардните големи линии. Куфер што во повеќето земји поминува како кабински, во Европа често може да биде голем трошок во последен момент.

Пакување на нови неразгазени чевли

Кога ги шетате низ историските европски градови, по цел ден пешачите по калдрма, нерамни плочки и стрмни скали. Новите неразгазени чевли или крути модели се загарантиран рецепт за плускавци и болки во стапалата. Наместо тоа, земете проверени разгазени патики и анатомски обувки.

Изоставање на избрана колекција облека што лесно се комбинира

Носењето одредена облека за која се надевате дека ќе ја облечете создава непотребен неред при пакувањето. Решението е во неутралните тонови и парчиња облека што може да се комбинираат во повеќе прилики.

Занемарување на организатор и кеси што се компримираат

Класичното редење облека зазема голем волумен, а компресиските кеси го истиснуваат воздухот и овозможуваат собирање повеќе облека на ист простор, штедат нерви бидејќи така не мора да копате по куферот за да извлечете една маичка.

Пренатрупан несесер и ризик од одземање

Правилото за пакувања од 100 мл во проѕирен несесер и понатаму важи на повеќето европски аеродроми. Носењето полупразни големи пакувања редовно завршува со фрлање при безбедносната контрола. Спакувајте ги најосновните мини-формати, вообичаените средства за хигиена купете ги од локалната веледрогерија по пристигнувањето.

Заборавање на универзален адаптер за струја

Британските приклучоци за струја се разликуваат од оние во континентална Европа, а на специфични типови приклучоци може да наидете дури и во рамките на самиот континент. Купувањето поединечни пластични адаптери на аеродромот или во туристичките зони е непотребно скапо. Компактен универзален адаптер за струја со повеќе USB-влезови треба да се наоѓа во вашиот рачен багаж уште пред да тргнете на пат.

Носење чанти кои се лесна мета за џепчии

Плоштадите, подземните железници и туристичките атракции низ Европа се магнет за вешти џепчии. Отворените чанти на рамо, ранците со надворешни прегради и паричниците во задните џебови претставуваат голем ризик. Практична чанта со патент што се носи преку градите, блиску до телото, е најбезбедниот избор за чување документи и пари.

Патување без пренослив полнач (power bank)

Од билети за воз и влезници за музеи, па сè до навигација и фотографирање – вашиот паметен телефон работи со полна пареа додека патувате. Ако батеријата се испразни среде непознат град, тоа предизвикува голем стрес. Компактниот пренослив полнач е неопходен додаток (а според правилата на авиокомпаниите, мора да го носите во рачниот багаж, а не во чекираниот багаж).

Преполнување на куферот до крај

Најголема грешка на почетниците е тргнувањето на пат со куфер што едвај може да се затвори. Речиси сигурно ќе купите нешто попатно – сувенир, шише вино, чоколадо или парче облека. Секогаш оставајте околу десет проценти од просторот празен или спакувајте лесна, склоплива најлонска торба во рачниот багаж што ќе ја искористите при враќањето.

Извор: www.tportal.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите?

Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси?

Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво?

Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството?

Само Интервју, вечерва со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Една минута е доволна да сфатите со кого имате работа

Според психоаналитичарот Сигмунд Фројд однесувањето во одредена ситуација веднаш открива каков е нечиј вистински карактер.

 Една минута е доволна да сфатите со кого имате работа

Сите барем еднаш сме биле во ситуација во која сме се запрашале дали некому можеме потполно да му да дадеме нашата доверба. Кога запознаваме некого, ги набљудуваме надворешните слоеви: начинот на кој говори за своето минато, топлината со која му се обраќа на семејството, амбицијата со која ја гради својата иднина. Сепак, кога некој говори за своите сништа и планови најчесто е вешта фасада која не открива што се крие во суштината на тоа битие.

Сепак, Фројд открива дека вистинската величина на човекот не се мери по неговите зборови, туку по неговата реакција на отпорот.

Што ве исфрла од рамнотежа?

„Величината на вашата личност е одредена според величината на проблемот што ве вади од такт“ – вели Фројд.

Посматрајте како некоја личност се соочува со ситните секојдневни предизвици кои не може да ги контролира. На пример, сообраќаен метеж, ладно кафе, мало недоразбирање, изразување гнев, тага или губењето самоконтрола – сето тоа е јасен сигнал на емоционална незрелост.

Кога нечиј карактер реагира со „пожар“ на мала искра, тоа говори за недостаток на внатрешен мир и стабилност. Овие испади не се одраз на моментален стрес, тие се огледало на неспособноста да се носиме со животот на зрел начин.

Вистинската сила, од друга страна, се огледува во тивката сила и способноста да го зачуваме сопствениот интегритет, дури и кога се чини дека сиот свет се руши. Зрелата личност знае дека нејзината вредност и мирот не зависат од надворешните околности, туку од ширината на нејзиниот внатрешен простор.

Така што, следниот пат, кога ќе ја проценувате силата на нечија личност, не прашувајте за идните планови или соништата, посматрајте ги малите битки. Во нив се гледа колку некој е подготвен да чекори низ животната бура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер