Косовски пратеник објави список со имиња на Срби кои треба да бидат уапсени - Канал 5

Косовски пратеник објави список со имиња на Срби кои треба да бидат уапсени

Жестоки реакции во Србија и на северот на Косово предизвика список со имиња на Срби и српски организации кои требало да бидат уапсени.

Косовски пратеник објави список со имиња на Срби кои треба да бидат уапсени

Списокот на кој фигурираат неколку српски организации и десетици Срби го објави на Фејсбук Арменд Муја, косовски пратеник од партијата на премиерот Курти, кој смета дека тие треба да бидат уапсени поради криминални дејствија и одговорност за поставување на барикадите.

На листата се најдоа и братот и синот на српскиот претседател Вучиќ, Андреј и Данило Вучиќ и дел од раководството на Српската листа. Од Српската листа оценија дека се работи за обид за прогон и ја повикаа меѓународната јавност остро да го осуди потегот на пратеникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ испрати опомена пред тужба до СДСМ

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ги сподели официјалниот демант и опомената пред тужба која е доставена во архивата на СДСМ.

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ испрати опомена пред тужба до СДСМ

„Во интерес на објективно информирање на јавноста, а во врска со вчерашниот обид на Венко Филипче (“Само интервју” на Канал 5 телевизија) преку јавен политички линч насочен кон Никола Ќуркчиев лажно да ја дискредитира платформата “Разговори за иднината во 12:05”, ги споделуваме официјалниот демант и опомената пред тужба која е доставена во архивата на СДСМ.“- стои во објавата на платформата „Разговори за иднината во 12:05“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Игра во Волково заврши со претепување: Момче со скршен нос заврши во болница

Детска игра во училишен двор за само неколку минути прераснала во малолетничко насилство. По кратка расправија за банална причина, во дворот на основното училиште „Тихомир Милошевски“ во скопско Волково,

Игра во Волково заврши со претепување: Момче со скршен нос заврши во болница

физички е нападнато 14 годишно момче. Инцидентот настанал откако едно дете повикало други малолетници, кои го опколиле и со тупаници во пределот на главата ГО нападнале 14-ет годишникот.... Од ударите му бил скршен носот, а се здобил и со други повреди во пределот на главата.

Од МВР кратко информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Засега не соопштуваат дали и каква одговорност ќе биде утврдена за инволвираните малолетници и нивните родители. Според информации до кои дојде Канал 5, повредениот малолетник е ученик во деветто одделение во училиштето а инцидентот се случил надвор од времето за настава.

Како што дознава Канал 5, 14-годишното момче вчера околу 22 часот било примено во Ургентниот центар на Градската општа болница „8 Септември“ со фрактура на носната коска и подливи под очите. По првичниот преглед било упатено на дополнителни снимања на главата поради повредите. Од болницата денеска не беа достапни за изјава за случајот, но според наши извори, детето било задржано до околу еден часот по полноќ, по што било пуштено на домашно лекување.

Зад овие училишни огради, каде децата треба да се чувствуваат најбезбедно, 14-годишно момче било физички нападнато од група врсници и завршило во болница. Училишниот двор, наместо место за детска игра, дружење и радост, во овој случај стана сцена на уште еден загрижувачки пример на малолетничко насилство.

И ова не е изолиран случај. За краток период ова е втор сериозен инцидент во кој се вклучени малолетници. Неодамна, во тепачка во скопски Чаир, 13-годишно дете заврши во критична состојба откако беше прободено со нож во пределот на срцето. Во инцидентот беа повредени уште две лица, а полицијата приведе двајца учесници.

Бројките дополнително предупредуваат дека врсничкото насилство останува сериозен проблем. СПОРЕД Последните податоци за 2024 година о училиштата биле регистрирани 109 настани на насилно однесување, седум повеќе од претходната година. Најголем дел од случаиТЕ биле регистрирани во основното образование.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче обвини за тендер од 1,6 милиони евра, Ќуркчиев демантираше и најави тужба за клевета

Се поставува прашањето колку чини СДСМ. Ако за нив чини 1,6 милиони евра, сакам јасно да кажам: СДСМ не е на продажба.  

Филипче обвини за тендер од 1,6 милиони евра, Ќуркчиев демантираше и најави тужба за клевета

Во пресрет на втората средба на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ закажана за 26 септември чиј дел се истакнати членови и поранешни високи функционери на СДСМ, лидерот на социјалдемократите Венко Филипче ги обвини дека дел од нив одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ со цел да ја ослабнат опозицијата. Филипче во вчерашното „Само интервју“ иницијативата ја нарече платформа на Мицкоски за поделба на СДСМ и покажа договор според кој фирма што ја претставува и со која соработува поранешниот секретар на СДСМ, Никола Ќурчиев, добила тендер од Железници во износ од 1,6 милиони евра за бетонски прагови. Според Филипче тендерот бил склучен на 17 јуни 2026 година, а Ќуркчиев, како што рече, е еден од луѓето вклучени во таканаречената „Платформа“ за раскол на СДСМ.

- Се поставува прашањето колку чини СДСМ. Ако за нив чини 1,6 милиони евра, сакам јасно да кажам: СДСМ не е на продажба. Нема да играме како што ќе свири Мицкоски и по неговата плејлиста. Можеби Дејвид Гета свиреше за 5,5 милиони евра, а сега Платформата за 1,6 милиони евра – нека си ја тераат работата. Прилично сум сигурен дека таму има луѓе кои не се свесни за овие работи и знам дека има. Отворени им се вратите да дојдат, да не подлегнуваат вакви манипулации затоа што на ВМРО и на Христијан не им останува ништо друго освен да се обидат да формираат нов ЗНАМ, но јас тоа нема да го дозволам, изјави Филпче.

За наводите на Филипче експресно реагираше Ќуркчиев кој во писмен став синоќа најостро демантираше дека е сопственик, содружник или лице со специјални овластувања во компанија која добила државен тендер од било која институција. Тој во реакцијата наведува дека е пензионер, а како машински инжењер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија... станувало збор за странски инвеститор кој отворил фабрика во Македонија во време кога Заев бил премиер.

-Недостатокот на демократски капацитет да се слушнат политички критики не се покрива со дрски манипулации. Ако не му кажале на Филипче, јас сум основач на СДСМ и носител на партиската книшка број 17. Погрешно се пресметал дека може мене да ме претстави како нов вмроовец. Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд, напиша Ќуркчиев.

Инаку новата платформа „Разговори за иднината во 12:05“ беше промовирана на почетокот на јули, зад затворени врати во традицијата на „Chatham House Rule“, а истиот принцип е наведено дека ќе важи и за вториот состанок.

Дел од неа се екс високите функционер, блиски на т.н. скопско крило на СДСМ, Игор Ивановски – Шема, Андреј Петров, Гордан Георигиев, Емилијан Станковиќ но и актуелниот градоначалник на Крива Паланка – Сашко Митовски и актуелната пратеничка Славјанка Петровска.

Организаторите негираа дека се фракција на СДСМ и посочија дека станува збор за нова демократска платформа за подигнување на нивото на општествената дебата како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени и барање длабоки промени и одговорност во раководството и структурите на СДСМ по поразите на изборите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер