МакедонијаКосовски министер најави посета на затворениците од „Диво Насеље“, од правда демантираатНухиу демантира- во телефонски разговор за Канал 5 одговори дека средба меѓу заменик министерот на Косово и затворениците со косовско државјанство нема да има. Косовскиот заменик министер за правда тврди дека утре ќе ги посети осудените од случајот Диво Насеље во македонските затвори. Блерим Салаху во телевизиско интервју синоќа кажа дека потврда за таквата средба со косовските државјани добил од неговиот колега во Македонија, заменик министерот за правда Агим Нухиу, а дополнително ќе барал и подобрување на условите каде што тие ја издржуваат затворската казна. Потребно е целосно да се расветли случајот, да се разјаснат дилемите кој го организираше тоа што се случи, рече Салаху за дводневната крвава пресметка од 2015та во Куманово, во која загинаа осум македонски специјалци и 14 осомничени терористи. - Како Министерство, имајќи го предвид Законот за државјанство, во кој се нагласува јасно дека државјанинот има тесни врски со државата, значи ние имаме обврски кон државјаните на Косово. Имаме потврда од македонскиот заменик министер за правда дека можеме да ги посетиме во четврток. Ќе ги посетиме, ќе ги видиме условите, потоа ќе преземеме мерки, како што е испраќање дописи до тамошната Влада за да создадат подобри услови, вели Блерим Салаху- заменик министер за правда на Косово. Нухиу демантира- во телефонски разговор за Канал 5 одговори дека средба меѓу заменик министерот на Косово и затворениците со косовско државјанство нема да има. Во посетата на Салаху биле предвидени само средби со него и со раководството на Идризово. -Салаху ќе има средба со мене и со директорите на затворите во земјава. Ја продолжуваме соработката меѓу министерствата. Не е точно дека ќе има непосредна средба со затворениците од случајот Диво Насеље. За таквите средби има посебни процедури по дипломатски пат, но нема побарано и нема да оствари, вели Агим Нухиу – заменик министер за правда на Македонија. Изјавата на косовскиот заменик министер Салаху доаѓа во период кога неколку судски случаи, меѓу кои и Диво Насеље, се актуелизираат од политичките партии во Македонија. Африм Гаши од Алтернатива побара, а премиерот Зоран Заев потврди дека Владата ќе побара експерти од Европската Унија кои би направиле ревизија на предметите кои според Алтернатива, добиле политички монтирани пресуди. Сепак, од Европската комисија на прашање на Канал 5 одговорија дека службено барање од македонската Влада немаат добиено, и затоа не сакаат да коментираат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Во попладневните часови особено во северните делови, ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. За време на викендот и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПромотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењетоПреку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето.По повод Светската недела на доењето (1–7 август), Институтот за јавно здравје, во согласност со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата на Министерството за здравство, реализираше промотивно-едукативна теренска активност во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. За време на посетата, на идните и новите мајки им беа поделени информативни флаери за поддршка на доењето, како и едукативната брошура „Безбедно низ првата година“, која содржи практични препораки за превенција на повреди кај деца на возраст од 0 до 1 година. Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето, правилните практики при доење и важноста од безбедната грижа за новороденчето во првата година од животот. Со оваа активност се заокружува одбележувањето на Светската недела на доењето, но Институтот за јавно здравје ќе продолжи со своите континуирани заложби за промоција, заштита и поддршка на доењето, како и за унапредување на здравјето на мајките и децата преку навремена едукација и достапни здравствени информации. Институтот за јавно здравје упатува искрена благодарност до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје за укажаната поддршка, топлиот прием и успешната соработка во реализацијата на оваа активност. Заедничките активности и партнерскиот пристап се од особено значење за унапредување на здравјето и благосостојбата на мајките и новороденчињата ИЈЗТагови: ИЈЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарциГрадот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.Тагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter