Голем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании
1Голем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании
БалканКосовски министер: Ако КФОР не ги отстрани барикадите, тоа ќе го направи полицијата Министерот за внатрешни работи на Косово Џелај Свечља изјави дека Приштина чека реакција на КФОР и отстранување на барикадите на северот на Косово и нагласи дека во спротивно полицијата ќе ги отстрани.- Заради поголема стабилност чекаме да го направат тоа Србите кои ги поставија барикадите или КФОР, но чекањето заврши - рече Свечља на прес-конференција во Косовска Митровица. Министерот додаде дека полицијата ги има сите потребни капацитети да ги отстрани барикадите на северот на Косово. Свечља рече дека поранешниот српски полицаец Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред неколку дена во Јариње, се уште е во полициската станица во близина на тој административен премин. Според Свечља, состојбата на Пантиќ моментално е добра и уапсениот Србин добива соодветна терапија. Свечља додаде дека трансферот на Пантиќ во соодветен центар за притвор е приоритет на приштинските власти и за тоа, како што рече, побарале помош од меѓународните партнери. - За нас е неприфатливо барањето за ослободување на Пантиќ - изјави Свечља.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаГолем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании3.200 фирми или само 4,7% од претпријатијата во земјава се под странска контрола, но во нив работи речиси секој четврти вработен, а создаваат дури 37% од вкупната бруто додадена вредност – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Посовремената технологија, автоматизацијата и поголемата продуктивност се само дел од причините кои според претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров им даваат поголема економска тежина на странските компании. Дополнителна вредност според Димитров компаниите добиле и со поволностите кои добиле при влезот на пазарот во земјава, меѓу кои и десетгодишното ослободување од данок на добивка. Со ова смета дека се оставило простор за повисоки плати и подобри услови за работа, што привлекува поквалитетна и продуктивна работна сила. -Тоа не се мали привилегии, бидејќи на една плата од 30.000 денари, вие треба да платите даноци и придонеси од 15.000 денари. Тоа ви дава доволно можност да платата ја зголеми за 5 или 10.000 повеќе отколку би работеле во нормална македонска компанија. Но и во периодот кога завршија тие 10 години, тие компании веќе се дотолку финансиски стабилни и имаат доволно можности да исплаќаат повисоки плати. Од друга страна имаат разни сектори за човечки ресурси каде што работат на мотивација на работниците, на условите за работа и така натаму,- Ангел Димитров – организација на работодавачи. Сепак, Димитров вели дека статистиката не ја толкува како доказ дека домашните компании се помалку продуктивни. Објаснува дека разликата е структурата во домашната економија, составена од голем број на микро и мали претпријатија, што значи помал број на вработени и помал економски капацитет. - Нашиве поголеми компании кои се во слични дејности не заостануваат за продуктивноста од странски компании во ТИРЗ зоните, но за жал ние имаме многу мали микрокомпании кои се на број многу, а учествуваат со многу мал процент во бројот на вработените и во многу мал процент да речеме во бруто домашниот производ, бидејќи најголем процент од тие компании се трговски компании кои увезуваат некоја роба или се работи за мали услужни компании, така да не можат да се споредат ниту можностите ниту резултатите што ги прават тие наши микро и мали компании,- Ангел Димитров – организација на работодавачи. Според податоците на ДЗС најголемиот дел од бруто-додадената вредност странските компании ја создаваат во преработувачката индустрија, односно 35,3%, потоа во секторот комуникации со 16.7% и тргоцијата со 11,5%. Најголем број од фирмите се од Турција, околу 18 проценти, но најголема додадена вредност создават фирмите од Австрија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаПлатформата „Разговори за иднината во 12:05“ испрати опомена пред тужба до СДСМПлатформата „Разговори за иднината во 12:05“ ги сподели официјалниот демант и опомената пред тужба која е доставена во архивата на СДСМ.„Во интерес на објективно информирање на јавноста, а во врска со вчерашниот обид на Венко Филипче (“Само интервју” на Канал 5 телевизија) преку јавен политички линч насочен кон Никола Ќуркчиев лажно да ја дискредитира платформата “Разговори за иднината во 12:05”, ги споделуваме официјалниот демант и опомената пред тужба која е доставена во архивата на СДСМ.“- стои во објавата на платформата „Разговори за иднината во 12:05“. Тагови: Демант тужба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаИгра во Волково заврши со претепување: Момче со скршен нос заврши во болницаДетска игра во училишен двор за само неколку минути прераснала во малолетничко насилство. По кратка расправија за банална причина, во дворот на основното училиште „Тихомир Милошевски“ во скопско Волково, физички е нападнато 14 годишно момче. Инцидентот настанал откако едно дете повикало други малолетници, кои го опколиле и со тупаници во пределот на главата ГО нападнале 14-ет годишникот.... Од ударите му бил скршен носот, а се здобил и со други повреди во пределот на главата. Од МВР кратко информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Засега не соопштуваат дали и каква одговорност ќе биде утврдена за инволвираните малолетници и нивните родители. Според информации до кои дојде Канал 5, повредениот малолетник е ученик во деветто одделение во училиштето а инцидентот се случил надвор од времето за настава. Како што дознава Канал 5, 14-годишното момче вчера околу 22 часот било примено во Ургентниот центар на Градската општа болница „8 Септември“ со фрактура на носната коска и подливи под очите. По првичниот преглед било упатено на дополнителни снимања на главата поради повредите. Од болницата денеска не беа достапни за изјава за случајот, но според наши извори, детето било задржано до околу еден часот по полноќ, по што било пуштено на домашно лекување. Зад овие училишни огради, каде децата треба да се чувствуваат најбезбедно, 14-годишно момче било физички нападнато од група врсници и завршило во болница. Училишниот двор, наместо место за детска игра, дружење и радост, во овој случај стана сцена на уште еден загрижувачки пример на малолетничко насилство. И ова не е изолиран случај. За краток период ова е втор сериозен инцидент во кој се вклучени малолетници. Неодамна, во тепачка во скопски Чаир, 13-годишно дете заврши во критична состојба откако беше прободено со нож во пределот на срцето. Во инцидентот беа повредени уште две лица, а полицијата приведе двајца учесници. Бројките дополнително предупредуваат дека врсничкото насилство останува сериозен проблем. СПОРЕД Последните податоци за 2024 година о училиштата биле регистрирани 109 настани на насилно однесување, седум повеќе од претходната година. Најголем дел од случаиТЕ биле регистрирани во основното образование. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29